Од минута во минута: Киев – Русија распореди мобилни ракетни системи „Искандер“, Блинкен и Остин во Украина

Од:

Кризата во Украина од минута во минута.

17:41 – Велика Британија ги повика Франција и Германија да направат повеќе за Украина

Велика Британија денеска соопшти дека „би било добро да се види поголема поддршка од Франција и Германија“ за воените напори во Украина, предупредувајќи дека победата на Русија „отсекогаш била можна“.

17:40 – Украина е разочарана од предлогот на Виена за друга форма на соработка наместо членството во ЕУ

Украинското Министерство за надворешни работи е разочарано од предлогот на шефот на австриската дипломатија Александар Шаленберг да се најде посебен начин Киев да соработува со ЕУ наместо полноправно членство. Ова денеска го соопшти портпаролот на одделот Олег Николенко.

16:17 – Зеленски и Ердоган разговараа за евакуација од Мариупол

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека разговарал со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за евакуација на цивили од Мариупол.

16:16 – Москва: Руските сили гранатираа украинска фабрика за експлозиви

Руската армија погоди украинска фабрика за експлозиви, неколку артилериски складишта и стотици други цели, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

16:13 – Папата Франциск повторно повика на велигденско примирје

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, денеска го повтори повикот за велигденско примирје додека православните христијани го слават Велигден.

16:13 – Украина предлага специјални преговори со Русија за евакуација од Мариупол

Украина предложи специјални преговори со Русија со цел да се најде решение за евакуација на заглавените украински борци и цивили од Мариупол.

16:12 – Антонов: Руската амбасада во САД е блокирана, во Вашингтон одбиваат средби со мене

Амбасадорот на Русија во САД Анатолиј Антонов денеска изјави дека амбасадата во Вашингтон „се наоѓа под блокада“, сметките на дипломатско-конзуларните преставништва на Русија во земјата се блокирани и се пожали дека високи официјални службеници и конгресмени одбиваат средби со него.

16:02 – Делегацијата на бугарската владејачка коалиција в среда ќе отпатува за Киев

Делегацијата на владејачката коалиција во Бугарија в среда ќе отпатува за Киев, изјави премиерот Кирил Петков за bTV.

15:34 – ОБСЕ: Во источна Украина уапсени неколку членови на мисијата

Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) изрази екстремна загриженост поради апсењето на неколку украински членови на Набљудувачката мисија на ОБСЕ во источна Украина.

15:20 – Софија: Дадовме дозвола за прелет на руски авион

Официјален претставник на бугарската влада потврди за БГНЕС дека руски владин авион летал низ воздушниот простор на таа земја.

14:43 – Н1: Руски државен авион преку Бугарија слета во Белград

Рускиот авион Иљушин-Ил-96-300, на специјален лет од Сочи, изутринава полета за Белград преку Бугарија, иако таа земја официјално го затвори својот воздушен простор за руските авиони уште во февруари, јави Н1.

13:51 – Пред Москва и Киев, Гутереш ќе отпатува во Турција

Генералниот секретар на ОН ќе ја посети Турција пред да замине за Москва и Киев.

13:06 – (ВИДЕО) Зеленски по повод Велигден: Ордите на злото нема да нè уништат

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, денеска, по повод Велигден, изјави дека ниедно „зло“ нема да ја уништи Украина и се помоли Бог да им ја врати среќата на децата и да им донесе утеха на ужалените мајки.

12:44 – Путин присуствуваше на велигденската литургија во Москва

Рускиот претседател Владимир Путин присуствуваше на велигденската литургија во Соборниот храм Христос Спасител во Москва. Литургијата, која започна неколку минути пред полноќ, ја служеше патријархот Московски и на цела Русија Кирил.

11:59 – Киев: Во руската инвазија во Украина досега убиени 213 деца

Руските сили убиле 213 деца во Украина од 24 февруари досега, според податоците на Украинското државно обвинителство.

10:46 – Американскиот државен секретар и министерот за одбрана во посета на Киев

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се подготвува денеска во Киев да ги пречека американскиот државен секретар Ентони Блинкен и секретарот за одбрана Лојд Остин, по најавата дека делегација од Вашингтон ќе ја посети Украина, јави ДПА.

09:18 – Вселенскиот патријарх повика на прекин на војната во Украина

Вселенскиот патријарх Вартоломеј повика на итен прекин на војната во Украина.

08:57 – Киев: Русија инсталираше ракетни системи Искандер во близина на Белгород, кои можат да носат нуклеарни боеви глави

Русија распореди мобилни ракетни системи „Искандер“ на бојното поле на 60 километри од украинската граница, соопшти утринава Генералштабот на вооружените сили на Украина.

08:32 – Додик: Сите платеници од БиХ кои се борат во Украина треба да бидат казнети по враќањето во земјата

Српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик изјави дека сите платеници од Босна и Херцеговина кои се борат во Украина треба да бидат казнети по враќањето во таа земја.

24/04/2022

21:08 – За Зеленски е нелогично што Гутереш ќе ја посети Русија пред Украина

Украинскиот претседател Володомир Зеленски на денешната прес конференција, која ја одржа во метро станица во Киев, оцени дека е нелогична одлуката на генералниот секретар на ОН Антониот Гутереш прво да ја посети Русија, а потоа и Украина.

20:38 – Киев: Уште двајца клучни руски генерали се убиени во Украина

Двајца клучни руски генерали се убиени во борбите во југоисточниот регион Херсон, тврдат украинските власти, пренесе Би-би-си.

19:35 – Неуспешна евакуацијата од Мариупол

Украинските власти претходно денеска соопштија дека планираат евакуација на цивили од Мариупол, кој се очекува целосно да падне во рацете на Русија во наредните денови, но се чини дека обидот за евакуација не успеа.

19:23 – (ВИДЕО) Зеленски одржа прес-конференција: Ако Русија го стори тоа, ќе ги прекинеме преговорите

Украинскиот претседател Володимир Зеленски одржа прес-конференција во Киев – првпат од почетокот на војната во Украина, јави Би-Би-Си.

19:08 – Русија ги истражува наводите дека британски експерти за саботажа се распоредени во Украина

Руските државни истражители соопштија дека ги истражуваат извештаите од руските медиуми во кои се тврди дека експерти за саботажа од британските специјални сили САС се распоредени во западна Украина.

17:54 – ВИДЕО: Најмалку пет лица загинаа во ракетен напад во Одеса, погодена е и станбена зграда

Русија изврши ракетен напад врз јужниот пристанишен град Одеса, изјави шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

16:56 – Германскиот канцелар доби поддршка од коалицискиот партнер во врска со испораката на оружје за Украина

Германскиот канцелар Олаф Шолц ја доби поддршката од помалиот коалициски партнер, Либерално-демократската партија (ФДП), во врска со неговата претпазлива политика за испорака на оружје за Украина.

16:30 – Кулеба: Русија се обидува да шири терор во Одеса

Единствената цел на руските ракетни напади врз Одеса е терор, оцени украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

16:14 – Рускиот патријарх се надева на мир, но не ја осудува војната

Поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил изјави дека се надева оти конфликтот во Украина наскоро ќе заврши. Но, зборувајќи во пресрет на православниот Велигден, тој не ја осуди војната, пренесува Би-Би-Си.

15:52 – Градски совет: Во градот Чернихив досега загинаа 700 цивили

Повеќе од 700 цивили се убиени во северниот град Чернихив, изјави за Би-Би-Си шефот на градскиот совет Александар Ломако.

15:02 – Објавено видео од Азовстал: Овде сме од 27 февруари, оттогаш не сме виделе небо

Објавена е снимка од фабриката за челик Азовстал во Мариупол, во која се кријат семејства, жени и деца.

14:55 – Пентагон бара Индија да се откаже од воената соработка со Русија

Соединетите Американски Држави побараа од Индија и другите земји да ги напуштат заедничките одбранбени активности со Русија, објави Тајмс оф Индија, цитирајќи го портпаролот на американското Министерство за одбрана Џон Кирби.

14:21 – Во Лавов прогласен полициски час

Во Лавов е прогласен полициски час по добиени нови разузнавачки информации.

14:20 – Летонскиот амбасадор се врати во Киев

Амбасадорот на Летонија во Украина, Илгварс Клава се врати во Киев, објави на Твитер летонскиот министер за надворешни работи Едгарс Ринкевичс.

14:20 – Москва: САД лажно ќе ја обвинат Русија за употреба на оружје за масовно уништување

Русија денеска ги обвини САД дека планираат лажно да ја обвинат Русија за употреба на оружје за масовно уништување со цел дополнително да ја изолираат земјата.

13:08 – Интензивирано бомбардирањето на источен Луганск

Сите градови под управа на Украина во источниот регион Луганск денеска се изложени на постојано и се поинтензивно бомбардирање од руските сили, изјави гувернерот на регионалната државна администрација во Луганск Сергиј Гајдај.

10:33 – Медведев: Европа нема да издржи ни една недела без рускиот гас

Еден од најблиските сојузници на Путин, поранешниот руски претседател и актуелен заменик-претседател на Советот за безбедност на Руската Федерација Дмитриј Медведев изјави дека Европа нема да издржи повеќе од една недела доколку воведе ембарго на рускиот гас и нафта.

10:04 – Британски разузнавачи: Руските трупи не успеаја да постигнат голем напредок во изминатите 24 часа

И покрај зголемената активност, руските сили не постигнаа голем напредок во последните 24 часа бидејќи украинските контранапади продолжуваат да ги попречуваат нивните напори

09:00 – Молдавија изрази „длабока загриженост“ поради коментарот на рускиот командант

Министерството за надворешни работи на Молдавија го повика рускиот амбасадор за да изрази „длабока загриженост“ поради изјавите на висок руски воен командант дека населението во земјата што зборува руски е угнетувано.

08:54 – Зеленски: Инвазијата на Украина не е крај на плановите на Русија

Откако руски генерал изјави дека Русија сака целосна контрола врз јужна Украина, украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека руската инвазија на неговата земја е само почеток и оти Москва има планови да заземе и други земји.

23/04/2022

20:13 – Во Киев повторно отворена Амбасадата на Шпанија

Шпанија денеска повторно ја отвори својата амбасада во Киев, која ја затвори по почетокот на руската инвазија на Украина на крајот на февруари, објави шпанската влада.

18:49 – Генералниот секретар на ОН следната недела ќе се сретне со Путин во Москва

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во вторник ќе ја посети Москва за да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.

18:33 – Одржани разговори меѓу Киев и Москва, Лавров вели дека преговорите „тапкаат во место“

Главниот руски преговарач соопшти дека денеска се одржале „неколку долги разговори“ со шефот на делегацијата на Украина. Владимир Медински не даде детали за овие долги разговори, за кои се смета дека се водат во обид да се преговара за прекин на огнот по неколку недели војна, јави Скај Њуз.

16:47 – Велика Британија ќе испрати тенкови во Полска како дел од напорите за снабдување на Украина

Велика Британија размислува да испрати тенкови во Полска за да може Варшава да ги испрати своите тенкови на украинските сили кои се борат против Русија, изјави британскиот премиер Борис Џонсон од Индија.

16:19 – Анализа на Скај Њуз за четирите главни воени цели на Русија

Британскиот новинар потсетува дека западните аналитичари веќе извесно време велат дека овој сет цели е сосема очигледен, при што третата точка би вклучувала нов обид за освојување на Киев.

15:13 – Холандија замрзна руски имот во вредност од 632 милиони евра

Холандските финансиски институции досега замрзнаа руски активи во вредност од 632 милиони евра, се наведува во извештајот што до националниот парламент го испрати холандскиот министер за надворешни работи Вопке Хукстра.

15:04 – Џонсон вели дека е „реална можноста“ Русија да победи во војната во Украина

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска призна дека постои „реална можност“ руските сили да победат во нивната инвазија на Украина, јави Скај Њуз.

14:46 – Макрон: Франција ќе испрати артилериски единици од 155 милиметри Цезар во Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон за весникот Ouest-France изјави дека планира да испрати самоодни артилериски единици Цезар од 155 милиметри во Украина.

14:44 – Москва: Русија е подготвена за примирје во Мариупол доколку украинските војници се предадат

Руското Министерство за одбрана соопшти дека е подготвено за хуманитарно примирје во фабриката за челик Азовстал во Мариупол, последното упориште на украинските сили во стратешки важниот пристанишен град, доколку војниците на Киев се предадат.

14:42 – Шолц: Земјите од НАТО не треба да обрнуваат внимание на повиците за остри реакции за војната

НАТО мора да избегне директна воена конфронтација со Русија, бидејќи тоа може да доведе до Трета светска војна, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц.

14:10 – Телефонски разговор Путин – Мишел, повик за хуманитарен коридор за Мариупол

Претседателот на Европскиот Совет ја потврди информацијата дека остварил телефонски разговор со рускиот претседател, Владимир Путин

14:05 – Украина се исмева со Русите: Ова се нивните „модерни“ ракети

Тие наведуваат дека ракетата, иако Русија може да се пофали со модерно оружје, е опремена со електроника која била развиена во 1960-тите.

13:55 – (ВИДЕО) Украинците објавија снимка: „Пукаа во болница со повеќецевен ракетен фрлач, ќе платат“

Гувернерот на источниот украински регион Доњецк објави видео за кое тврди дека покажува болница во близина на градот Лиман, врз која пукале руските сили.

13:52 – Медиумите на Путин објавија колку Руси се убиени

Про-Кремљ медиумот „Реадовка“ објави дека руското Министерство за одбрана на „затворен брифинг“ изјавило дека изгубило 13.414 војници во Украина, плус уште 7.000 кои се водат како исчезнати.

13:32 – ОН ја обвинува Русија за можни воени злосторства во Украина

ОН денеска ја предупреди руската војска дека нејзините акции во Украина за време на инвазијата што започна на 24 февруари може да бидат воени злосторство и констатираа дека во земјата е „отфрлено почитувањето на хуманитарното право“.

13:11 – ЕК бара буџетски измени за поддршка на бегалците од Украина

Европската Комисија предлага да се зајакне буџетот на ЕУ за 2022 за да се обезбеди поддршка за бегалците од Украина

12:25 – Зеленски: Напредокот на Русија во источна Украина е само привремен

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека напредокот на Русија во источна Украина е само привремен.

11:54 – Руски генерал: Целта е контрола врз јужна Украина и Донбас за да се воспостави копнена врска со Крим

Русија има за цел целосна контрола врз јужна Украина и регионот Донбас со цел да воспостави копнена врска со Крим, изјави денеска висок функционер на руската армија генерал Рустам Минекаев.

11:44 – Кремљ објави извештај за нападите

Во текот на ноќта во Украина биле погодени вкупно 58 воени цели, соопшти руското Министерство за одбрана.

11:33 – Сателитски снимки од масовна гробница во близина на Мариупол: „Тука може да има 9.000 цивили“, вели градоначалникот

Компанијата Maxar Technologies објави сателитски снимки за кои наведува дека е прикажана голема масовна гробница во близина на опколениот украински град Мариупол.

11:28 – Воен транспортен авион се урна во јужна Украина, има жртви

Украински авион се урна за време на „технички лет“ во јужна Украина и има жртви, соопштија локалните власти.

11:18 – Верешчук ја објасни ситуацијата во Азовстал

Важно е меѓународните медиуми јасно да ја сфатат вистината: Русите се плашат да го нападнат Азовстал, но во исто време свесно и цинично го блокираат ослободувањето на цивилите од Азовстал, со што се обидуваат да извршат дополнителен притисок врз нашата војска.

11:09 – Денеска нема хуманитарни коридори за евакуација на цивили во Украина

Украинските власти соопштија дека денеска повторно нема да има евакуација на цивили во земјата, бидејќи ситуацијата околу хуманитарните коридори е „премногу опасна“.

10:31 – Тревога во Харков, градоначалникот: Ова е убивање на нацијата

Во Харков се огласија сирените за тревога, предупредувајќи ги граѓаните на можни воздушни напади.

10:17 – ЕУ објави план за ослободување од руската нафта и гас

Европската унија ги повика луѓето помалку да возат, да ги исклучуваат клима уредите и да работат од дома три дена во неделата за да ја намалат зависноста од руската нафта и гас.

09:26 – (ВИДЕО) Азов: Жени, деца се кријат во челичарницата…заробени се, немаат храна, лекови, ниту вода

Азовскиот баталјон пред неколку дена објави снимка од жени и деца кои наводно се кријат во подрумот на челичарницата Азовстал.

09:12 – Градоначалникот на Мариупол: Судбината на 100.000 цивили е во рацете на еден човек

„Рускиот претседател Владимир Путин може сам да одлучи за судбината на 100.000 цивили кои сè уште се заробени во Мариупол“, рече градоначалникот на градот.

09:08 – САД испраќа голема количина оружје во Украина, на списокот се и „дронови духови“

САД испратија повеќе од 3 милијарди долари воена помош за Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари.

09:04 – ВИДЕО: Кадиров објави снимка од Чеченците во близина на запалена зграда во Мариупол

Чеченскиот лидер и близок соработник на Путин Рамзан Кадиров на Телеграм објави видео од неговите војници пред запалената зграда.

09:00 – Украинската армија тврди дека руските сили продолжуваат со блокадата на Харков

Руските сили ја продолжија делумната блокада на Харков, соопшти денеска украинската армија.

08:59 – Украина: 208 деца загинаа, 386 се повредени

Украинскиот парламент објави ажурирани податоци за децата жртви на војната.

08:56 – Британско разузнавање: Путин мораше да се откаже од нападот на челичарницата

Британското Министерство за одбрана објави нов разузнавачки извештај за војната во Украина.

08:52 – (ВИДЕО) Русите се фалат со снимка: Тенк „дрифта“ низ разурнатиот Мариупол

Снимката емитувана на руската државна телевизија покажува лудо возење со тенк низ центарот на Мариупол, град кој беше целосно уништен за време на руските напади кои траат речиси два месеци.

07:48 – Зеленски: Русија го отфрли предлогот за прекин на огнот за Велигден

Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека Русија го отфрлила предлогот за прекин на огнот за време на велигденските празници, но додаде дека тој сè уште има надеж за мир.

22/04/2022

21:26 – Зеленски: На Украина и се потребни седум милијарди долари месечно

На Украина и се потребни седум милијарди долари месечно за да функционира и да ги компензира економските загуби, нанесени од Русија, изјави денеска претседателот Володимир Зеленски.

20:51 – Данска ги укина стипендиите за студирање во Русија и Белорусија

Данските студенти кои студираат во Русија или Белорусија повеќе нема да имаат право на дански државни стипендии, одлучи денеска парламентот во Копенхаген.

19:40 – Премиерите на Данска и Шпанија најавија нова воена помош при посетата на Украина

Данска ќе додели уште 90 милиони евра воена помош за Украина, а Шпанија 200 тони воен материјал, изјавија денеска премиерите на двете земји, кои беа во посета на Украина.

19:30 – Бајден: Војната навлегува во нова критична фаза и затоа испраќаме уште оружје во Украина

Претседателот на САД Џо Бајден денеска изјави дека испраќа дополнителни 800 милиони долари воена помош за Украина, во време кога војната на Русија преминува во клучна фаза.

19:18 – Седум лица загинаа во пожар во воен институт во Русија

Најмалку седум лица загинаа денеска во голем пожар во Институтот за воени истражувања во Твер, на 160 километри од Москва, соопшти спасувачката служба, а пренесуваат руските агенции.

18:24 – Велика Британија забрани увоз на кавијар и други луксузни производи од Русија

Велика Британија во рамки на последното проширување на списокот санкции против Москва забрани увоз на кавијар и други луксузни производи од Русија

17:54 – САД со нова економска помош од 500 милиони долари за Украина

Соединетите Американски Држави ќе обезбедат 500 милиони долари нова помош за Украина за да и помогнат на владата во Киев да продолжи да исплаќа плати и пензии и да дава услуги, изјави претставник на американското Министерство за финансии.

17:17 – Русија го обвинува ОБСЕ: Шпионираат за Киев и ги прикриваат украинските злосторства

„Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) соработува со украинската влада и се обидува да ги прикрие злосторствата на украинските екстремистички сили“, изјави заменик претставникот на Русија во ОН на состанокот на Советот за безбедност.

17:12 – Зеленски: На Русите им ги понудивме сите опции за Мариупол, тие се уште не ни одговорија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски попладнево даде изјава, откако Русија објави дека го освоила Мариупол, освен челичарницата Азовстал, која е опколена од руските сили.

16:35 – Бојченко: Во село близу Мариупол пронајдени масовни гробници 

Масовни гробници се пронајдени во село во близина на Мариупол, изјави градоначалникот Вадим Бојченко.

15:50 – Велика Британија воведе нови санкции за генералите на Путин: „Имаат крв на рацете“

Велика Британија воведува нови санкции за руски воени команданти и компании поврзани со воени активности. Лондон најави нов бран санкции против руските генерали кои „вршеле злосторства на првите борбени линии“, како и поединци и компании кои ја поддржуваат војската на Владимир Путин.

15:19 – Зеленски за Мариупол: Ова веќе не е војна, ова е терористичка операција

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во разговор за француската телевизија BFMTV ја спореди руската блокада на илјадници цивили во разурнатиот Мариупол со терористичка операција.

15:10 – Гувернерот на Луганск вели дека Русија контролира 80 отсто од регионот

Гувернерот на Луганск Сергеј Хајдај соопшти дека руските сили сега контролираат 80 отсто од украинскиот регион.

14:37 – Русија ги затвори конзулатите на Летонија, Литванија и Естонија

Русија како реципрочна мерка нареди затворање на конзулатите на Летонија, Литванија и Естонија во земјата и побара од вработените во дипломатските претставништва да ја напуштат државата, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

14:31 – Естонија им се приклучи на другите балтички земји во забраната на проруските воени симболи

Естонија им се придружи на Латвија и на Литванија во забраната за прикажување на „Z“ и „V“ симболите што ги користат поддржувачите на Русија во војната против Украина.

14:15 – Папата Франциск бара примирје во Украина по повод православниот Велигден

Папата Франциск се приклучи на повикот на генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш за прекин на огнот во Украина на Велигден, кој православните верници го слават на 24 април, соопшти Светата столица.

13:51 – Летонскиот Парламент усвои резолуција за геноцид во Украина

Летонскиот Парламент едногласно усвои резолуција во која Русија ја обвинува за геноцид врз украинскиот народ и ги повика другите членки на ЕУ веднаш да престанат да увезуваат руски нафта и гас.

13:36 – Арестович: Русија не може со сила да ја заземе челичаната Азовстал

Русија одлучи да ја блокира опколената фабрика за челик „Азовстал“ во градот Мариупол, бидејќи не може да ја заземе со сила, изјави денеска советникот на украинскиот претседател Алексеј Арестович.

12:45 – Кулеба: Шлемовите и панцирите се важни, ќе умреме заштитени

Немаме јасен одговор за давање воена помош, изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, кој по вторпат во последните два дена е во бугарскиот парламент

12:03 – Руски суд го казни „Гугл“ со 45.000 евра

Прекршочен суд во Москва денеска го казни „Гугл“ со четири милиони рубљи (околу 45.000 евра), поради „ширење лажни информации за загинати лица за време на специјалната операција во Украина“.

11:08 – Украина бара итна евакуација на цивилите и ранетите војници од Азовстал

Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук побара Русија да дозволи итен хуманитарен коридор за евакуација на цивилите кои се засолнети во фабриката за челик во Мариупол.

10:02 – ВИДЕО: Путин го откажа нападот на „Азовстал“, Русија објави дека го зазела Мариупол

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу преку новинската агенција Интерфакс објави дека Русија го зазела Мариупол.

09:35 – ВИДЕО: Премиерите на Данска и на Шпанија пристигнаа во Киев на средба со Зеленски

Премиерите на Данска и Шпанија денеска во Киев ќе се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

09:04 – 80 посто од територијата на Луганск е по руска контрола објави регионалниот гувернер

Руските воени единици сега контролираат 80 отсто од областа Луганск во источна Украина, објави во Телеграм регионалниот гувернер Сергеј Гајдаи.

07:53 – Руски функционер објави четри услови за крај на војната

Специјалната воена операција на Русија ќе заврши кога НАТО ќе престане да ја користи украинската територија за да и се заканува на Русија“, изјави Алексеј Полчук, висок функционер на руското Министерство за надворешни работи, пренесува руската новинска агенција Тас.

07:52 – Кадиров најавува дека Азовстал во Мариупол ќе падне денеска

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави дека руските сили денеска ќе имаат целосна контрола над фабриката за челик Азовстал во Мариупол, јавија некои свески агенции.

07:48 – ВИДЕО: Европската унија планира нов, шести пакет санкции за Русија објави Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Европската унија планира шести пакет санкции против Русија.

21/04/2022

21:04 – Канада со нови персонални санкции против Русија 

Канада воведува нови персонални санкции против руски официјални лица и олигарси, јавија синоќа од кандаското МНР.

19:20 – Шефот на ОН побара средби со Путин и со Зеленски

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш побара да се сретне со претседателите на Русија и на Украина во нивните главни градови, изјави портпаролот на ОН.

18:38 – Зеленски не знае за руски мировен предлог, Кремљ тврди дека испратиле таков документ на 15 април

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека не знае дека постои документ ниту видел документ во врска со мировни преговори што Кремљ вели дека го испратиле во Украина.

18:00 – Шарл Мишел: Ќе сториме се што можеме за да обезбедиме Украина да победи во војната против Русија

Шефот на ЕУ, Шарл Мишел, вети дека блокот ќе стори се што може за да обезбеди Украина да победи во војната против Русија.

16:56 – Маринец од опколената челичарница: Мариупол наскоро би можел да падне

Украински маринец од опколената челичарница Азовстал во кратко интервју за Скај Њуз изјави дека руските сили кои ја опколиле челичарницата се 10 пати побројни од бранителите.

16:48 – Европската комисија ја одобри помошта за германските и полските компании погодени од санкциите кон Русија

Европската комисија одобри дваесет милијарди евра германска помош за компаниите и 836 милиони евра полска помош за земјоделците што трпат загуби како последица од санкциите воведени кон Русија по нејзината инвазија на Украина.

16:35 – Бербок: Германија нема оружје што би можело веднаш да биде испратено за Украина

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска во Летонија изјави дека Германија ќе обезбеди обуки и одржување за потребите на украинската армија, пренесува Си-Ен-Ен.

15:58 – Американски воени експерти проценуваат дека шансата Путин да употреби нуклеарно оружје е еден отсто

Официјални претставници на американските воени сили изјавуваат дека засега немаат индикации за тоа дека Русија се подготвува да користи нуклеарно оружје, но два извори запознаени со најновите разузнавачки информации велат дека можноста за употреба на нуклеарно оружје од страна на Русија сега е поголема отколку пред крајот на Студената војна.

14:56 – Блумберг: Инсајдери во Кремљ стравуваат дека Путин ќе употреби нуклеарно оружје

Мал број лица, упатени во ситуацијата во Кремљ, наводно, ја доведуваат во прашање одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ја нападне Украина, објави Блумберг.

14:33 – Белгискиот премиер ја спореди руската инвазија врз Украина со „најтемните страници во европската историја“

Руската агресија во Украина е „споредлива со најтемните страници во нашата европска историја“, изјави белгискиот премиер Александар Де Кро.

14:30 – Градоначалникот на Мариупол повикува: Отворен е хуманитарен коридор, евакуирајте се

Градоначалникот на Мариупол Вадим Бојченко најави дека во 14 часот по локално време (13 часот по македонско) се отворени хуманитарните коридори меѓу Мариупол и Запорожје.

13:48 – Кулеба: Оние кои не ја поддржуваат Украина со оружје, де факто ја поддржуваат руската агресија

Министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба во бугарското народно собрание изјави дека оние кои денеска не и помагаат на неговата земја, тие и помагаат на Русија.

13:46 – Повеќе од пет милиони луѓе ја напуштија Украина, седум милиони внатрешно раселени

Повеќе од пет милиони луѓе ја напуштија Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, соопшти Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР).

13:34 – Истече рокот од рускиот ултиматум за предавање на последните украински борци во Мариупол

Во 13 часот по средноевропско време истече рокот за ултиматумот што Русија им го постави на преостанатите украински бранители на Мариупол.

13:27 – Украина: Убивме 20.900 руски војници од почетокот на инвазијата

Украина информираше дека од почетокот на руската инвазија, убиени се 20.900 руски војници. Ова се наведува во новиот извештај за руските загуби за време на инвазијата.

11:54 – Русите објавија фотографија: Петмина украински борци излегоа од „Азовстал“ и се предадоа

Петмина украински војници го положиле оружјето, ја напуштиле фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол и им се предале на руските сили, објавено е на канал на „Телеграм“ на проруските сепаратисти од самопрогласената Народна Република Донецк (ДНР).

09:50 – Претседателот на Европскиот совет во Киев: Во срцето на слободна и демократска Европа

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска пристигна во ненајавена посета на Киев.

09:22 – Постигнат е договор за евакуација на Мариупол

Украина соопшти дека се договорила со руските сили денеска да се отвори безбеден коридор за цивилите да го напуштат разурнатиот пристаништен град Мариупол.

08:34 – Украинската војска соопшти дека за 24 часа одбила 10 руски напади во Донецк и Луганск

Главниот фокус на Русија останува на Мариупол, војската продолжува да ја напаѓа фабриката за челик Азовстал, во која се сместени украински војници и цивили, се вели во новиот разузнавачки извештај на украинската армија.

08:23 – Украина: Нуклеарната централа во Чернобил повторно е во комуникација со државниот регулатор

Украинските власти и соопштиле на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) дека е воспоставена директна комуникација меѓу нуклеарната централа во Чернобил и државниот регулатор за атомска енергија откако руските војници ја напуштија централата, соопшти МААЕ.

08:11 – Пентагон: Украина добива борбени авиони

Украина доби борбени авиони и делови за авиони за да ги зајакне своите воздухопловни сили соочени со руската инвазија, соопшти Пентагон, одбивајќи да го прецизира бројот и типот на авионите и нивното потекло.

07:59 – Порака од бранител на Мариупол: Можеби ги живееме последните денови

Припадник на украинските сили во Мариупол на Фејсбук објави дека војниците „можеби ги живеат своите последни денови“ и ја повика меѓународната заедница да ги извлечат од опколениот град.

07:55 – (ВИДЕО) Зеленски: Ќе ја завршевме војната ако имавме подобро оружје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното обраќање до нацијата изјави Украина можеше да ја заврши војната ако го имаше неопходното оружје.

07:54 – Нов руски ултиматум за бранителите на Мариупол

Руските вооружени сили, базирани исклучиво на хуманитарни принципи, уште еднаш предлагаат борците на националистичките баталјони и странските платеници да ги прекинат воените операции од 14 часот по московско време на 20 април и да го положат оружјето, соопшти руското Министерство за одбрана.

20/04/2022

19:39 – Шолц: Германската Влада работи со индустријата за испорака на оружје за Украина

Германија ќе продолжи воено и финансиски да ја поддржува Украина иако практично до максимум го испорача оружјето од сопствените резерви и сега работи со индустријата за вооружување, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц, пренесуваат британските медиуми.

18:41 – Гутереш повика на четиридневен велигденски прекин на огнот во Украина

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш повика на четиридневен велигденски хуманитарен прекин на огнот во Украина, почнувајќи од 21 април.

18:32 – Моравјецки: Украинските војници се борат за безбедноста на Европа

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска изјави дека Полска не може да ги остави на цедило своите соседи и ги повика другите нации „да го поддржат борбениот дух на Украина“.

17:37 – Алтун: Турција не може да биде присилена да избира меѓу Русија и Украина

Турција не може да биде принудена да направи избор меѓу Русија и Украина, изјави денеска шефот на Одделот за комуникации во администрацијата на турскиот претседател, Фахретин Алтун.

17:19 – Медведев: Русија мора да биде подготвена на агресивни акции на НАТО

Поранешниот руски претседател и премиер, а сега актуелен заменик претседател на моќниот Совет за национална безбедност, Дмитриј Медведев, денеска изјави дека Москва мора да биде подготвена за можни агресивни акции на НАТО, пренесе Тасс.

16:46 – Зеленски поднесе предлог-закон за продолжување на воената состојба

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски до Врховната рада поднесе предлог-закон за продолжување на воената состојба со земјата.

16:44 – Терехов: Ќе го браниме Харков, рускиот агресор нема да го заземе

Градоначалникот на Харков, Игор Терехов денеска за Би-Би-Си изјави дека е убеден дека украинските сили ќе го одбранат градот.

16:18 – Сијарто: Унгарија нема да испорачува оружје за Украина

Унгарија нема да испорачува оружје за Украина бидејќи сака да избегне инциденти во близина на својата граница слични на оној во близина на Лавов кога руската армија уништи контингент странско оружје испратен за украинската армија, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

15:51 – Верешчук: Украина прими 76 воени заробеници од Русија, од кои 10 офицери

Украина размени 76 свои воени заробеници со Русија, потврди вицепремиерката Ирина Верешчук, која кажа дека за време на размената Русија и предала на Украина 60 војници и 16 цивили, пренесе „Скај Њуз“.

15:44 – Отворен хуманитарен коридор преку кој украинските борци кои го положиле оружјето може да го напуштат Мариупол

Министерството за одбрана на Руската Федерација соопшти дека руската армија го прекинала огнот и отворила хуманитарен коридор преку кој украинските борци кои доброволно го положиле оружјето може да ја напуштат фабриката Азовстал во Мариупол.

15:32 – Лавров за Зеленски: Многу зборува, во зависност од тоа што пие или пуши

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во подолго интервју за „Тајмс оф Индија“, меѓу другото, најави дека Русија нема да употреби нуклеарно оружје во Украина, но и дека „специјалната воена операција“ влезе во втората фаза.

15:30 – Шојгу: Русија „методски го спроведува“ планот во источна Украина

Руските сили „методично ги спроведуваат“ плановите за „ослободување“ на двата одметнати региони во источна Украина, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

14:12 – Шефот на германскиот енергетски концерт „E.ON“ смета дека ембаргото на рускиот енергенс ќе ја подели Европа

Воведувањето ембарго за испораките на гас од Русија може да доведе до раскол во ЕУ, изјави во интервју за „Ханделсблат“ шефот на најголемиот германски енергетски концерн „E.ON“ Леонард. Бирнбаум.

13:59 – ЕК го доби првиот дел од прашалникот на Украина за кандидатски статус

Европската Комисија потврди дека е примен првиот дел од прашалникот на Украина за добивање кандидатски статус во ЕУ

13:57 – Лавров: Нема да користиме нуклеарно оружје во Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија не размислува за употреба на нуклеарно оружје во Украина, но потенцираше дека почнала нова фаза од „специјалната воена операција“.

13:38 – Јапонија на Украина ќе и испорача опрема за заштита од хемиско оружје

Јапонија ќе испрати во Украина гас-маски и соодветна облека за заштита од хемиско оружје, соопшти денеска јапонскиот министер за одбрана Нобуо Киши.

13:25 – Шојгу: САД и Западот ја развлекуваат руската воената операција во Украина

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека САД и другите западни земји „прават се за да ја развлечат руската воена операција во Украина“.

12:46 – Кадиров: Денеска ќе ги сотреме војниците во Азовстал

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров вели дека украинските борци кои се уште се борат во Мариупол ќе бидат „сотрени“ до крајот на денот.

12:07 – Набиулина: Русија ќе тужи поради замрзнување на нејзиниот имот во странство

Русија на суд ќе го оспори замрзнувањето на нејзините средства во странство, изјави денеска гувернерката на руската Централна банка, Елвира Набиулина.

12:07 – Генчовска до Кулеба: Бугарија ќе и помогне на Украина согласно своите можности

Министерката за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска разговараше со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, кој е во посета на Софија.

12:05 – Запленет руски танкер во Грција

Поради санкциите воведени од ЕУ и НАТО, грчките власти, во близина на островот Евија, заплениле танкер што пловел под руско знаме, објави грчката новинска агенција АНА-МПА

11:11 – Проруските сепаратистички сили се обидуваат да ја заземат челичарницата Азовстал во Мариупол

Проруските сепаратистички сили започнаа делумна операција за преземање на челичарницата Азовстал во Мариупол, каде се наоѓаат преостанатите украински сили, изјави денеска портпаролот на проруските сили Едуард Басурин.

11:04 – Руските воздухопловни сили уништиле два ракетни силоси „Точка-У“ во Украина

Авиони на руското воено воздухопловство извршиле напади врз 60 воени цели во Украина, притоа уништувајќи два ракетни силоси со боеви глави за тактички проектили от типот „Точка-У“, како и три командни и контролни пунктови на украинските воени сили.

11:03 – Подољак: Невозможен е цивилизиран дијалог со Русија

Главниот украински преговарач и советник на претседателот, Михаило Подољак изјави дека преговорите со Русија станаа многу покомплицирани по воените злосторства на руските сили во градовите Буча, Мариупол и Волноваха.

10:25 – Украински пратеник: Светот треба да сфати дека се бориме со Русија, ни треба повеќе оружје

Споредбено со авганистанската војска, која доби опрема, оружје и муниција во вредност од 80 милијарди долари, последниот пакет од САД вреди 800 милиони долари.

09:42 – Верешчук: Трет ден без хуманитарни коридори во Украина

Вицепремиерката на Украина Ирина Верешчук на својот канал на Телеграм објави дека денеска, трет ден по ред, повторно нема да се воспостават хуманитарни коридори.

08:59 – Статуа на Ленин повторно во Хеническ, украински град близу Крим – окупиран од Русите

Статуа на поранешниот Советски лидер, Владимир Ленин, повторно е поставена во украинскиот град Хеническ, окупиран од Русија. Информацијата е потврдена од фотографии, објавени на социјалните мрежи, а Си-Ен-Ен ја утврди нивната веродостојност.

08:29 – Макрон: На ​​Франција не и треба руски гас

Франција ќе поддржи целосно ембарго на нафта и гас за Руската Федерација, соопшти претседателот на Франција Емануел Макрон во интервју за ТВ каналот „Франс 5“.

08:19 – Бајден со сојузниците преку видео повик ќе разговара за ситуацијата во Украина

Американскиот претседател Џо Бајден планира денеска да одржи разговор со сојузниците околу украинската криза.

08:17 – Украинец го следи движењето на руски војници преку украдени слушалки

Украинец успеал да го следи движењето на руски војници преку слушалки на „Епл“ што Русите ги украле од неговиот дом, објави „Тајмс“.

08:16 – На Бајден не му е во план да ја посети Украина и покрај апелот на Зеленски

Американскиот претседател Џо Бајден моментално не планира да ја посети Украина и покрај апелот од украинскиот колега Володимир Зеленски.

08:13 – Зеленски: Руските сили ја започнаа битката за Донбас

Руските војници ја започнаа битката за Донбас, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното видео обраќање, јави Скај њуз.

08:12 – Путин ја одликуваше воената единица од Буча

Рускиот претседател Владимир Путин ги одликуваше припадниците на руската воена единица стационирана во Буча, која меѓународни организации ја обвинуваат за воени злосторства

08:08 – Извештај на украинската војска: Руската бригада во Црното Море има 75 отсто загуби

Руската 126-та бригада во Црното Море претрпе загуби од 75 отсто, тврди украинското воено разузнавање.

19/04/2022

21:57 – Блинкен со благодарност до Романија за прифаќањето на бегалците од Украина 

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска разговараше со шефот на романската дипломатија, Богдан Ауреску, јавија од Стејт департментот.

21:07 – Конашенков: Кај Лавов уништени логистички центар и складиште со донирано странско оружје

Руската армија вечерва соопшти дека, денеска во близина на Лавов со ракети со висока прецизност уништила големо складиште со странско донирано оружје, што неодамна и беше доставено на Украина, пренесоа француските медиуми.

21:01 – Бојченко: Од Мариупол насилно депортирани 40.000 луѓе

Градоначалникот на опколениот украински град Мариупол, Вадим Бојченко денеска изјави дека околу 40.000 цивили од тој град биле насилно депортирани во Русија или во украинските региони под контрола на Русија.

20:31 – Грифитс: Хуманитарен прекин на огнот во Украина не е на повидок

Хуманитарниот прекин на огнот меѓу украинските и руските сили во Украина во моментов не е на повидок, но тоа може да биде можно за неколку недели, изјави денеска потсекретарот на ОН за хуманитарни прашања Мартин Грифитс.

20:09 – Борел: ЕУ го осудува неселективното гранатирање цивили во Украина

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска изјави дека ЕУ го осудува руското неселективно и незаконско бомбардирање на цивилите во Украина.

19:49 – Зеленски: Украина би можела да добие кандидатски статус за ЕУ ​​во наредните недели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска официјално му го предаде пополнетиот прашалник за пристапот на Украина во ЕУ на претставникот на ЕУ и рече дека верува оти потегот ќе доведе до тоа неговата земја да добие кандидатски статус во наредните недели.

19:23 – Команда на украинските сили: Русија почнува нова офанзива на исток

Командата на украинските вооружени сили денеска соопшти дека забележала знаци кои укажуваат дека Русија ја започнува очекуваната нова офанзива на истокот на земјата, зголемувајќи го интензитетот на нападите во делови од регионите Доњецк и Харков.

19:03 – Путин ја одликуваше бригадата обвинета за злосторството во Буча

Путин потпиша декрет со кој ги одликува членовите на бригадата за нивното „херојство, истрајност, одлучност и храброст“, соопшти Кремљ.

16:59 – Марков: Загубата на крстосувачот „Москва“ е неуспех на руската армија

Сергеј Марков, политички коментатор од Москва и поранешен близок советник на рускиот претседател Владимир Путин, изјави за Би-Би-Си дека рускиот крстосувач „Москва“ потонал откако беше погоден од проектил што НАТО и го достави на Украина во јануари.

16:45 – Шмигаљ: Украина ќе прими 500 милиони долари финансиска помош од меѓународните партнери

Украина ќе добие 500 милиони долари финансиска помош од меѓународните партнери, изјави денеска украинскиот премиер Денис Шмигаљ во видео обраќање, јави дописникот на Укринформ.

16:06 – Русите влегоа во Кремина, Украинците тврдат дека Мариупол сè уште се брани

Руската армија денеска навлегла во источниот град Кремина, додека руските трупи што се наоѓаат во блискиот град Рубижне се под интензивен украински оган, пренесува БЕТА.

16:05 – Киев: „Гугл мапс“ овозможи пристап до руските воени бази

Украинската армија на Твитер објави дека „Гугл мапс“ (Google Maps) го отвори пристапот до руските воени и стратешки објекти, што претходно беа затемнети.

15:49 – Путин: Западните земји си дадоа автогол со санкциите кон Русија

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека западните земји си дадоа автогол со воведувањето санкции кон Русија.

15:19 – ОН: Украина ја напуштиле речиси пет милиони лица

Обединетите нации денеска соопштија дека од почетокот на руската агресија врз Украина оваа земја на напуштиле над 4,9 милиони Украинци.

15:16 – Германија испраќа над милијарда евра воена пoмош во Украина

Германската Влада соопшти дека планира да издвои повеќе од милијарда евра воена помош за Украина.

15:04 – Верешчук: Втор ден по ред нема хуманитарни коридори за украинските цивили

Втор ден по ред нема да има евакуација на украинските цивили од областите погодени од војна, бидејќи украинските и руските власти не успеаја да се договорат за хуманитарни коридори, изјави украинската вицепремиерка Ирина Верешчук, а јави Би-би-си.

14:30 – Заробени Британци преку руска телевизија бараат да бидат разменети за Медведчук; Со слично барање и Медведчук

На руската телевизија се појави видео од двајца заробени британски доброволци.

14:22 – Се вратија бугарските морнари кои беа блокирани во украинското пристаниште Мариупол

Бугарските морнари од бродот „Царевна“, кој беше блокиран во украинското пристаниште Мариупол, со владин авион денеска слетаа на аеродромот во Варна

13:56 – Козицки: При нападот врз Лавов загинаа седум луѓе, меѓу кои и едно дете

Регионалниот гувернер Максим Козицки изјави дека ракетите врз Лавов се истрелани од авион од правецот на Касписко Море, при што загинаа седум луѓе, меѓу кои и едно дете.

13:43 – Градоначалникот на Москва вели дека околу 200 илјади граѓани би можеле да останат брз работа поради санкциите

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека 200 илјади граѓани вработени во странски компании би можеле да останат без работа како последица на санкциите наложени против Русија заради инвазијата врз Украина.

12:57 – Во Русија блокирана интернет-страницата на „Хјуман рајтс воч“

Во Русија од денеска е недостапна интернет-страницата на невладината организација „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ) на барање на Државното обвинителство на Русија и одлуката на Министерството за правда.

11:50 – Шпанија повторно ја отворa амбасадата во Киев

Шпанија во наредните денови повторно ќе ја отвори својата амбасада во Киев, изјави денеска премиерот Педро Санчез во интервју за телевизијата Антена3.

11:45 – Украина го пополни прашалникот за членство во ЕУ

Украина го пополни прашалникот кој ќе биде појдовна точна на процесот на присоединување кон ЕУ, изјави Игор Жовква, заменик-шефот на кабинетот на претседателот Владимир Зеленски.

10:55 – ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Жена во Харков оди по улица, а гранати паѓаат на неколку метри од неа

На социјалните мрежи се појави ново видео од бомбардирањето на Харков. Видеото го објави Олена Халушка, вработена во Украинскиот центар за борба против корупцијата.

10:46 – Украина објави слика од библиотеката во Чернихив уништена од руска бомба тешка половина тон

Украинското Министерство за одбрана објави фотографија на која се гледаат, како што тврдат, остатоците од некогаш познатата библиотека во Чернихив.

10:44 – На социјалните мрежи се појави фотографија на која наводно се гледа рускиот воен брод Москва

На социјалните мрежи се појави фотографија на која наводно се гледа рускиот воен брод Москва, кој потона откако беше погоден од украински противбродски ракети.

10:35 – ВИДЕО: Експлозии во Киев, Лавов, Днепропетровск, има и жртви

Властите во регионите на Лавов и на Днепропетровск денеска информираа за повеќекратни експлозии, јави Хина.

10:29 – ТАСС: Над 860.000 лица пристигнаа во Русија од Украина и Донбас

Над 860.000 лица пристигнаа во Русија од Украина и територијата на Донецката и Луганската народна република, информираа руските безбедносни служби за ТАСС, зборувајќи за самопрогласените републики и анектираниот Крим.

09:09 – Над 1.100 медицински лица од Германија ќе одат во Украина и соседните земји за да помогнат

Над 1.100 медицински лица од Германија се регистрирани на порталот на Сојузното лекарско здружение, за да отидат во Украина и во соседните земји, со цел да им помогнат на болните и на ранетите.

08:45 – За првпат од почетокот на војната, повеќе луѓе влегле во Украина од Полска, отколку обратно

За првпат од почетокот на војната во Украина, во земјата пристигнале повеќе луѓе од Полска, отколку што ја напуштиле, јави БГНЕС.

08:24 – Индепендент: И покрај санкциите, британски фирми со милионски договори со Русија

Стотици милиони фунти на британските даночни обврзници се во рацете на компании што продолжуваат со работа во Русија, пишува Индипендент.

08:13 – Украинско МО: Руските сили се обидуваат да влезат во Херсон

Украинското Министерство за одбрана соопшти дека се очекува борбите да продолжат и дека руските сили ќе се обидат да влезат во Херсон.

08:06 – Зеленски предупреди за руска офанзива во источна Украина, обвини и за „маченички комори“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди за претстојна офанзива на руските сили во источниот дел на Украина, за време на своето видео обраќање, јави Си-Ен-Ен.

08:03 – Украински министер: Мариупол повеќе не постои

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека градот Мариупол „повеќе не постои“ откако беше под опсада на руските сили цели седум недели.

08:03 – Украина: Жителите на Луганск повикани на итна евакуација

Украинската новинска агенција УНИАН објави дека граѓаните од областа Луганск биле повикани на итна евакуација, пренесува Си-Ен-Ен.

18/04/2022

21:10 – Медведев: Европа ја чекаат празни полици, бран криминал, хиперинфлација и банкрот

Банкротот на Русија може да предизвика хиперинфлација и банкрот на Европа, изјави заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев по повод тврдењето на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен дека „банкротот на Русија е само прашање на време“.

21:09 – Фон дер Лајен: Банкротот на Русија е прашање на време

Банкротот на Русија е само прашање на време, а со оваа војна рускиот претседател Владимир Путин ја уништува сопствената држава и иднината на нејзиниот народ, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

17:29 – Естонија им забрани на бродовите под руско знаме да влегуваат во нејзините пристаништа

Естонија денеска им забрани на бродовите што пловат под руско знаме да влезат во нејзините пристаништа на Балтичкото Море во согласност со петтиот пакет санкции на ЕУ против Москва поради инвазијата врз Украина.

17:12 – Зеленски: Украина нема да го предаде Донбас, ќе се бориме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина се бори во регионот на Донбас и дека „нема намера да се предаде“.

14:15 – Украинските војници во Мариупол нема да се предадат

Советникот на градоначалникот на Мариупол, Петро Андриушченко, на Телеграм објави дека и покрај рускиот ултиматум за „коридорот за предавање“ на преостанатите војници во градот, „нашите бранители продолжуваат да ја држат одбраната“.

11:30 – Русија: Во Мариупол опколивме 400 платеници, нив не ги штити меѓународното право

Руското Министерство за одбрана тврди дека руските сили во Мариупол опколиле до 400 странски платеници кои се борат на украинската страна.

10:50 – Украина и Русија не се договорија за коридирите, денеска нема евакуација на цивили

Украина и Русија денеска не успеаја да се договорат за коридори за евакуација за да им помогнат на цивилите кои бегаат од областите погодени од војната, изјави украинската вицепремиерка Ирина Верешчук.

10:40 – Во Украина почна да пристигнува американската воена помош

Во Украина почнаа да пристигнуваат пратки од најновиот пакет на американската воена помош, јави утрово Си-Ен-Ен, повикувајќи се на неименуван претставник на Белата куќа.

10:13 – Речиси илјада украински деца вклучени во хрватските училишта и градинки

Речиси илјада украински деца, кои поради војната беа принудени да ја напуштат својата земја, се вклучени во хрватските основни и средни училишта и во градинките.

08:09 – Абрамович во Киев во обид за обнувување на мирновните преговори

Сопственикот на Челзи и руски милијардер Роман Абрамович отпатувал за Киев за да ги обнови мировните преговори меѓу Русија и Украина, објави Блумберг.

08:04 – Експлозии во Киев

Во главниот град Киев се слушнале експлозии, јавува Ројтерс.

08:01 – Зеленски: Мариупол може да биде спасен, со борба или со дипломатија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ситуацијата во Мариупол е многу тешка.

07:58 – Украинците тврдат дека пронаше остатоци од хемиско оружје во регионот Суми

Градоначалникот на Тростианеца, град во северниот украински регион Суми, тврди дека властите пронашле остатоци од хемиско оружје во селото Билка, окупирано од Русија. Во изјава за украинското радио, градоначалникот Јуриј Бова рече дека пронашле докази за сарин и други отровни материи.

07:53 – Руски ултиматум за бранителите на Мариупол: Положете го оржјето и ќе ве поштедиме

Руското Министерство за одбрана соопшти дека животите на украинските сили кои се уште се борат во Мариупол ќе бидат поштедени доколку го положат оружјето во 6 часот наутро по московско време.

07:43 – Папата Франциск на велигденското бдеење ја осуди суровоста на војната во Украина

Папата Франциск на велигденската миса на која присуствуваше, но не ја предводеше, веројатно поради болки во нозете кои ги намалија неговите активности, ја осуди „бруталноста на војната во Украина“.

14.04.2022

23:11 – Русија: Досега убивме повеќе од 23.000 украински војници и платеници

Руските сили досега убиле 23.367 војници во Украина, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков.

21:01 – Џонсон и Зеленски разговарале за Мариупол

Според портпаролот на „Даунинг стрит“, британскиот премиер им оддал почит за храброста на украинските сили кои продолжуваат да ја бранат слободата на својата земја, објави британскиот весник „Гардијан“.

20:09 – Зеленски: Ќе ги прекинеме преговорите ако Русија ги елиминира украинските борци во Мариупол

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека елиминацијата на украинските борци во Мариупол ќе стави крај на преговорите со Русија.

20:05 – ВИДЕО: Русија објави снимка од морнарите од потонатиот крстосувач Москва

Шефот на руската морнарица, адмиралот Николај Евменов, се сретна со членовите на екипажот на потонатиот крстосувач Москва, пренесе агенцијата Тасс.

19:45 – Италија ги затвори пристаништата за руските бродови

Во согласност со санкциите што Европската унија и ги воведе на Русија, Италија донесе одлука да им забрани на руските бродови да влегуваат во италијанските пристаништа од утре, 17 април, објавија денеска италијанските медиуми.

19:03 – Во руски напад погодена рафинерија на истокот на Украина

Руските сили погодија нафтена рафинерија во Лисичанск, град покрај бојното поле во источна Украина, соопштија локалните власти.

17:53 – Украина: Европската унија ни испраќа оружје кое не го бараме

Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски и шеф на преговарачкиот тим на Украина Михајло Подољак рече дека Украина добила оружје од Европа што не го побарала и дека се чека долго тоа да пристигне во земјата.

17:33 – Село во Шпанија го смени името во Украина во знак на солидарност

Шпанското село Фуентес да Андалузија го промени своето име во Украина во знак на солидарност со народот на оваа источноевропска земја, која води одбранбена војна на повеќе од 4.000 километри.

16:48 – САД најавија нови 800 милиони долари воена помош за Украина

Администрацијата во Вашингтон најави нови 800 милиони долари воена помош за Украина, за првпат вклучувајќи артилериски системи, борбени дронови и хеликоптери.

16:46 – Украина тврди дека Русите држат 700 нејзини војници и 1000 цивили од кои половината жени

Руските сили држат во заробеништво околу 700 украински војници, изјави вицепремиерката на Украина, Ирина Верешчук.

16:19 – Романија забрани влез во пристаништата на бродови под руско знаме

Романските власти одлучија да забранат влез на бродови под руско знаме во романските пристаништа од 17 април, соопшти прес-службата на Романската поморска управа.

16:15 – ВИДЕО: Руски проектили погодија пазар во Харков, едно лице загина

Едно лице загина, а 18 се повредени по руски ракетен напад на пазар во Лисичанск во областа Харков, соопштија украинските пожарникари.

13:13 – Руските напади се интензивираат, Украина бара итно да и се прати оружје

Украинците објавија дека одбиле 10 руски напади во Доњецк и Луганск, региони на исток каде се очекуваат најжестоки борби кога ќе започне големата руска офанзива.

12:52 – ВИДЕО: Пожарникари и спасувачи од повеќе држави пристигнаа во Украина

Украинската служба за итни случаи објави видео во кое се наведува дека го прикажува пристигнувањето на пожарникари и спасувачи од САД, Австралија, Германија и Полска во Украина.

11:58 – Москва му забрани на Борис Џонсон влез во Русија

Руското Министерство за надворешни работи им забрани влез во Русија на британскиот премиер Борис Џонсон, министерката за надворешни работи Лиз Трас, министерот за одбрана Бен Валас и на уште 10 членови на британската влада, пишува Sky News.

10:43 – ВИДЕО: Русија објави снимка, тврди дека е уништена фабрика за оклопни возила во Киев

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили „со високопрецизно оружје со долг дострел лансирано од воздух“ уништиле фабрика за оклопни возила во Киев и фабрика за поправка на воена опрема во Николаев.

10:17 – (ВИДЕО) Зеленски: Пред крај сме со одговарање на прашањата од Европката унија

Украина речиси целосно одговори на прашалникот за пристапување на Европската унија, рече претседателот Володимир Зеленски во видео порака доцна синоќа.

10:09 – Украина: Се води жестока борба за Мариупол, Русите постојано повикуваат засилувања

Портпаролот на украинското Министерство за одбрана Олександр Мотузјаник изјави дека руските сили се уште не го освоиле целосно Мариупол.

09:50 – Германија вети воена помош за Украина во вредност од над милијарда евра

Германската Влада соопшти дека планира да испрати повеќе од милијарда евра воена помош за Украина.

09:48 – Експлозии кај Киев, напади на повеќе украински градови

Најмалку двајца цивили загинаа, а четворица се ранети во руските напади низ Украина. Напади имало и во предградијата на Киев, соопштија денеска локалните власти.

09:44 – Зеленски: Тешко е да се предвиди колку ќе трае војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното обраќање до нацијата рече дека е тешко да се предвиди колку долго ќе трае војната.

16.04.2022

08:17 – Украински Генералштаб: Руските сили се фокусираат на напади врз градовите во регионот Луганск

Руските сили во моментов ги фокусираат своите напади во источна Украина, во обид да ги освојат градовите Попасна и Рубижне, во регионот Луганск, се наведува во денешната најнова проценка на украинската војска, јави ДПА.

08:14 – Верешчук: Евакуирани околу 2,550 цивили

Околу 2,550 цивили вчера се евакуирани од областите каде се водат борби, изјави украинската вицепремиерка Ирина Верешчук.

08:09 – Касјанов: Путин е целосно луд, сака да не врати во 19. век

Путин е шокиран. Не очекуваше вакви реакции. Се разбира, во моментов е нервозен и бесен на целиот свет. Очекуваше Западот да го прифати тоа што се случи како негово ново, последно лошо однесување, кое јас би го дефинирал како криминална активност, бидејќи се работи токму за криминална активност. Но, реакцијата беше сосема поинаква, сосема неочекувана на ова ниво, смета поранешниот руски премиер Михаил Касјанов

08:03 – Пентагон за бродот „Москва“: Русија се уште има доволно капацитети на море

Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, смета дека инцидентот со крстосувачот „Москва“ само краткорочно ќе влијае врз воениот потенцијал на Русија, со констатација дека руската морнарица „има доволно капацитети“.

07:23 – Зеленски им се заблагодари на Украинците за 50-дневниот отпор

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во синоќешното видеообраќање им се заблагодари на Украинците за 50-дневниот отпор по руската инвазија.

07:20 – Потона „Москва“, главниот брод на руската Црноморска флота

Рускиот воен брод „Москва“ потона при враќањето во пристаништето во бурно време поради експлозија и пожар, соопшти вчера руското Министерство за одбрана.

21:36 – Велика Британија го замрзна имотот на соработници на Роман Абрамович

Велика Британија го замрзнува имотот вреден 10 милијарди фунти (12 милијарди евра) на двајца руски олигарси кои се опишани како долгогодишни деловни соработници на рускиот милијардер и сопственик на Челзи, Роман Абрамович, соопшти денеска британското Министерство за надворешни работи.

21:07 – Германските компании се соочуваат со проблеми кои произлегуваат од војната во Украина

Очекувањата на германските компании за прометот и профитот доживеаја голем удар од војната во Украина, според германскиот Бизнис панел монитор за април објавен денеска.

20:38 – Украинскиот парламент го прогласи за геноцид дејствувањето на руската војска

Украинскиот парламент денеска усвои резолуција со која дејствувањето на руската војска во Украина се квалификува како геноцид и ги повикува државите и невладините организации да го сторат истото.

20:13 – Директорот на ЦИА предупреди дека руската нуклеарна закана не треба да се сфаќа „несериозно“

Соединетите Американски Држави не ја занемаруваат можноста Русија да се обиде да користи тактичко нуклеарно оружје во Украина, бидејќи Москва продолжува да се соочува со тешкотии на бојното поле, изјави денеска директорот на ЦИА, Вилијам Бернс.

19:17 – САД: Рускиот брод „Москва“ се уште гори

Оштетениот руски воен брод „Москва“ се уште се бори со пожарот, изјави неименуван американски официјален претставник, пренесува Си-Ен-Ен. Се верува дека бродот претрпел значителна штета и се упатил кон Севастопол на Крим.

18:37 – Зеленски: Руската нафта се плаќа со крв

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека европските земји кои продолжуваат да купуваат руска нафта заработуваат од туѓа крв.

16:39 – Украинското МНР изрази стравување поради трговија со деца

Украинското Министерство за надворешни работи изрази загриженост дека децата однесени во Русија, вклучително и оние кои останале без родители за време на војната, би можеле да бидат дадени на посвојување од руски семејства, без да се почитуваат сите потребни процедури утврдени со законодавството на Украина.

16:33 – Братот на градоначалникот на Киев вели дека животот полека се враќа во украинската престолнина

Владимир Кличко, брат на градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, зборуваше за Би-Би-Си, при што рече дека главниот град на Украина полека се враќа во живот.

16:32 – Европска комисија: Плаќањето за гас во рубљи ги прекршува санкциите на ЕУ

Со плаќањето на рускиот гас во рубљи, некои земји-членки на ЕУ би го прекршиле европскиот режим на санкции против Москва, се вели во интерната нота на Европската комисија што ја пренесува Хина.

16:21 – Путин ги обвинува западните банки дека не плаќаат за рускиот гас

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги обвини западните банки дека не извршиле плаќања за рускиот гас, само две недели откако побараа таквите плаќања да се вршат во рубљи.

15:01 – Локален функционер тврди дека Украинците нападнале руска територија

Гувернерот на руската област Брјанск Александар Богомаз објави дека „украинските сили отвориле оган врз станбени згради во тој регион“ кој е во близина на украинската граница недалеку од градот Чернихов.

13:33 – Руско Министерство за одбрана: Пожарот на московскиот крстосувач е локализиран

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека пожарот на крстосувачот „Москва“, главниот брод на Црноморската флота, е локализиран и дека се преземаат мерки за одвлекување на бродот назад до пристаништето.

13:06 – Песков: Путин не одбива средба со Зеленски, го чека текстот на договорот

Рускиот претседател Владимир Путин никогаш не одбил да се сретне со својот украински колега Володимир Зеленски, но пред тоа е неопходно да се подготви нацрт-договор меѓу двете земји, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

12:39 – Бојченко: Мариупол и натаму се бори и ќе остане украински град

Градоначалникот на опколениот украински приморски град Мариупол, Вадим Бојченко, рано утринава изјави дека градот се уште се бори и дека ќе остане украински.

12:33 – Арестович: Украина ќе возврати со напади врз Москва доколку руските сили го нападнат Киев

Олексеј Арестович, советник на шефот на Кабинетот на украинскиот претседател, се закани со возвратен напад врз Москва во случај на руски напад врз Киев.

12:26 – Москва отвора кривични постапки за наводно мачење руски војници во Украина

Рускиот истражен одбор денеска информираше за отворање кривични постапки поради наводно мачење, извршено од украински сили над руски војници, додека Москва продолжува со воената кампања во Украина.

11:53 – Дуда ја обвини Русија за „тотална војна“ во Украина

Русија води тотална војна во Украина, обвини полскиот претседател Анджеј Дуда при неговото враќање од посетата на Украина, јави ДПА.

11:51 – Анасаускас: Русија веќе има нуклеарно оружје во Балтичкиот регион

Русија веќе има нуклеарно оружје во Балтичкиот регион, изјави денеска литванскиот министер за одбрана Арвидас Анасаускас како коментар на најавите на Русија дека ќе го зајакне воениот арсенал во регионот доколку Шведска и Финска решат да се присоединат кон НАТО.

11:50 – Руската армија тврди дека го зазела пристаништето во Мариупол

Руската армија денеска соопшти дека презела целосна контрола над поголемиот дел од уништеното пристаниште во Мариупол.

11:49 – Кампањата „Правда за Украина“ во Лондон го покажа нацрт обвинението против Путин

Кампањата „Правда за Украина“ што почна во Велика Британија објави нацрт-обвинение против рускиот претседател Владимир Путин за кривично дело агресија врз Украина, а е составено од експерти од англосаксонското право.

11:23 – Варвициотис од полско – украинската граница испрати порака на солидарност за Украина и поддршка за Полска

Пораката на Грција е јасна: Солидарност со украинскиот народ и поддршка за Полска, порача алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Милтиадис Варвициотис од полско – украинската граница

11:22 – Русија му се закани на НАТО: Доколку Шведска и Финска станат членки ќе преземеме мерки на Балтикот

Русија го предупреди НАТО дека доколку Финска и Шведска се приклучат кон Алијансата, ќе следи нивен одговор на Балтикот.

10:54 – И Трамп руската инвазија во Украина ја нарече „геноцид“

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп ја нарече руската инвазија во Украина „геноцид“, исто како што претходно тоа го стори актуелниот претседател, Џозеф Бајден.

10:30 – Запленет имотот на Медведчук во Украина

Државното Истражно биро на Украина соопшти дека се запленети станови, куќи, возила и земјиште, сопственост на шефот на политичкиот совет на украинската партија „Опозициска платформа – за живот“ на Виктор Медведчук и неговата сопруга Оксана Марченко.

10:24 – Верешчук: Девет хуманитарни коридори договорени за денеска

Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук на Телеграм објави дека за денеска се договорени девет хуманитарни коридори за евакуација на цивили од украински области што се под руски напади.

10:06 – Си-Ен-Ен: САД испорачуваат потешко и пософистицирано оружје за запирање на руската инвазија на истокот од Украина

САД првпат од почетокот на руската инвазија врз Украина на Киев ќе му испорачаат пософистицирано и потешко вооружување на Киев, потег што некои од претставниците н администрацијата на Џо Бајден претходно го сметаа за преголем ризик што би можел да доведе до ескалација на судирите.

10:05 – Блинкен: Војната е далеку од завршена, Украина се подготвува за следната фаза

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека војната во Украина е далеку од завршена и покрај повлекувањето на руските војници од околината на Киев.

10:01 – Зеленски се заблагодари за новиот пакет воена помош од САД, вреден 800 милиони долари

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази благодарност до САД за новиот пакет воена помош во вредност од 800 милиони долари.

09:54 – Загубата на воениот брод „Москва“ е страшен удар за Русија, сметаат експертите

Тоа што бродот крстосувач „Москва“ плута напуштен или е на дното на Црното Море е страшен удар врз руската армија, пренесува американската телевизија „Си-Ен-Ен“ изјави на воени експерти во врска со инцидентот со воениот брод на руската Црноморска флота.

09:28 – Зеленски кон ЕУ: Престанете да ја спонзорирате руската воена машинерија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја повика Европската унија да воведе ембарго на руската нафта.

08:35 – По Бајден и Трудо го употреби терминот „геноцид“ за случувањата во Украина, Макрон и Шолц се воздржуваат

Премиерот на Канада, Џастин Трудо за првпат го употреби терминот „геноцид“ во Украина, откако истото го стори и американскиот претседател Џо Бајден. Од друга страна, француски и германски лидери, не се склони кон таква квалификација, коментираат медиумите.

08:05 – Кличко: Две третини од жителите на Киев се вратија во градот

Две третини од жителите на Киев, кои го напуштија градот на почетокот од војната со Русија, веќе се вратија дома, соопшти градоначалникот Виталиј Кличко.

08:05 – САД планираат Блинкен или Остин да го посети Киев

САД ја разгледуваат можноста висок претставник да го посети Киев, во знак на солидарност со Украина, објавија дел од американските медиуми повикувајќи се на неименуван владин извор.

07:55 – Зеленски: Киев не доби официјално барање за посета на Штајнмаер

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа изјави дека Киев не добил службено барање од Берлин за посетата на дека германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер.

07:55 – Наместо во Авганистан, САД ќе испорачаат хеликоптери на Украина

Хеликоптерите „Ми-17“, што претходно беше планирано да ги добие Авганистан, ќе бидат испорачани на Украина, како дел од новиот пакет воена помош, јавија синиќа од Пентагон.

07:42 – Телата на околу 1.500 руски војници пронајдени во градот Днипро, тврдат локалните украински власти

Телата на повеќе од 1.500 руски војници се пронајдени во украинскиот град Днипро, во југоисточна Украина, соопштија украинските власти.

07:42 – Руското Министерство за одбрана потврди дека бродот „Москва“ е „тешко оштетен“

Рускиот крстосувачки брод „Москва“ е „тешко оштетен“ во пожар предизвикан од експлозија на муниција, соопшти вчера Министерството за одбрана.

07:42 – Обвинителот на МКС: Украина стана вистинско место на злосторство

Украина стана вистинско „место на злосторство“, оцени вчера во Буча, во близина на Киев, главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (ICC), Карим Кан.

07:40 – Нуланд: Русија свесно одлучи „да ја уништи Украина и нејзиното цивилно население“

Американската дипломатија синоќа излезе со оправдување на обвинувањата за „геноцид“ што ден претходно ги изнесе претседателот Џо Бајден против Русија, обвинувајќи ги руските сили дека сакаат да „ја уништат Украина и нејзиното цивилно население“.

07:40 – Гутереш: Прекинот на војната во Украина се чини невозможен

Хуманитарниот прекин на огнот во Украина во моментов не изгледа како реално сценарио, изјави генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш.

14/04/2022

21:45 – Русија воведе санкции за 398 американски пратеници

Русија воведува санкции против 398 членови на американскиот Конгрес и 87 канадски сенатори, јавија светските медиуми повикувајќи се на руска новинска агенција.

21:34 – Градоначалникот на Харков тврди дека нападите врз градот се интензивирани

Руското бомбардирање на Харков, град во североисточна Украина, од вчера драстично се засили, изјави градоначалникот Игор Терехов.

21:14 – Телефонски разговор Зеленски – Бајден

Американскиот претседател Џо Бајден денеска разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да го информира за американската помош за Украина, соопшти Белата куќа.

20:51 – Средба на Зеленски со четворица претседатели: Темната страна на човештвото го покажа своето лице

Претседателите на Полска и на балтичките земји денеска го посетија Бородјанка, град во близина на Киев, кој литванскиот претседател Гитанас Науседа го опиша како „потопен во болка и страдање“ по „бруталните воени злосторства“.

20:34 – Европската вселенска агенција ја прекина соработката со Русија за лунарен проект

Европската вселенска агенција (ЕСА) ја прекинува соработката со Русија за мисијата Луна на Месечината, што претставува уште една последица од тековната руска инвазија на Украина.

20:29 – Русија се закани со напад на Киев

Руското Министерство за одбрана соопшти дека морското трговско пристаниште во Мариупол е „целосно ослободено од милитантите на нацистичката формација Азов“.

19:32 – Подољак: Европа со години ги затвора очите пред руските злосторства

Членот на украинскиот преговарачки тим, Михајло Подољак, ги обвини европските политичари дека со години ги затворале очите пред руските злосторства.

19:08 – Олаф Шолц не планира да оди во Киев

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека во оваа фаза не планира да оди во Киев, како што од него побара Володимир Зеленски, оценувајќи ја како „иритирачка“ одлуката на украинскиот претседател да не го прими шефот на германската држава.

18:21 – Захарова тврди дека руската и украинската страна ги продолжуваат преговорите онлајн

Руската и украинската страна ги продолжуваат преговорите за решавање на ситуацијата во Украина во онлајн формат, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

18:13 – Зеленски: Веднаш вооружете ја Украина за да ја одбрани слободата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави ново видео во кое го повикува Западот да испрати оружје.

16:31 – Мисија на ЕУ ќе помогне во истрагата за руските воени злосторства во Украина

Претставници на ЕУ треба да и помогнат на Украина да ги истражи и процесира воените злосторства извршени за време на руската инвазија, соопшти Европскиот совет, кој ги претставува 27-те земји-членки на Унијата.

16:19 – Рјабков: Транспортот на оружје меѓу САД и НАТО преку украинска територија ќе се смета за легални воени цели

Русија ќе ги смета американските и возилата на НАТО кои превезуваат оружје на украинска територија како „легални воени цели“, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

16:05 – Песков: Изјавите на Бајден дека руската политика во Украина е геноцидна е обид за искривување на ситуацијата

Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател, изјави дека Русија не се согласува со изјавата на американскиот претседател Џо Бајден дека руската политика во Украина е геноцидна.

15:54 – Кремљ му одговори на Зеленски за апсењето на Виктор Медведчук

Кремљ одговори на барањето на Украина да го замени заробениот политичар Виктор Медведчук со Украинци притворени во Русија.

14:17 – Путин: Непријателските земји ги уништуваат синџирите на снабдување на Арктикот

Рускиот претседател Владимир Путин присуствуваше на виртуелен состанок на кој се разговараше за економските и развојните прашања на арктичките територии на Русија и северниот поморски пат, јави Би-Би-Си.

13:47 – Шведска сака да стане членка на НАТО уште оваа година

Шведска ќе поднесе барање за членство во НАТО, објави шведскиот медиум Свенска Дагбладет.

12:13 – Официјален Киев нема информации за предавањето на украински маринци во Маирупол

Портпаролот на украинското Министерство за одбрана, Олександр Мотузјаник денеска изјави дека нема информации за предавање на украинската поморска бригада во Мариупол.

12:12 – Берлин е незадоволен од одлуката на Зеленски да не го прими германскиот претседател

Германскиот политички врв денеска реагираше со чудење и неразбирање за одбивањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски да го прими во посета германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер.

11:16 – Финска почна јавна дебата за можен влез во НАТО

Финска денеска ја почнува дебата што може да доведе до тоа земјата да поднесе барање за членство во НАТО во рок од неколку недели, јави Би-Би-Си.

11:11 – САД се подготвени да ја разгледаат можноста за снабдување на Украина со оружје со среден дострел

САД се подготвени да ја разгледаат опцијата за снабдување на Украина со оружје со среден дострел, што ќе може да погоди аеродроми во Русија, изјави американската заменик министерката за одбрана Кетлин Хикс.

11:05 – Макрон најави нови разговори со Путин и Зеленски

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска најави дека планира во наредните денови да оствари нови телефонски разговори со рускиот и украинскиот претседател Владимир Путин и Владимир Зеленски.

10:30 – Лукашенко: Белорусија и Русија градат единство на две независни држави

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека е уверен оти Белорусија и Русија ќе изградат единство на две независни држави.

10:04 – Верешчук: Денеска без хуманитарни коридори, Русите ги блокираат автобусите за цивилите

Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук изјави дека денеска нема да биде можно да се отворат хуманитарните коридори за евакуација на цивилите од опколените градови.

09:59 – Гардијан: Русите ги префрлаат своите сили во источна Украина

Русија концентрира војници и опрема во најмалку три региони во близина на источната граница на Украина, покажуваат сателитски снимки, пренесува Гардијан.

08:54 – Претседателите на Летонија, Литванија, Естонија и Полска во посета на Киев

Претседателите на балтичките држави и на Полска денеска ќе го посетат Киев и предвидено е да се сретнат со шефот на украинската држава Володимир Зеленски.

08:43 – Кадиров: Во Мариупол се предадоа над 1.000 украински војници

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави дека повеќе од 1.000 украински маринци се предале во опколениот пристанишен град Мариупол и ги повика преостанатите сили заробени во челичарницата „Азовстал“ да го сторат истото, пренесоа британските медиуми.

08:38 – Зеленски: Русите претрпеа ненадоместливи загуби

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека руските сили претрпеле ненадоместливи загуби во инвазијата врз Украина.

08:37 – Руска Амбасада во Вашингтон: Ние немаме хемиско оружје од 2017 година

Руската амбасада во Вашингтон ги отфрли како „неосновани“, тезите на портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс, околу можноста за руско користење на хемиско оружје во Украина, јави агенцијата Тасс

08:36 – Би-Би-Си: Масакрот на железничката станица во Краматорск е изведен со забранети касетни бомби

Би-Би-Си тврди дека постојат докази дека масакрот на железничката станица во Краматорск бил изведен со касетни бомби, чија употреба е забранета со меѓународното право.

08:35 – Архамија: Украина не ги менува ставовите

Шефот на украинската преговарачка делегација Давид Арахамија изјави дека Киев во преговорите со Руската Федерација се придржува до Истанбулското коминике и не ги промени ставовите.

08:34 – Зеленски сака да го замени Медведчук за Украинци во руско заробеништво

Предлагам со Руската федерација да направиме замена, нивното момче за нашите момчиња и девојчиња кои се во руско заробеништво. Ова е предлогот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, што го даде доцна синоќа во своето обраќање до јавноста.

08:28 – Франција запленила руски имот во вредност од 23,7 милијарди евра

Франција досега на своја територија запленила руски имот во вредност од 23,7 милијарди евра, вклучувајќи недвижен имот вреден 573,6 милиони евра, пренесува Бета.

08:26 – Украина издаде антируски поштенски марки

Украинскиот отпор кон руската инвазија доби поддршка и во форма на нови поштенски марки.

08:25 – Организацијата за забрана на хемиско оружје внимателно ја следи ситуацијата во Украина

Организацијата за забрана на хемиско оружје (OPCW) е загрижена поради неодамнешните непотврдени извештаи за употреба на хемиско оружје во Мариупол, соопшти Организацијата.

08:16 – Бајден: Руската инвазија врз Украина е геноцид

Американскиот претседател Џо Бајден вчера првпат изјави дека рускиот претседател Владимир Путин извршил геноцид во Украина, додавајќи дека конечната одлука ќе ја донесат адвокатите по меѓународно ниво.

13/04/2022

21:10 – Пентагон: Не можеме да потврдиме употреба на хемиско оружје во Мариупол

САД внимателно ги следат извештаите за руски хемиски напад во Мариупол но засега не можат да ги потврдат исказите низ социјалните мрежи, изјави денеска на брифинг за новинарите Џон Кирби, портпарол на Пентагон.

20:03 – Украински граничари: Повеќе од 870.000 Украинци се вратиле дома од почетокот на војната

Повеќе од 870.000 Украинци се вратиле дома од почетокот на војната, вклучувајќи жени и деца, соопшти денеска украинската гранична служба.

19:49 – Украински власти: Преговорите со Русија се исклучително тешки

Преговорите со Москва за руско-украинскиот мировен договор се „исклучително тешки“, изјави денеска советникот на украинското претседателство Михаил Подољак, откако рускиот претседател Владимир Путин го осуди „недостигот на кохерентност“ на Украинците кој „создава тешкотии“.

18:13 – Германскиот претседател не е добредојден во Украина

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска изјави дека понудил да ја посети Украина со други лидери на членки на ЕУ, но Киев му кажал дека негова посета е „непожелна“.

16:55 – Градоначалник на Буча: Пронајдени телата на 403 цивили

Градоначалникот на украинскиот град Буча, во близина на Киев, изјави дека властите досега пронашле 403 тела на луѓе за кои се верува дека биле убиени од руските сили за време на окупацијата на областа. Сепак, Анатолиј Федорук дополнува дека бројот на пронајдени тела се уште се зголемува.

16:37 – Киев: Руски хакери се обиделе да ја саботираат украинската електрична мрежа

Руски хакери минатата недела се обиделе да извршат кибер-напад врз електричната мрежа на Украина, соопштија денеска украинските власти и истражителите за кибер-безбедност.

15:28 – Путин вели дека воените цели на Русија во Украина се „благородни“ и ќе бидат остварени

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека воените цели на неговата земја во Украина се „благородни“ и дека ќе бидат остварени, јави руската државна новинска агенција Тасс, пренесе Си-Ен-Ен.

15:14 – Командантот на „Азов“ во Мариупол вели дека неколкумина се погодени од „отровна супстанција од непознато потекло“

Командантот на украинската единица што го брани пристанишниот град Мариупол денеска објави видео изјава, велејќи дека неколку луѓе биле погодени од „отровна супстанција од непознато потекло“, а во однос на извештаите за наводен руски хемиски напад.

13:38 – Зеленски ја повика Европската унија да ги интензивира економските санкции кон Русија

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски говорејќи пред членовите на литванскиот Парламент ја повика Европска Унија да ги зајакне економските санкции кон Русија.

13:11 – Обединетите Нации бараат независна истрага за силувањата во Украина

ОН бараат независна истрага за силувањата и сексуалното насилство во војната на Москва во Украина, по извештаите дека се повеќе цивили биле цел на руските војници.

13:09 – Околу 50 тони хуманитарна помош од Црвениот крст на Грција заминаа за Украина

Црвениот крст на Грција, утрово од Атина ја испрати четвртата хуманитарна помош до Украина, овој пат околу 50 тони.

12:43 – ВИДЕО: Објавена снимка од голем руски конвој кој се движи кон Донбас

Вчера на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа голем руски конвој со воени возила, а Си-Ен-Ен го геолокализираше и потврди дека е снимката е направена во рускиот регион Ростов.

12:43 – ВИДЕО: Азов објави снимка со наводни детали за нападот со хемиско оружје

Полкот Азов, кој се бори против руските сили во опколениот Мариупол, денеска на Телеграм објави видео со детали од синоќешниот наводен хемиски напад.

12:36 – Путин: Невозможна е изолација на огромна држава како што е Русија

Рускиот претседател Владимир Путин денеска се осврна на влијанието на западните санкции кон Москва, истакнувајќи дека е невозможна целосна изолација на земјата.

12:05 – Европската унија определи дополнителни 3,5 милијарди евра за сместување на бегалците од Украина

Советот на ЕУ донесе одлука според која до крајот на 2022 година на земјите-членки ќе им бидат достапни дополнителни 3,5 милијарди евра за предфинансирање на потребите на бегалците од Украина кои се на нивни територии.

10:58 – Проруските сепаратисти демантираат дека употребиле хемиско оружје

Проруските сепаратистички сили во регионот на Доњецк негираат дека употребиле хемиско оружје во Мариупол, јавија руските медиуми.

09:53 – Нокиа се повлекува од Русија

Нокиа, производителот на телекомуникациска опрема, се повлекува од рускиот пазар. Ова за Ројтерс го потврди шефот на менаџментот на Нокиа, Пека Лундмарк.

09:26 – ВИДЕО: Русите објавија снимка од уривање на украински дрон Бајрактар

Руското Министерство за одбрана тврди дека екипажот на фрегатата од Црноморската флота во близина на западниот брег на полуостровот Крим уништил украински беспилотно летало Бајрактар.

09:17 – Лондон ги проверува тврдењата за евентуален хемиски напад во Мариупол

Велика Британија се обидува да ги потврди наводите дека руските сили употребиле хемиско оружје во нападот на украинскиот стратешки пристаништен град Мариупол, што е под опсада повеќе од еден месец, соопшти синоќа британското Министерство за надворешни работи.

09:15 – Верешчук: Мариупол ќе може да се напушти само со приватни автомобили

Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук денеска изјави дека се договорени девет хуманитарни коридори за евакуација на цивили, меѓу кои и од опколениот град Мариупол, но само со приватни автомобили.

08:28 – Борбите во Украина ќе се интензивираат во следините две до три седмици тврди британското разузнавање

Борбите во Украина ќе се интензивираат во следните две до три недели, предвидува британското воено разузнавање во најновиот извештај објавен од британското Министерство за одбрана.

07:56 – Меѓурелигиска делегација денеска во знак на солидарност ќе ја посети Украина

Меѓународна делегација верски лидери денеска ќе ја посети Украина во знак на солидарност со украинскиот народ.

07:52 – ВИДЕО: Зеленски предупредува дека Русија може да употреби хемиско опружје во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ноќеска изјави дека Русија може да употреби хемиско оружје во Украина и го повика Западот да воведе силни санкции за Москва да не се осмели да зборува за употреба на таквото оружје.

07:49 – Во Мариупол се убиени над 10 илјади цивили тврди градоначалникот

Градоначалникот на опколениот и разурнат Мариупол изјави за АП дека најмалку 10.000 цивили загинале во тој град на југот на Украина од почетокот на инвазијата.

07:45 – Повеќе од четири милиони украински деца морале да ги напуштат домовите поради инвазијата

Речиси две третини од украинските деца ги напуштиле своите домови во последните шест недели поради руската инвазија, објави Агенцијата за деца на ОН (УНИЦЕФ).

12/04/2022

21:55 – Украинската вицепремиерка вели дека Русите заробиле 1.700 Украинци, вклучувајќи 500 жени

Русија и проруските сепаратисти заробија 1.700 луѓе, изјави украинската вицепремиерка Ирина Верешчук.

21:37 – Борел: Русија доживеа голем неуспех

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел изјави дека војната во Украина е голем неуспех за Русија.

20:31 – Саливан: Новиот руски командант би можел да користи тактика на „изгорена земја“

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан изјави дека назначувањето на рускиот генерал наречен „Касапот на Сирија“ за да ја надгледува војната во Украина е „конзистентно“ со начинот на кој Русија води војна.

19:21 – Лавров: Нашата цел е да ставиме крај на целосната доминација на САД

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва нема да ги прекине, како што ги нарекува, воените операции до следната рунда мировни преговори со Украина.

18:25 – Сепаратистите поддржани од Москва тврдат дека го контролираат пристаништето Мариупол

Водачот на самопрогласената Народна Република Доњецк во источна Украина, поддржан од Русија, изјави дека сепаратистичките сили ја презеле контролата врз пристаништето во југоисточниот град Мариупол.

18:07 – Северна Кореја ги осуди САД поради исфрлањето на Русија од Советот за човекови права на ОН

Минатата недела Русија беше суспендирана од водечкото тело за човекови права на Обединетите нации – Советот за човекови права – по гласањето од страна на членовите. Ова следеше по зголемените докази дека руските сили убивале цивили во Украина.

17:45 – По нападот на железничката во Краматорск во болница сè уште се 92 лица, меѓу кои 17 деца

По нападот во петокот на железничката станица во Краматорск, во Доњецк, во кој загинаа 57 луѓе, во болница се наоѓаа 92 лица. Меѓу нив 17 се деца, соопшти денеска регионалниот гувернер.

17:44 – Заврши средбата Путин-Нехамер 

Разговорите беа „директни, отворени и тешки“, изјави австрискиот канцелар Карл Нехамер по денешната средба со рускиот претседател Владимир Путин.

16:51 – Половина од Украина има потреба од расчистување мини

Претставник на Државната служба за вонредни состојби Олег Бондар соопшти дека околу половина од територијата на Украина треба да се расчисти од нагазни мини.

16:19 – Почна средбата меѓу австрискиот канцелар и рускиот претседател

Почна средбата на австрискиот канцелар Карл Нехамер со неговиот руски колега Владимир Путин, јавуваат австриските медиуми.

15:50 – Лавров: Русија нема да ја паузира воената операција во Украина за нови рунди мировни преговори

Русија нема да ја паузира воената операција во Украина за нови рунди мировни преговори, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

15:02 – Липавски: Светските лидери да вложат максимални напори да ја олеснат ситуацијата во Украина

Чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски денеска изјави дека светските лидери „мора да вложат максимални напори барем малку да ја олеснат ситуацијата“ во Украина.

14-12 – Зеленски: Не сум подготвен да дадам било кој дел од Украина во замена за мир

Во интервју за Си-Би-Ес, Влодомир Зеленски исто така вели дека никогаш нема да го признае Крим како руска територија, и покрај тоа што полуостровот беше анектиран од Русија во 2014 година.

13:53 – Полските власти ја запленија „Шпиунската населба“ во Варшава што ја користеа советски и руски дипломати

Судски извршител денеска во име на властите во Варшава од Руската Федерација го презеде спорниот блок згради што Советскиот Сојуз, а подоцна и Русија, го користеа како луксузен хотел и резиденции за свои дипломати во полскиот главен град.

13:48 – Руската новинарка која ја критикуваше војната доби работа во Германија

Руската новинарка Марина Овсијаникова, која стана руска икона на отпорот против војната во Украина кога испрати силна порака среде вестите на про-Кремљ телевизија, во иднина ќе известува од Украина и Русија за германскиот дневен весник „ди Велт“, јави денеска весникот.

13:45 – Русија ги предупредува Финска и Шведска: Не влегувајте во НАТО

Евентуалниот прием на Шведска и на Финска во НАТО, нема да ѝ донесе стабилност на Европа, соопшти денеска Кремљ.

13:19 – Ериксон ги стопира сите бизнис активности во Русија

Шведскиот производител на телекомуникациска опрема Ериксон денеска соопшти дека го суспендира целиот бизнис во Русија, а тоа компанијата ќе ја чини 900 милиони шведски круни (95 милиони долари).

11:58 – Украина и Русија за денеска договорија девет хуманитарни коридори

Украинци ќе ги напуштат опколените источни региони, откако за денеска се договорени девет хуманитарни коридори од украински и руски официјални лица.

11:42 – ВИДЕО: Украинците објавија снимка од уништување руски конвој во Донецк

Украинската војска денеска објави ново видео на својот канал на Јутјуб, за кое тврди дека го прикажува уништувањето на руските тенкови во областа Донецк во источна Украина.

11:20 – ВИДЕО: Русите тврдат дека уништиле ракетни фрлачи кои Украина ги добила од европска земја

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека нивните сили уништиле ракетни фрлачи на противвоздушни С-300 испратени во Украина од европска земја.

11:02 – Европската унија ќе ја зголеми воената помош за Украина

Високиот претставник на Европска Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави дека ЕУ бара начини за зголемување на воената помош за Украина.

10:45 – Офанзивата на Русија во Донбас почна, изјави висок украински функционер

Најновата руска офанзива во Донбас веќе започна, изјави утрово висок украински функционер, додавајќи дека Русија продолжува да трупа сили во источниот регион на Украина.

10:00 – Денисова: Во Украина досега загинале 183 деца

Украинската народна правобранителка Људмила Денисова денеска на Фејсбук објави дека од почетокот на руската инвазија вкупно загинале 183 деца загинаа, а 342 се повредени.

09:10 – Русија би можела да почне целосна офанзива во источна Украина во следните неколку дена

Проруските сепаратисти војуваат со украинската армија во источниот регион Донбас од 2014 година. Неколку делови од регионот кој индустриски е многу важен се под руска контрола.

08:59 – Германската армија се подготвува за евакуација на повредени Украинци

Специјален авион на воздухопловните сили Ербас А310 МедЕвак треба да лета од военото воздушно поле Келн-Ван до Жешов во југоисточна Полска и да транспортира деца и возрасни на лекување во Германија.

08:03 – Тајмс: Финска и Шведска најверојатно летово ќе му се приклучат на НАТО

Лондонскиот весник „Тајмс“ објави дека Финска и Шведска се чини дека ќе се приклучат на НАТО уште ова лето.

08:00 – Зеленски: Оваа седмица ќе биде клучна

Украинскиот претседател Володомир Зеленски ноќеска упати предупредување до нацијата дека престојната седмица ќе биде клучна, ништо помалку важна од претходните како и и секоја останата седмица мината во војна.

07:58 – Кулеба: Немаше да има војна ако Украина беше членка на НАТО

Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба вчера изјави дека Германија и Франција во 2008 година направиле стратешка грешка кога се спротивставиле на членството на Украина во НАТО.

07:57 – Кадиров: Ви гарантирам дека ќе го заземеме Киев

Претседателот на руската република Чеченија, Рамзан Кадиров, изјави дека офанзивата во Украина нема да се спроведува само во Мариупол, туку и во главниот град Киев како и во другите украински градови.

11/04/2022

22:01 – Во нападот на Краматорск 57 загинати

Бројот на загинати во ракетниот напад на железничка станица во градот Краматорск се искачи на 57, соопшти регионалниот гувернер.

19:59 – Русија потврди дека е извршена размена на заробеници со Украина

Руската комесарка за човекови права Татјана Москалкова потврди дека Украина и Русија вчера размениле затвореници.

18:35 – Украински власти: Руски проектили целосно го уништија аеродромот во градот Днепар

Аеродромот во Днепар денеска двапати беше погоден од ракети, соопшти гувернерот на тој регион во Украина. Според него, целосно е уништен тој аеродром во четвриот по големина град во Украина.

18:33 – Саливен: Соединетите Држави се посветени на обезбедување на Украина со оружје за одбрана

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливен денеска изјави дека САД се посветени на Украина да и го дадат оружјето што и е потребно за да се одбрани од Русија.

18:27 – Нехамер утре на средба во Москва со Путин

Австрискиот канцелар Карл Нехамер утре во Москва ќе има средба со рускиот претседател Владимир Путин, потврди Федералната канцеларија во Виена.

18:08 – Ембарго за руска нафта и гас може да ја запре војната за неколку недели, вели поранешен советник на Путин

Андреј Иларионов, поранешен економски советник на рускиот претседател Владимир Путин, рече дека „целосното ембарго“ на западните земји на руските енергенси може да стави крај на војната во Украина.

17:56 – Кулеба: Германија и Франција направиле „стратешка грешка“ кога не и дозволиле на Украина да влезе во НАТО во 2008 година

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба денеска изјави дека Германија и Франција направиле „стратешка грешка“ кога не и дозволиле на Украина да влезе во НАТО во 2008 година.

17:56 – На плоштадот во Хелсинки, детски чевли за убиените деца во Мариупол

Во главниот град на Финска, Хелсинки, Украинската асоцијација постави многу детски обувки на еден од плоштадите, а покрај детските чевли, на плоштадот има и плишани играчки и жолти комбинезони.

17:44 – Украина: Русите украле смртоносни радиоактивни материи од Чернобил

Украина соопшти дека руските сили кои ја окупирале поранешната нуклеарна централа во Чернобил украле радиоактивни материи од истражувачките лаборатории кои би можеле да ги убијат, пишува Си-Ен-Ен.

17:41 – ЕУ ќе разговара за шестата рунда санкции кон Русија

Министрите за надворешни работи на ЕУ утре ќе разговараат за шести круг санкции кон Москва поради инвазијата врз Украина, но блокот останува поделен околу забраната за увоз на руски гас и нафта.

16:50 – Пронајдени над 1.200 тела во регионот Киев, тврди украинската главна обвинителка

Украинската јавна обвинителка Ирина Венедиктова денеска изјави дека досега се пронајдени 1.222 тела во регионот околу главниот град Киев.

15:50 – Британците објавија нова мапа: Важни промени, Украина е во контранапад

Британското Министерство за надворешни работи објави нова мапа заснована на сопствени разузнавачки информации за ситуацијата на боиштата низ Украина.

15:36 – На Русите кои копале ровови кај Чернобил им се заканува смрт, еден веќе загинал

Руските војници кои го освоија Чернобил и ископаа ровови во близина на нуклеарната централа ширеле радиоактивен материјал низ централата, а еден војник со голи раце го носел изворот на радијација, пишува британски Телеграф.

15:32 – ВИДЕО: Украинците објавија видео од уништување на руско складиште за муниција

Украинската армија објави ново видео на Фејсбук. Тие тврдат дека уништиле руско складиште за оружје на истокот.

15:27 – Финска се подготвува за историски пристап во НАТО

Финска се подготвува до крајот на јуни за потенцијално историска одлука за својата кандидатура за членство во НАТО, со цел да ја одврати руската агресија, пишува денеска АФП.

15:18 – Поглаварот на Руската православна црква: Руси, поддржете го Путин

Поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил ги повика граѓаните да ги поддржат руските власти кои спроведуваат воена интервенција во Украина

15:16 – Во бомбардирањето оштетен стадионот во Чернихив

Од руско гранатирање е оштетен и стадионот на фудбалскиот клуб Десна во Чернихив, известија украинските медиуми.

15:14 – Украина: Има мртви во бомбардирањето околу Харков

Регионалниот гувернер на регионот Харков изјави дека две лица загинале, а неколку се повредени во градот Дерхачи.

15:14 – Украинците објавија нови податоци, тврдат дека убиле повеќе од 19.300 Руси

Украинската војска објави нови проценки за руските загуби. Досега, тврдат тие, убиле над 19.300 Руси.

14:42 – Подољак: Состанок Зеленски-Путин по битката за Донбас

Советникот на претседателот на Украина Михаил Подољак денеска изјави дека претседателот Владимир Зеленски најверојатно ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин дури по, како што наведе, очекуваната голема битка за источен Донбас.

14:40 – Велика Британија би можела да воведе санкции за руски војници и генерали

Британскиот министер за полиција Кит Малтхаус денеска изјави дека Велика Британија би можела да воведе санкции за руски војници и генерали осомничени дека извршиле наводни воени злосторства во Украина.

13:27 – Зеленски имал телефонски разговор со Шолц

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска потврди дека имал телефонски разговор со германскиот канцелар Олаф Шолц околу можноста за воведување дополнителни санкции против Русија.

13:27 – Папата повика на велигденско примирје во Украина

Папата Франциск денеска повика на велигденско примирје во Украина, што ќе доведе до преговори и конечен мир.

12:03 – Руските сили го уништија штабот на националистичкиот баталјон „Дњепар“

Руските вооружени сили го уништија штабот и базата на националистичкиот баталјон „Дњепар“ со проектили со висока прецизност, изјави денеска портпаролот на Министерството за одбрана, Игор Конашенков.

11>38 – ВИДЕО: Русите објавија снимка, тврдат дека со хеликоптери уништиле украински конвој

Руското Министерството за одбрана на Телеграм објави видео на кое како што тврди се прикажани нивните хеликоптери кои уништиле украински конвој составен од различни борбени возила.

10:02 – Украина се согласи на девет хуманитарни коридори во источниот дел од земјата

Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук денеска изјави дека Киев се согласил за девет хуманитарни коридори, со цел да им помогне на луѓето да избегаат од жестоките борби во источниот дел на земјата.

09:20 – Зеленски: Руската агресија нема да запре во Украина, на мета е цела Европа

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека мета на руската агресија е цела Европа и дека запирањето на инвазијата врз Украина е од суштинско значење за безбедноста на сите демократии.

08:15 – „Стандард и Пурс“ го намали рејтингот на Русија

Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“ ја намали оценката за способноста на Русија да го отплати надворешниот долг.

07:55 – Берлускони е „длабоко разочаран“ од однесувањето на Путин

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони изјави дека е „длабоко разочаран и тажен“ од однесувањето на рускиот претседател Владимир Путин, објави Би-Би-Си.

07:52 – Источно од Харков, сателит снимил голем руски конвој

Сателитски снимки направени и анализирани од Maxar Technologies покажуваат десет километри долг руски воен конвој источно од Харков.

10/04/2022

21:23 – ВИДЕО: Објавена е снимка од прошетката на Борис Џонсон низ Киев

Џонсон е последниот во серијата странски лидери што го посети Киев откако руските сили се повлекоа од областа северно од главниот град пред нешто повеќе од една недела. Неговата посета не беше најавена претходно.

21:16 – Русите и Украинците разменија заробеници

Украина размени заробеници со Русија, што е трета таква размена од почетокот на војната, изјави украинската вицепремиерка Ирина Верешчук.

21:11 – ВИДЕО: Азов објави снимка од уништување на руско возило

Украинскиот баталјон Азов, екстремно десничарска доброволна пешадиска воена единица, објави снимка од уништување на руско воено возило.

19:50 – Британија ќе испрати 120 оклопни возила и нови противбродски ракетни системи во Украина

Велика Британија ќе испрати 120 оклопни возила и нови противбродски ракетни системи за поддршка на Украина во нејзината борба против руската инвазија, соопшти Даунинг стрит.

18:57 – Фон дер Лајен: За Украина се собрани 10,1 милијарда евра

Како дел од меѓународната кампања за собирање средства за поддршка на Украина, собрани се 10,1 милијарди евра, објави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во Варшава.

18:14 – Полска ги замрзнува односите со Унгарија: „Орбан има потреба од офталмолог“

Полска одлучи да ги замрзне односите со Унгарија во однос на нејзината позиција за Украина.

18:02 – Воени бродови на САД и Русија „на нишан“ во Јонското море

Со денови во Медитеранот се одвива многу чувствителен американско-руски маневар – пренесуваат светските медиуми текст од италијанскиот весник ilGiornale.it

17:49 – Хрватска ќе обезбеди уште 100 милиони евра за помош на украинските бегалци

Хрватска ќе ја зголеми помошта за пријателскиот украински народ и ќе обезбеди дополнителни 100 милиони евра како дел од иницијативата Global Citizen Impact за помош и грижа за украинските бегалци, објави денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

16:52 – Русија спроведе воени вежби во Калининград

Русија организираше денеска воени вежби во Калининград, руска енклава на Балтичкото Море меѓу Полска и Литванија, соопшти Командата на Балтичката флота, неколку дена откако висок руски функционер ги предупреди европските земји да не преземаат акција против Калининград.

16:51 – Во Киев средба Зеленски – Џонсон

Британскиот премиер Борис Џонсон имаше средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на денешната посета на Киев, изјави помошник на украинскиот лидер.

16:05 – ОН: Повеќе од 4,4 милиони Украинци побегнале досега од војната

Повеќе од 4,4 милиони украински бегалци ја напуштија својата земја откако рускиот претседател Владимир Путин нареди инвазија на 24 февруари, според податоците на Агенцијата за бегалци на ОН.

16:03 – ЕУ ќе разговара за истрагите за воени злосторства во Украина со обвинителот на МКС

ЕУ ќе разговара за нејзината поддршка за истрагите за воени злосторства во Украина на состаноците во следните два дена со главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд, соопшти денеска Европската комисија.

15:59 – Украински министер за здравство: 21 болница уништени досега во руската инвазија

Повеќе од 20 украински болници се „целосно уништени“ поради руската инвазија на Украина, додека повеќе од 300 болници и други здравствени институции делумно се оштетени, рече министерот за здравство на таа држава.

15:11 – Зеленски: Украина „се уште е подготвена“ за разговори со Русија

Украина е „се уште подготвена“ да ги продолжи преговорите со Москва, кои се во застој по откривањето на злосторствата во Буча и другите области во близина на Киев, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

15:10 – Нехамер најавува „заострување на санкциите спрема Русија додека не прекине војната“

Австрискиот канцелар Карл Нехамер денеска во Киев, каде што разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски, истакна дека „новиот пакет санкции против Русија нема да биде последен, туку санкциите ќе се заоструваат додека не заврши војната“.

13:43 – Денисенко: Следна можна цел на руските напади се Киев и Одеса

Не можеме да ја исклучиме можноста дека Киев ќе биде следната етапа во нападите на руските војници, изјави денеска советникот на министерот за внатрешни работи на Украина, Вадим Денисенко.

12:57 – Заменик министерот за надворешни работи на Украина објави слики од ексхумацијата на масовните гробници во Буча

Првиот заменик министер за надворешни работи на Украина објави на Твитер слики од ексхумацијата на масовните гробници во Буча.

12:31 – Украинска вицепремиерка: Украина во јуни ќе добие кандидатски статус за членство во ЕУ

Украинската вицепремиерка задолжена за европска и евроатлантска интеграција, Олга Стефанишина изјави дека очекува Украина во јуни да добие кандидатски статус за членство во ЕУ.

12:29 – Гугл го блокираше каналот Дума ТВ на Јутјуб

Компанијата Гугл го блокираше каналот Дума ТВ на Јутјуб, соопшти руската Државна дума.

11:39 – Русија: Уништено е големо украинско складиште за муниција

Руските сили синоќа уништија складиште за муниција во воздухопловната база Миргород во централниот дел на Украина, а во нападот на базата во регионот Полтава се уништени авион МиГ-29 и хеликоптер Ми-8 на украинските воздухопловни сили.

11:33 – Британија: Забранет лет за авионот на рускиот милијардер Швидлер

На приватниот авион во сопственост на рускиот милијардер Евгениј Швидлер му е забрането да лета во Велика Британија, соопштија властите.

10:32 – Британското Министерство за одбрана објави нов извештај

Руските операции продолжуваат да се фокусираат на регионите Донбас, Мариупол и Миколаев, соопшти британското Министерство за одбрана.

10:26 – Објавено писмо од момче од Украина кое заглавило во автомобил со неговата мртва мајка

„Мамо, ти благодарам за најдобрите девет години од мојот живот. Ти благодарам многу за моето детство. Никогаш нема да те заборавам. Ти ветувам дека ќе бидам добар за еден ден да се видиме во рајот”, е дел од писмото кое на својот Твитер профил го пренесе украинската пратеничка Лесија Василенко.

09:29 – Во Украина убиени 176 деца

Околу 176 деца биле убиени за време на руската инвазија на Украина, соопшти канцеларијата на главниот државен обвинител на Украина.

09:19 – Украина ќе евакуира цивили преку 10 хуманитарни коридори

Украинските власти денеска ќе евакуираат цивили преку 10 хуманитарни коридори, изјави вицепремиерката Ирина Верешчук.

08:24 – Пентагон: Илјадници дополнителни руски војници во близина на Харков, борбите би можеле да бидат крвави

Илјадници руски војници се распоредени во близина на украинскиот град Харков, изјави вчера висок американски воен претставник.

08:07 – Русија ги затвора сите канцеларии на Амнести Интернешнал и Хјуман Рајтс Воч

Русија ги затвора сите канцеларии на најмалку 15 меѓународни организации, вклучувајќи ги Хјуман Рајтс Воч, Амнести Интернешнал и Фондацијата Карнеги за меѓународен мир.

08:06 – Пентагон: Русија го изврши нападот во Краматорск со балистичка ракета

Русија ја погоди железничка станица во Краматорск со балистичка ракета, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.

08:05 – ЕУ воведува бесплатен роаминг за украинските бегалци

Дваесет и четири мобилни оператори од ЕУ и три украински телекомуникациски компании потпишаа договор за обезбедување бесплатен роаминг за време на меѓународни разговори меѓу ЕУ и Украина

08:04 – Над 132 тела на цивили се пронајдени во масовни гробници во Макарив

Најмалку 132 тела на цивили се пронајдени во украинскиот град Макарив, изјави градоначалникот на градот Вадим Токар.

09/04/2022

21:38 – Пентагон: Русија за војната во Украина се обидува да регрутира над 60.000 војници

Висок претставник на американското Министерство за одбрана денеска изјави дека САД „имаат индиции дека Русија сака да регрутира повеќе од 60.000 војници“.

20:58 – Фон дер Лајен вети забрзани први чекори за Украина кон членство во ЕУ

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска му вети на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека првите чекори на Украина кон членството во ЕУ ќе бидат забрзани.

20:41 – Атрошенко: Во рускиот напад врз Чернихив има најмалку 700 мртви

Најмалку 700 лица се убиени за време на рускиот напад врз северниот украински напад Чернихив, изјави денеска градоначалникот Владислав Атрошенко, додека ОН сè уште не објавуваат податоци за зоните од кои се повлече руската армија.

20:03 – Русија за нападот во Краматорск: Украинците сакаа да ги спречат цивилите во бегството, за да можат да го користат како жив штит

Руското Министерство за одбрана денеска ја обвини украинската војска дека го извршила утринскиот смртоносен ракетен напад врз железничката станица во Краматорск во кој загинаа 50 цивили.

19:29 – Бајден: Нападот врз железничка станица во Краматорск е последното ужасно руско злосторство

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ја обвини Русија дека стои зад ракетниот напад врз железничката станица во источниот украински град Краматорск, опишувајќи го инцидентот како „ужасно злосторство“.

19:22 – Шолц: Државите од ЕУ да прифатат повеќе украински бегалци

Германскиот канцелар Олаф Шолц ги повика другите западни земји кои се наоѓаат „подалеку од Украина“ да примат повеќе бегалци.

19:06 – Венедиктова: Нападот во Краматорск е злосторство против човештвото

Украинската државна обвинителка Ирина Венедиктова денеска изјави дека утринскиот ракетен напад на железничката станица во источниот град Краматорск, што беше преполна со луѓе кои се обидуваа да се евакуираат, е „злосторство против човештвото“.

18:36 – Русија покрена кривична истрага за нападот во Краматорск

Рускиот истражен комитет покрена кривична истрага за ракетниот напад на украинската армија со проектили од типот Точка-У врз Краматорск, при што загинаа најмалку 50 лица, соопшти денеска прес-службата на Истражниот комитет.

18:27 – Украински форензичари почна ексхумација на тела од масовна гробница во Буча

Форензичари денеска почнаа ексхумација на тела од масовна гробница во украинскиот град Буча, завиткувајќи ги во црна пластика и изложувајќи ги телата на цивилите, за кои официјални лица тврдат дека загинале за време на руската инвазија.

18:06 – Фон дер Лајен во Буча: Овде се случи нешто незамисливо

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен го посети денеска украинскиот град Буча, во близина на Киев.

17:53 – Хакери упаднаа во фејсбук-профилите на украинската армија и ги повикаа војниците да се предадат

Хакери упаднаа во воените фејсбук-профили на Украина во обид да ги принудат војниците да се предадат, објави компанијата Мета, во чија сопственост е Фејсбук.

17:45 – Мишел закажа вонреден самит на ЕУ за Украина кон крајот на мај

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска најави дека кон крајот на мај ќе се одржи вонреден самит на земјите-членки на ЕУ што ќе биде посветен на одбраната, енергијата и на Украина.

17:37 – Поранешни бугарски пратеници со црвена боја ја испрскаа таблата на Амбасадата на Русија во Софија

Поранешните бугарски пратеници и лидери на новоформираната партија „Ние доаѓаме“, Арман Бабикјан и Николај Хаџигенов, кои ги организираа протестите против владеењето на Бојко Борисов во 2020 година, денеска со црвена боја ја испрскаа таблата на руската Амбасада во Софија.

17:20 – Русија протера 45 вработени во полската амбасада и двајца бугарски дипломати

Русија протера 45 вработени во полската амбасада и членови на конзуларниот персонал, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

17:06 – Русија и Украина и натаму се согласуваат на преговори во Турција

Русија и Украина и натаму се согласуваат разговорите да ги водат во Турција и покрај неодамнешното насилство на теренот, изјави денеска висок турски функционер.

16:51 – Светот згрозен од масакрот на цивили на железничката станица во Краматорск

Голем број високи западни функционери остро го осудија нападот на железничката станица во Краматорск во Украина, во кој, според моментално достапните податоци, загинаа 39 цивили, меѓу кои и две деца.

16:37 – Хегер: Словачка и донираше на Украина противракетен систем С-300

Словачка и донираше на Украина моќен систем за противвоздушна одбрана С-300 како мала помош во одбраната од руската агресија, изјави денеска словачкиот премиер Едуард Хегер.

16:31 – Шпанија: Се плашиме дека војната во Украина ќе биде долга и сурова

Министерката за одбрана на Шпанија, Маргарита Роблес, денеска изјави дека очекува долга и сурова војна во Украина.

15:23 – Лавров: Преговорите меѓу Русија и Украина не се одвиваат без проблеми

Преговорите меѓу Москва и Киев не се одвиваат без проблеми, но Русија ќе се обиде да ги постигне сите свои цели, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на прес-конференција по разговорот со неговиот ерменски колега Арарат Мирзојан.

15:02 – Кириленко: Руските сили користеле касетна муниција во Краматорск

Гувернерот на Доњецката област, Павло Кириленко, денеска ги обвини руските сили за употреба на касетна муниција при нападот на железничката станица во градот Краматорск, во кој загинаа најмалку 39 лица.

12:52 – Велика Британија воведе санкции за ќерките на Путин

Велика Британија воведе санкции за двете возрасни ќерки на рускиот претседател Владимир Путин, јави Би-Би-Си.

12:48 – ЕУ: И официјално прифатен петтиот пакет санкции против Русија

Земјите-членки на ЕУ денеска официјално го потврдија усвојувањето на петтиот пакет санкции против Русија во обид да се зголеми притисокот врз Москва да ја запре агресијата.

12:38 – Русија негира дека извршила напад врз железничка станица во Краматорск

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека не извршиле напад врз железничка станица во источна Украина, за кој локален спасувач изјави дека се убиени најмалку 35 луѓе.

12:36 – Црна гора воведе санкции против Русија

Владата на Црна Гора во својот технички мандат на денешната седница усвои пакет рестриктивни мерки против Русија, изјави потпретседателот и мандатар Дритан Абазовиќ.

11:31 – Јапонија протерува осум руски дипломати

Јапонија денеска соопшти дека протерува осум руски дипломати и други функционери поради смртта на цивили во Украина, опишувајќи го притоа како „апсолутно неприфатливо“ руското кршење на меѓународното право.

11: 14 – ВИДЕО: Независен руски портал направи реконструкција на случувањата во Буча, убиствата се случиле кога Русите биле во градот

Независниот руски портал Медуза го реконструираше масакрот во Буча. Медуза дошла до снимката од дрон за која вели дека е направена во периодто меѓу 23 и 30 март, во време кога руските војници биле во градот.

10:55 – ВИДЕО: Гранатирана железничка станица во источна Украина, десетици мртви

Најмалку 30 лица загинаа денеска во ракетен напад врз железничка станица во источниот украински град Краматорск, што се користеше за евакуација на цивили.

10:23 – САД испратија неколку стотици дронови камикази во Украина

САД испорачаа повеќе од 12.000 противтенковски системи, 1.400 противвоздушни системи и неколку стотици дронови камикази во Украина, соопшти администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден.

10:22 – СЗО регистрира над 100 напади врз здравствени установи во Украина

Светската здравствена организација (СЗО) регистрираше повеќе од 100 напади врз здравствени установи во Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари.

09:51 – Германија пресретна комуникација со која се докажува злосторството во Буча

Белоруската Влада одобри список на непријателски земји, а на Националниот правен интернет портал денеска е објавена и резолуцијата на Советот на министри за тоа, јави Интерфакс.

09:41 – Гранатирана Одеса, Русија тврди дека е уништен камп на обука на странски платеници

Градскките власти на Одеса соопштија дека градот синоќа бил цел на ракетни напади. Информираат дека руските сили ја гранатирале Одеса од Црното Море.

09:13 – САД официјално го укинаа повластениот трговски статус на Русија и Белорусија

Американскиот Конгресот изгласа официјално укинување на привилегираниот трговски статус на Русија и Белорусија како одговор на војната во Украина, отворајќи го патот за воведување казнени тарифи за производи од двете земји.

08:40 – Урсула фон дер Лајен пристигна во Киев

Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен пристигна во Киев каде што ќе се сретне со украинскиот претседател Влодомир Зеленски.

08:31 – Руската војска го напушти северот на Украина

Руските трупи „целосно се повлекоа“ од северна Украина, се враќаа кон Белорусија и Русија соопшти Министерството за одбрана на Велика Британија.

08:27 – Европската унија одобри ембарго на увоз на јаглен и нови санкции кон Русија

Европската унија одобри ембарго за увоз на руски јаглен и затворање на пристаништата за руските бродови. Мерката ќе стапи на сила во средината на август, еден месец подоцна од првично планираното, по притисокот од Германија да го одложи спроведувањето на одлуката, објави Ројтерс.

08:19 – (ВИДЕО) Вучиќ: Путин не е луд, а над Србија лебди закана за санкцици и стопирање на европскиот пат

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин траел долго, дека разговарале за сè и дека Путин „не е луд“.

08:13 – Украина: Нема веќе руски војници во Суми

Руските трупи го напуштија регионот Суми во североисточна Украина, соопшти Дмитро Живјицки, началникот на регионалната администрација.

08:07 – Бајден: Злосторствата во Украина се навреда за човештвото

Американскиот претседател Џо Бајден снимките по повлекувањето на руските трупи од делови на Украина ги нарече навреда за човештвото и го поздрави исклучувањето на Москва од Советот за човекови права на ОН.

08/04/2022

21:33 – ЕУ забрани увоз на руски јаглен и вотка

Сите 27 членки на Европската унија одобрија забрана за увоз на руски јаглен, дрва и вотка, пренесува DPA.

20:12 – Кремљ призна: Имаме значителни загуби во Украина, тоа е огромна трагедија за нас

Портпаролот на Владимир Путин, Дмитриј Песков, призна дека загубите на Русија во Украина се „значајни“.

19:41 – Руски нобеловец кој се противи на војната беше нападнат со црвена боја

Дмитриј Муратов, добитник на Нобеловата награда за мир и главен уредник на Новаја Газета, беше обоен во црвено од непознати напаѓачи во возот. Муратов се противи на руската инвазија на Украина.

19:06 – Марк Мили: На Украина испорачани 25.000 противвоздушни оружја од САД и од сојузниците

Украина доби околу 25.000 системи за противвоздушно вооружување од САД и нивните сојузници, што му помогна на Киев да не дозволи Русија да доминира во воздухот, изјави денеска началникот на Здружениот Генералштаб на вооружените сили на САД, генерал Марк Мили.

19:01 – Песков: Нема шанси Путин да заврши на суд

Портпаролот на Владимир Путин, Дмитриј Песков даде големо интервју за Sky News. За време на интервјуто, тој негираше дека руските сили извршиле воени злосторства во Украина, на што новинарот Марк Остин го праша дали Русија ќе соработува со истрагата на Меѓународниот кривичен суд за воените злосторства во Украина.

18:38 – Урсула фон дер Лајен утре ќе престојува во Киев

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок ќе престојува во посета на украинскиот главен град Киев, каде меѓу другите ќе се сретне со претседателот Володимир Зеленски.

18:36 – Блинкен: Мораме да претпоставиме дека Русите вршат повеќе злосторства во Украина

Американскиот државен секретар Антони Блинкен изјави денеска дека е веројатно руските сили да вршат повеќе „злосторства“ во делови на Украина, откако тела беа пронајдени во градот Буча.

18:07 – Генералното собрание на ОН ја суспендира Русија од Советот за човекови права

Деведесет и три земји денеска гласаа за суспендирање на Русија од Советот за човекови права на ОН поради злосторствата во киевското предградие Буча и други места во Украина.

17:35 – Швајцарија соопшти дека замрзнала осум милијарди долари руски средства

Швајцарските власти досега замрзнале руски средства во вредност од 7,5 милијарди швајцарски франци (8,03 милијарди долари) поради војната во Украина, изјави денеска Ервин Болингер од Државниот секретаријат за економски прашања.

17:32 – Црна Гора протера уште четворица руски дипломати

Црногорското Министерство за надворешни работи прогласи за персона нон грата уште четворица дипломати од Амбасадата на Руската Федерација во Подгорица. Тие имаат рок од седум дена да ја напуштат таа држава.

17:17 – Украински тенк нападна руски конвој

Според Украинците, дронот го снимил моментот кога украинскиот тенк нападнал околу осум руски оклопни возила во градот Нова Басан кај Киев.

16:37 – НАТО ќе испрати повеќе оружје во Украина, но не може да обелодени детали

По денешниот вонреден состанок на министрите за надворешни работи на НАТО заедно со шефот на украинската дипломатија, ветено му е на Киев повеќе оружје, но не НАТО не може да објавува детали за типот на оружје, јави дописничката на МИА од Брисел.

15:52 – Кулеба од НАТО земјите побара повеќе оружје

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, учествуваше на вонредниот министерски состанок во НАТО, од земјите членки побара повеќе оружје и построги санкции против Русија, јави дописничката на МИА од Брисел.

15:20 – Русија вели дека нацрт украинскиот мировен договор е „неприфатлив“

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров нагласи денеска дека нацрт-мировниот договор предложен од Киев на Москва содржи „неприфатливи“ елементи. Тој доаде дека Русија сепак ќе продолжи со преговорите и ќе работи на исполнување на сопствените безбедносни барања.

14:56 – Европскиот парламент бара ембарго за увоз на нафта, гас и јаглен од Русија

Европскиот парламент повика на уште посилни санкции на ЕУ против Русија, вклучително и целосен прекин на увозот на енергенси земја, а во мерките да биде вклучена и Белорусија.

14:35 – Лукашенко: Белорусија изврши специјална операција во Украина

Белорусија изврши специјална операција за ослободување белоруски државјани во Украина, соопшти денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко.

14:33 – Москва: Досега се воведени над 6.000 санкции против Русија

Досега против Русија се воведени повеќе од 6.000 санкции, изјави денеска рускиот премиер Михаил Мишустин.

14:17 – СЗО: Подготовка за можни „хемиски напади“ во Украина

Директорот на Регионалната канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге денеска изјави дека ова тело се подготвува за можни „хемиски напади“ во Украина.

13:45 – Проруските сепаратисти тврдат дека го контролираат центарот на Мариупол, Киев негира

Проруските сепаратисти во источна Украина тврдат дека во голема мера го контролираат центарот на опколениот пристанишен град Мариупол.

13:38 – Австралија воведе нови санкции и забрани за патувања за високи руски функционери

Австралија денеска објави воведување нови санкции за 67 руски функционери, така што вкупниот број „поединци и субјекти” на австралиската листа санкционирани достигна речиси 600.

13:38 – Повеќе од 2,5 милиони бегалци од Украина во Полска

Полската погранична служба денеска соопшти дека од почетокот на воените дејствија во Украина досега границата кон Полска ја преминале повеќе од 2,5 милиони бегалци.

12:53 – Зеленски во грчкиот Парламент: Слобода или смрт велеа вашите револуционери, слобода или смрт велиме и ние сега

Слобода или смрт велеа вашите револуционери, истото го велиме и ние сега, бидејќи се соочуваме со желба да се уништи Украина, порача претседателот на Украина Володимир Зеленски за време на неговиот говор, преку видеоконференција, во грчкиот Парламент.

11:45 – Австрија протерува четворица руски дипломати

Австрија протера четворица руски дипломати поради постапување на начин некомпатибилен со нивниот дипломатски статус, изјави денеска портпаролката на австриското Министерство за надворешни работи.

11:04 – Киев планира 10 хуманитарни коридори за евакуација на цивили во источна Украина

Украинската Влада ги повика цивилите да ги напуштат областите околу кои се водат борби во источниот дел на земјата и најави 10 хуманитарни коридори.

10:55 – Столтенберг и вети на Украина испораки на оружје

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг смета дека Алијансата не смее да прави разлика меѓу снабдувањето со одбранбено и офанзивно оружје за Украина и му вети на Кулеба дека ќе разговара за испорака на тешко оружје за НАТО.

10:15 – ВИДЕО: Русија обjави дека уништила складишта за гориво во четири украински града

Руските ракети во текот на ноќта уништија четири складишта за гориво во украинските градови Миколаев, Харков, Запорожје и Чухуив, соопшти руското Министерство за одбрана.

10:00 – Илјадници украински бегалци чекаат на границата со Мексико за да влезат во САД

Секој ден во САД влегуваат по околу 150 Украинци кои пристигнуваат со туристички визи во Мексико, од каде се упатуваат кон САД каде бараат засолниште, соопштува американската телевизиска станица „Си-Би-Ес“.

09:53 – Кулеба до НАТО: Дојдов по три работи, оружје, оружје и оружје

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска ги повика членките на НАТО да му го дадат на Киев сето оружје што му е потребно за борба против Русија.

09:18 – Њујорк Тајмс: Објавена е снимка која покажува како Украинци убиваат руски заробеници

Снимката објавена во понеделникот чија автентичност ја потврдил Њујорк тајмс, прикажува група украински војници кои убиваат заробени руски војници во село западно од Киев.

08:58 – Во НАТО има спорт околу идните акции против Русија тврди Њујорк Тајмс

Земјите-членки на НАТО не можат да се договорат за понатамошни чекори кон Русија поради ситуацијата околу Украина, јави Њујорк Тајмс.

08:47 – Во Финска конфискувани руски уметнички дела позајмени за изложби во Западна Европа

Финската царинска служба соопшти дека три пратки запленети на границата со Русија содржат уметнички дела од неколку руски музеи, кои биле позајмени за изложби во Западна Европа.

08:45 – Поднесена резолуција за исклучување на Русија од Советот за човекови права на ОН

САД и другите земји огорчени од руската воена инвазија врз Украина поднесоа резолуција за отстранување на Русија од Советот за човекови права на ОН.

08:04 – Во Мариупол се убиени повеќе од 5.000 цивили тврди градоначалникот

Градоначалникот на Мариупол изјави дека бројот на убиени цивили во градот е повеќе од 5.000.

07:55 – Пронајдени 11 тела во киевското предградие Хостомел

Вкупно единаесет тела се пронајдени во гаража во киевското предградие Хостомел, објави весникот „Украинска правда“ доцна синоќа, цитирајќи објава на Телеграм на поранешниот министер за внатрешни работи Арсен Аваков.

07:52 – Руските трупи комплетно се повлекоа од Киев и Чернихив

Руските трупи конечно се повлекоа од регионот на Киев и Чернихиф, соопшти висок функционер на Пентагон, пренесе Би-Би-Си.

07:50 – Зеленски: Имаме сознанија за илјадници исчезнати луѓе

Москва нема да ја избегне одговорноста за големиот број Украинци убиени во војната, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа, при своето полноќно видео обраќање.

07/04/2022

21:56 – Градоначалникот на Мариупол: Најмалку 5.000 жители загинаа

Најмалку 5.000 цивили загинаа во руските бомбардирања во југоисточниот украински град Мариупол, изјави градоначалникот Вадим Бојченко за време на тркалезната маса што се емитуваше денеска во живо на Фејсбук.

21:30 – Советничка на ОН: Негативно влијание на кризата во Украина врз Западен Балкан

Специјалната советничка на ОН за спречување на геноцид, Алис Ваириму Ндериту, предупреди на негативното влијание на кризата во Украина врз другите делови на Европа и повика на „превенција во регионот на Западен Балкан“, објави вечерва Гласот на Америка.

21:29 – Песков: Ако Европа го одбие гасот, ќе го продадеме на други земји

Ако цела Европа се откаже од рускиот гас, тогаш Русија ќе го продаде на други земји, изјави во интервју за францускиот телевизиски канал ЛЦИ портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

21:10 – Пентагон: САД обучуваат украински персонал со системот „Свичблејд“

Пентагон потврди дека САД обучуваат украински воен персонал за ракување со „Свичблејд“, оперативен тактички систем што испушта дронови со експлозив.

21:09 – Москва: Уништено складиште за гориво во регионот на Харков

Украинска база за складирање гориво во регионот на Харков е уништена од руски ракети, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

20:35 – Украина: Ракетирана железничка станица во источниот дел од земјата

Повеќе луѓе загинаа откако три ракети погодија железничка станица во источна Украина, оштетувајќи згради и шини, соопшти денеска Државната украинска железница.

20:06 – Русија се заканува со последици доколку биде суспендирана од Советот за човекови права на ОН

Русија ги предупреди земјите-членки на ОН дека доколку гласаат „за“ или бидат воздржани во врска со барањето на САД да биде суспендирана од Советот за човекови права, таа ќе го смета за „непријателски гест“ што ќе има последици за нивните билатерални односи, се вели во нотата, во која денеска имале увид некои западни медиуми.

19:31 – Денисова: Преку 400 жители на Хостомел се водат како исчезнати

Украинскиот омбудсман за човекови права Људмила Денисова денеска изјави дека повеќе од 400 жители на градот Хостомел се водат како исчезнати, по 35 дена окупација од страна на руските сили и се повика на изјавите на сведоците кои тврдат дека некои од нив биле убиени.

18:56 – САД нема да учествуваат на состаноците на Г-20 доколку присуствува Русија

Американската министерка за финансии Џенет Јелен изјави денеска дека САД нема да учествуваат на состаноците на Групата 20 (Г-20), која ја сочинуваат економски најразвиените земји, доколку присуствува Русија.

18:30 – САД со тужба против руски олигарх, низа акции против руските хакерски активности

Министерството за правда на САД и Федералното биро за истраги (ФБИ) денеска објавија истраги за спречување на руските криминални активности како хакерски напади и одбегнување на санкциите од страна на санкционирани лица, а по убиствата на цивилно население во Буча, Украина.

17:19 – Велика Британија воведе санкции против најголемата руска банка

Велика Британија воведе санкции за најголемата руска банка Сбербанк, јави Би-Би-Си.

Лондон исто така, се обврза да го прекине целиот увоз на руски јаглен и нафта до крајот на 2022 година.

17:03 – Чавушоглу: Очекуваме нови мировни преговори меѓу Русија и Украина

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека и покрај тешката ситуација очекува нови преговори меѓу Русија и Украина во наредниот период, јави дописничката на МИА од Брисел.

17:00 – САД воведоа санкции за ќерките на Путин и за сопругата и ќерката на Лавров

Белата куќа објави нов пакет санкции против голем број членови на руската политичка елита, меѓу кои и ќерките на рускиот претседател Владимир Путин и кон сопругата и ќерката на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

16:05 – Столтенберг се надева на одлука за нова воена помош за Украина

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг пред почетокот на дводневниот вонреден состанок на Алијансата денеска изрази увереност дека земјите- членки ќе се согласат за дополнителна воена помош за Украина, јави дописничката на МИА од Брисел.

16:03 – Киев повика на евакуација на источна Украина поради опасност од руски напад

Украина им порача на жителите во источните региони на земјата да се евакуираат „сега“ или „да ризикуваат смрт“ поради опасноста од руски напад.

15:07 – Василев: Можно е до крајот на денот руската амбасадорка да го прогласи за „персона нон грата“

Можно е до крајот на денот бугарската Влада да излезе со заеднички став за барањето руската амбасадорка Елеонора Митрофанова да се прогласи за „персона нон грата“, изјави вицепремиерот Асен Василев.

14:30 – Денисова: Најмалку 25 девојки и жени се силувани од руските војници во Буча

Украинската правобранителка Људмила Денисова денеска изјави дека руските сили во Буча силувале 25 жени и девојки.

14:29 – Норвешка протерува тројца руски дипломати

Норвешкото Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека протерува тројца дипломати од Руската амбасада во Осло, поради „активности кои се неспоиви со нивниот дипломатски статус“.

14:05 – ЕУ ќе ја забрза нострификацијата на украинските дипломи и сертификати

Европската Комисија издаде препорака за побрзо признавање на еквивалентноста на украинските академски и професионални сертификати и дипломи за бегалците од оваа земја

13:56 – Би-Би-Си: Наративот на Кремљ е дека санкциите се цена што Русија мора да ја плати за слободата

Можете да бидете сигурни дека Кремљ по однос санкциите како и во минатото ќе го користи истиот наратив – дека Западот изнаоѓа секакви изговори за да ја санкционира Русија, пишува Би-Би-Си.

13:47 – Вучиќ и Путин телефонски разговараа за енергетиката, трговијата и Украина

Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин честитајќи му ја изборната победа на неговиот српски колега Алексадар Вучиќ, разговараа за тешкотиите што ги има Србија за увоз на нафта, цената на гасот и за „операциите во Украина„, јави дописникот на МИА од Белград.

13:45 – Песков: Не планираме да го убиеме Зеленски

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков ги отфрли претпоставките дека руските власти сакаат да го убијат украинскиот претседател Володимир Зеленски, јави Бета.

13:05 – Мишел: ЕУ треба да им понуди азил на руските дезертери

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел денеска изјави дека земјите-членки на Европска Унија треба да разгледаат начини да им понудат азил на руските војници кои ќе го напуштат бојното поле.

13:04 – Папата го осуди „масакрот“ во Буча и го бакна украинското знаме

Папата Франциск го осуди „масакрот во Буча“ и го бакна украинското знаме за кое рече дека му било испратено од градот, за време на неговата неделна аудиенција во аудиториумот во Ватикан, јави Би-Би-Си.

12:40 – Зеленски: Русија го користи гладот како оружје

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во видеообраќањето пред ирскиот Парламент изјави дека Русија го користи гладот како оружје за освојување на територија.

11:46 – Грција протерува 12 руски дипломати

Генералниот секретар на грчкото Министерство за надворешни работи го известил рускиот амбасадор дека 12 дипломати се прогласени за „персона нoн грата“, бидејќи не се однесувале во согласност со меѓународните правила.

11:45 – Австрија засега нема да протерува руски дипломати

Австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг ги критикуваше одделните постапки на членките на ЕУ во врска со протерувањето руски дипломати.

11:12 – Фон дер Лајен при најавата на нови санкции за Москва: Она што Путин го нарекува ослободување, јас го викам воени злосторства

Европската унија ќе воведе дополнителни санкции кон Русија, покрај последниот пакет мерки објавен вчера, а кои најверојатно ќе вклучуваат мерки против увозот на руска нафта, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

11:02 – Мишел: ЕУ порано или подоцна ќе мора да се откаже од рускиот гас и нафта

Европската унија порано или подоцна ќе мора да се откаже од рускиот гас и нафта за да изврши дополнителен притисок врз Русија да ја запре агресијата врз Украина, изјави денеска претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

11:02 – Киев: Најмалку 167 деца убиени во Украина при руската инвазија

Најмалку 167 деца се убиени во Украина, а 279 се ранети, при руската инвазија.

11:00 – Турската Амбасада во Украина повторно почна со работа во Киев

Турција повторно почна со работа во Амбасадата во Киев која пред еден месец ја евакуираше поради безбедносни причини, се наведува во официјалното соопштение на Амбасадата објавено преку „твитер“.

10:19 – Волстрит Џурнал: САД веројатно со санкции и против ќерките на Путин

Белата куќа размислува за дополнителни санкции против двете ќерки на рускиот претседател Владимир Путин, како и против најголемата руска банка „Сбербанк“, јави Волстрит Џурнал.

10:19 – Во Холандија запленети 14 јахти согласно санкциите кон Русија

Холандските царински служби заплениле 14 јахти, како и 12 плповила во изградба, во рамки на санкциите воведени против Русија поради инвазијата врз Украина.

10:18 – Украинските власти во Луганск ги повикаа жителите да се евакуираат

Властите во источниот украински регион Луганск се надеваат дека денеска ќе ги евакуираат цивилите преку пет „хуманитарни коридори“ и ги повикаа жителите да заминат „додека е безбедно“.

08:59 – Њујорк Тајмс: Воздушна снимка од Буча прикажува убиство на велосипедист

Видеоснимка покажува како цивил, велосипедист е убиен од руски војници во Буча, објави Њујорк Тајмс.

08:26 – Британците се огласија за ситуацијата во Мариупол: Во градот се уште се водат жестоки борби

Британското Министерство за одбрана пишува дека во Мариупол се уште се водат жестоки борби и дека градот е под силно бомбардирање.

08:22 – ВИДЕО: Украина објави снимка од најголемиот авион во светот, уништен со гранатирање од руските сили

Најголемиот товарен авион во светот, украинскиот Антонов-225, беше уништен со гранатирање на руските сили во напад на аеродромот Антонов лоциран во Хостомел во близина на Киев. Авионот бил уништен веднаш на почетокот на рускиот напад.

08:19 – Британско разузнавање: Телата во Буча снимени 10 дена пред градот да се врати под украинска контрола

Телата на украинските цивили лежеле на улиците во Буча најмалку десет дена пред градот да биде вратен под украинска контрола, соопшти британското Министерство за одбрана во новиот разузнавачки извештај за ситуацијата во Украина.

08:15 – Зеленски: Турција ќе се обиде со брод да ги преземе жртвите од Мариупол

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и неговиот украински колега Володимир Зеленски се договорија Турција да ги пренесе ранетите и загинатите од нападите на руската армија во Мариупол, објави Т24, цитирајќи изјава на украинскиот претседател.

08:14 – Франција нуди ресурси за поддршка на истрагата на маскрот во Украина

Франција ќе понуди финансиски и човечки ресурси за поддршка на истрагите за масакрите што им се припишуваат на руските сили во Украина, соопшти Елисејската палата по разговорите меѓу претседателите на Франција и Украина, Емануел Макрон и Володимир Зеленски.

08:13 – Твитер ги ограничи руските владини профили

Твитер најави нови мерки против профилите на руската Влада за да се намали ширењето на руската официјална пропаганда на социјалните мрежи.

08:09 – Американската амбасадорка во ОН вели дека не е можно Русија да се исфрли од СБ на ОН

Постојаната претставничка на САД во ОН Линда Томас-Гринфилд изјави дека не е можно да се исфрли Русија од Советот за безбедност на ОН, но оти западните земји ќе направат сè што е во нивна моќ за да ја изолираат Москва.

08:08 – Чешка испрати тенкови во Украина

Чешка испрати неколку тенкови во Украина, изјави денеска извор од одбраната, потврдувајќи ја информацијата што претходно ја објави чешката јавна телевизија.

08:01 – Бројот на украински бегалци во Хрватска надмина 12.000

Бројот на украинските бегалци во Хрватска достигна 12.403, изјави директорот на хрватската цивилна заштита Дамир Трут.

07:49 – Компанијата „Интел“ ја прекинува соработката со Русија

Американскиот производител на микропроцесори „Интел“ соопшти дека ја прекинува работата во Русија, приклучувајќи се на големиот број компании што ја напуштија државата по инвазијата врз Украина.

07:48 – Вашингтон со уште сто милиони долари помош на Украина

СAД најавија дека ќе деблокираат дополнителни сто милиони долари помош за Украина како поддршка на Киев во спротивставувањето на руската инвазија.

06/04/2022

21:45 – Лавров: Лагите за Буча служат за саботирање на преговорите

По инцидентот во Буча, Украина се обиде да ги прекине преговорите со Русија, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

20:51 – САД утре ќе воведат нови санкции кон Русија

Соединетите Американски Држави утре ќе објават дека ќе воведат нови санкции кон Русија во координација со земјите членки на Г7 и Европската унија, изјави денеска претставник на американската администрација.

18:34 – Анонимуси до Путин и неговите соработници: Доаѓаме по вас

Хакерскиот колектив Анонимуси објави видео порака наменета за рускиот претседател Владимир Путин и неговите „кукли од Кремљ“.

18:23 – Томас-Гринфилд: Русија да се исфрли од Советот за човекови права на ОН

Американската амбасадорка во ОН Линда Томас-Гринфилд повика на исфрлање на Русија од Советот за човекови права на ОН. За таква одлука ќе биде потребно гласање во Генералното собрание на ОН.

17:45 – Зеленски се обрати пред Советот за безбедност на ОН

Украинскиот претседател Володимир Зеленски преку видео конференциска врска се обраќа пред Советот за безбедност на ОН. Ова е негово прво обраќање пред Советот за безбедност од почетокот на руската инвазија.

17:43 – Гутереш: Руската инвазија на Украина е еден од најголемите предизвици за меѓународниот поредок

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска на седницата на Советот за безбедност предупреди дека руската инвазија на Украина е еден од најголемите предизвици за меѓународниот поредок, и поради неговата природа и поради интензитетот и последиците.

16:58 – Летонија и Естонија затворија по два руски конзулата

Летонија нареди затворање на два руски конзулата во таа земја и му порача на персоналот да ја напушти земјата, соопшти денеска летонското Министерство за надворешни работи.

16:42 – Почна седницата на Советот за безбедност на ОН за Украина

Во седиштето на Обединетите нации започна седницата на Советот за безбедност по повод украинските наводи за убиства на цивили извршени од руски војници во Буча, северозападно од Киев.

16:25 – ЕУ воведува шест нови санкции кон Русија

Европската унија планира да предложи задолжително постепено укинување на увозот на јаглен од Русија како директен одговор на извештаите дека руските сили извршиле очевидни воени злосторства во Украина, тврдат извори за Блумберг.

15:46 – Столтенберг: Целта на Русија е да го заземе целиот Донбас

Информациите на НАТО укажуваат на тоа дека Москва подготвува нова офанзива во источна и јужна Украина и оти се очекува круцијална фаза на војната, јави дописничката на МИА од Брисел.

15:19 – Шпанија се придружува на другите земји во протерувањето руски дипломати

Шпанија е шестата земја од ЕУ која протерува руски дипломати, како реакција по наводните убиства на цивили од страна на руските сили во Украина.

14:48 – Руските сили погодија резервоар со азотна киселина во источна Украина

Руските сили погодија резервоар со азотна киселина во источниот украински град Рубижне, поради што над областа има облак од отровен чад.

14:39 – Песков: Протерувањето на дипломати од Европа ја усложнува комуникацијата

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков протерувањето на руски дипломати од европските држави го оцени како „кратковидост “, со што ќе се усложни комуникацијата.

13:55 – Шведска ќе протера тројца руски дипломати

Министерството за надворешни работи на Шведска одлучи да протера тројца руски дипломати, изјави денеска шефицата на шведската дипломатија Ан Линде.

13:24 – Нехамер набрзо ќе ја посети Украина

По телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, австрискиот канцелар Карл Нехамер следните денови ќе ја посети во Украина.

13:11 – Претседателите на Бугарија и Албанија го поддржаа територијалниот интегритет на Украина и повикаа на меѓународна истрага за злосторствата во Буча

Претседателите на Бугарија и Албанија, Румен Радев и Илир Мета, ја осудија братоубиствената војна во Украина и повикаа на независна меѓународна истрага за злосторствата во Буча.

12:20 – Зеленски: Ќе прифатиме членство во НАТО ако ни го понудат, без разлика на Русија

На Украина и се потребни „сериозни играчи кои се подготвени да одат до крај“ кога станува збор за безбедносните гаранции, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски на државната телевизија.

12:05 – Италија протера 30 руски дипломати

Италија од безбедносни причини протера 30 руски дипломати, соопшти денеска министерот за надворешни работи, Луиџи ди Мајо.

11:51 – Истрага за трговијата со украински деца во Литванија

Литванските власти покренаа истрага за трговија со 43 украински деца за посвојување, изјави еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон во пленарната сала на Европскиот парламент.

11:48 – Фон Дер Лајен неделава во Киев на средба со Зеленски

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен оваа недела ќе отпатува за Киев на средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

11:12 – ВИДЕО: Се појави снимка од наводното предавање на украинската војска во Мариупол, Украинците демантираа

На социјалните мрежи се појави видео од голем број војници кои наводно се предале. Според Русите, станува збор за припадници на 503-от поморски баталјон кои, како што рекоа Русите, се предале во Мариупол.

11:08 – ВИДЕО: Екипата на CNN снимаше репортажата, околу нив почнаа да паѓаат гранати

Екипата на Си-ен-ен снимаше репортажа во близина на Миколаив, во близина на градот Александровка, кога на само 150 метри од нив почнале да паѓаат гранати.

11:00 – Најблискиот сојузник на Путин ги нападна Украина и Западот поради масакрот во Буча: Тие лаги се измислени за огромни суми пари

Еден од најблиските сојузници на Владимир Путин рече дека тврдењата дека руските сили егзекутирале цивили во Буча се лаги и пропаганда на Украина и Западот и дека тие имале за цел да ја дискредитираат Русија.

10:47 – Што остана од најголемиот авион на светот

Најголемиот товарен авион во светот, украинскиот Антонов-225, беше уништен со гранатирање на руските сили во напад на аеродромот Хостомел во близина на Киев.

10:43 – Данска протера 15 руски дипломати поради шпионажа

Данска одлучи да протера 15 руски дипломати по извештаите за пронајдени масовни гробници и за убиства на цивили во украинскиот град Буча, соопшти денеска данскиот министер за надворешни работи Јепе Кофод.

10:40 – Русија се заканува на Википедија

Откако ги протера повеќето западни технолошки компании од земјата, Русија сега се заканува на Википедија.

10:29 – Украина тврди дека во еден ден уништиле 29 тенкови и три авиони

Украина тврди дека за 24 часа уништиле 29 тенкови и собориле три авиони.

10:19 – ВИДЕО: САД објавија нови детали за запленувањето на суперјахтата на рускиот олигарх во Шпанија

Американските власти се огласија по повод запленувањето на суперјахтата на Виктор Векселберг, додавајќи дека тој е сојузник на рускиот претседател Владимир Путин.

09:42 – Нова британска мапа на руски напади, има огромна промена

Најновата британска мапа објавена во понеделникот попладне покажува огромни промени во споредба со претходните британски мапи.

09:37 – ВИДЕО: Погледнете што остана од Хостомел

Хостомел е едно од првите места споменати во војната. Познат е по аеродромот на кој се наоѓал Антонов, најголемиот авион на светот. Авионот е уништен во војната, а неговите остатоци се уште се таму.

09:31 – Русија: САД да престанат со снабдување оружје за Украина, тоа придонесува за поголем број жртви

„Американските власти треба да престанат да му доставуваат оружје на режимот во Киев. Тоа придонесува до поголем број жртви“, се наведува во соопштението на руската амбасада во САД.

09:29 – ОН: Над 80.000 квадратни километри во Украина се минирани

Над 80.000 квадратни километри украинска територија се минирани, што ја прави земјата една од најминираните во светот. Ова се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Украина, повикувајќи се на податоци од ОН.

09:26 – Во војната во Украина досега загинаа 18 новинари

Осумнаесет новинари се убиени во Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари. Ова го соопшти украинското Министерство за култура и информации, пренесува Би-Би-Си.

09:25 – ЕУ утре најверојатно ќе усвои нови санкции против Русија

Европската унија утре најверојатно ќе усвои нова рунда санкции против Русија по извештаите за убиства на цивили во северна Украина од страна на руските сили, изјави францускиот министер за европски прашања Клемен Бон.

09:24 – Телефонски разговор меѓу министрите за надворешни работи на Кина и Украина

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји телефонски разговараше со својот украински колега Дмитриј Кулеба и повтори дека Пекинг бара преговори за прекин на конфликтот во Украина.

08:40 – Њујорк тајмс: Сателитски снимки докажуваат дека телата на улиците во Буча лежат со недели

Мртвите тела на цивили во Буча лежат на улиците со недели, и покрај руските тврдења дека убиствата се случиле откако војниците си заминале, според Њујорк тајмс.

08:25 – Верешчук: Во Украина сега има околу 600 руски затвореници

Во моментов има околу 600 Руси кои се во затвор во Украина, изјави синоќа украинската вицепремиерка Ирина Верешчук, која воедно е и министерка за реинтеграција на привремено окупираните територии на Украина.

08:23 – Медведев: Москва пропорционално ќе одговори на протерувањето руски дипломати

Русија ќе одговори пропорционално на протерувањето на нејзините дипломати од голем број западни земји, изјави поранешниот руски претседател и потпретседател на националниот Совет за безбедност Дмитриј Медведев.

08:23 – Украинско МО: Се очекуваат нови руски напади врз Харков

Украинското Министерство за одбрана очекува нови руски напади врз опколениот источен град Харков, изјави доцна синоќа портпаролот на Министерството за одбрана Олександр Мотузјаник, пренесува ДПА.

08:19 – Саливан: САД неделава ќе објават нови санкции против Русија

САД и сојузниците во текот на оваа недела ќе објават нови економски санкции против Русија поради нејзината инвазија на Украина, соопшти синоќа американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан.

07:53 – САД ќе бараат суспензија на Русија од Советот за човекови права на ОН

САД ќе побараат од Генералното собрание на ОН да ја суспендира Русија од Советот за човекови права, изјави американскиот амбасадор во ОН, откако Украина ги обвини руските војници за злосторства врз цивили во украинскиот град Буча.

07:50 – Зеленски ќе се обрати пред Советот за безбедност на ОН

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека денеска ќе се обрати пред Советот за безбедност на ОН.

07:49 – Украина објави список на руски војници кои ги смета одговорни за злосторствата во Буча

Украинската разузнавачка служба објави список за кој се тврди дека вклучува руски војници кои извршиле злосторства врз цивили во Буча.

07:48 – Мизинцев: Украинските сили во Мариупол денеска да се предадат

Украинските сили во Мариупол се повикани да го положат оружјето, а руската страна предложи денеска во тој град да се спроведе специјална хуманитарна операција, изјави шефот на Националниот центар за одбранбена контрола на Русија, генерал-полковник Михаил Мизинцев.

00:00 – Русите објавија: Ова се вистински докази за масакрот во Буча, нема никаква врска со руската војска

Амбасадорот на Русија во Советот за безбедност на ОН Василиј Небензја одржа прес-конференција на која изрази незадоволство поради тоа што на барање на Русија не е свикан состанок на Советот за безбедност на ОН и изнесе голем број тврдења за кои наведе дека докажуваат оти видеото кое сугерира дека Русите го извршиле масакрот во Буча е „лага“.

05/04/2022

22:46 – Главниот обвинител на Украина: Очекуваме нов ужас во Бородјанка

Градот Бородјанка ќе биде најтешко погоден од руската инвазија во регионот на Киев. Ова го изјави украинската главна обвинителка Ирина Венедиктова во интервју за украинската телевизија. Според неа, бројот на жртвите во градот ќе биде поголем отколку на кое било друго место во Украина.

22:37 – При гранатирање на градот Миколаев десет загинати и 46 повредени

Десет цивили загинаа, а 46 се повредени во жестокото гранатирање на руската армија над украинскиот град Миколаев. Ова вечерва преку видео изјава го соопшти градоначалникот Александар Сенкевич.

22:00 – САД: Две третини од руските војници се веќе во Белорусија, ќе се вратат во Донбас

Околу две третини од руските војници, кои беа стационирани околу Киев, веќе го напуштија регионот и се наоѓаат во Белорусија. Ова им го соопшти на новинарите висок претставник на американското Министерство за одбрана, пренесе Си-Ен-Ен.

21:09 – Думата предложи затворски и парични казни за примена на санкции во Русија

Руските пратеници поднесоа предлог-закон во Думата, Долниот дом на Парламентот, со кој се предвидува затворска казна до 10 години и парични казни за примена на санкции на територијата на Русија.

20:57 – Москва ќе презентира докази за „реалната суштина“ на настаните во Буча

Русија ќе претстави „документи“ кои ќе ја покажат, според нејзиното мислење, „реалната суштина“ на настаните во украинскиот град Буча, каде московските сили се обвинети за убиство на цивили, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

20:43 – Кулеба: Ситуацијата во Мариупол е многу полоша од масакрот во Буча

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави денеска дека „хоророт што го видовме во Буча е само врв на ледениот брег на сите злосторства извршени од руската војска“ од почетокот на војната досега.

20:13 – Трас: Наскоро нов пакет остри санкции за Москва

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас изјави денеска дека Велика Британија ќе се погрижи сторителите на злосторствата во Украина да бидат изведени пред лицето на правдата, а Лондон ќе работи со своите сојузници на нови санкции против Москва, со цел да се запре руската офанзива.

19:48 – Зеленски: Русија е закана за Источна Европа и регионот на Црното Море

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски побара денеска од романските пратеници да го зајакнат притисокот со санкциите врз Русија, предупредувајќи дека таа претставува закана за цела Источна Европа и регионот на Црното Море.

19:32 – Трас: Русија да се суспендира од Советот за човекови права на ОН

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас денеска изјави дека Русија мора да биде суспендирана од Советот за човекови права на Обединетите нации поради масовните гробници пронајдени во Буча, Украина.

19:12 – Бојченко: Мариупол е на работ на хуманитарна катастрофа

Опколениот украински град Мариупол е на работ на хуманитарна катастрофа и во него има повеќе од 100.000 луѓе кои се уште треба да бидат евакуирани, изјави денеска градоначалникот на тој град Вадим Бојченко во своето обраќање до медиумите.

18:04 – Украина: Русите се подготвуваат да го заземат градот Харков

Русите се подготвуваат да го заземат градот Харков, вели портпаролот на Министерството за одбрана на Украина, Александар Мотузјаник.

17:23 – Бајден: Тоа што се случи во Буча е ужасно, Путин треба да одговара за воено злосторство

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека „тоа што се случи во Буча е ужасно и рускиот претседател Владимир Путин треба да одговара за воено злосторство“.

16:39 – Зеленски: Тешко е да се преговара со Русија по масакрот што го извршија во Буча

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја посети Буча, место каде веќе неколку дена пристигнуваат снимки и фотографии од телата на убиените цивили на улиците.

15:10 – Фајненшл тајмс: Настаните во Украина го означуваат почетокот на економската деглобализација

Настаните во Украина и реакцијата на западните земји на нив доведуваат до почеток на нов период на економска деглобализација, кој ќе се карактеризира со приоритет на безбедноста пред трговијата, пишува британски весник Фајненшл тајмс.

15:07 – Хабек: И покрај ѕверствата во Украина, Германија нема да воведе инстант ембарго на руската енергија

Берлин нема да воведува инстант ембарго на руската енергија, и покрај ѕверствата во Украина, изјави германскиот министер за економија Роберт Хабек, јави Би-Би-Си.

15:00 – Дендиас: Грција ќе биде дел од обновата на Одеса

Единственото нешто што можам да го кажам во моментов, во овие тешки времиња е дека ќе бидеме дел од иднината, помагајќи ви да го реконструирате овој град и да го направите уште поубав, уште подобар, рече министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас на средбата во Одеса

14:58 – Над 80 отсто од бегалците од Украина во Германија се жени

Околу четири петтини од бегалците од војната во Украина се жени, покажуваат резултатите од истражувањето нарачано од Министерството за внатрешни работи на Германија.

14:20 – Германија ги предупреди граѓаните со руско потекло да не наседнуваат на пропагандата на Кремљ

Германската влада ги предупреди граѓаните со руско потекло во Германија да не наседнуваат на пропагандата на Кремљ. Владата ги повика граѓаните со руско потекло да се информираат од независни извори за војната во Украина.

13:25 – ЕК: Ќе одговориме обединето на барањето на Москва да се плаќа гасот во рубли

Европската Унија стои на ставот дека договорите за набавка на рускиот гас предвидуваат исплата во евра или долари

13:21 – Кремљ со осуда за изјавата на Качински дека Полска е подготвена во земјата да биде поставено нуклеарно оружје

Кремљ денеска ги осуди коментарите на лидерот на полската владејачка партија Јарослав Качински

13:20 – Стано: Треба да постои комуникација со Путин

Портпаролот за надворешна политика на ЕУ, Петер Стано, објасни дека целта на санкциите не е целосно да се запре комуникацијата со Кремљ

13:17 – Украина: Значително трупање руски војници и воена опрема во Луганск

Серхиј Хајдаи, шеф на регионалната воена администрација во Луганск, рече дека во регионот е забележано „значително трупање руски војници и воена опрема“, како очигледна подготовка за напад.

12:09 – ЕУ со „најостра можна осуда“ за масакрите во Буча и други украински градови

Европската Унија утрово соопшти дека ги осудува на најостар можен начин “ужасните дејствија извршени од страна на руските воени сили“ во повеќе украински градови кои се сега ослободени

12:06 – Главниот руски истражител нареди истрага за украинската „провокација“ во однос на Буча

Главниот руски истражител денеска наложи официјална истрага на, како што рече, украинска „провокација“, откако Киев ја обвини руската војска за масакрирање цивили во градот Буча.

11:56 – Борел: Поради злосторствата во Украина итно да се донесат нови санкции

Поради злосторствата во Украина итно да се донесат нови санкции, истакна шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел.

11:53 – Верешчук: Петнаесет автобуси за евакуација тргнаа од Запорожје кон Мариупол

Хуманитарен коридор од опколениот југоисточен украински град Мариупол, денеска ќе биде во функција и покрај доцнењата и тешкотиите да се задржи рутата отворена за евакуација.

11:10 – Сателитски снимки од Буча, се гледа огромна масовна гробница

Сателитски снимки направени во четвртокот покажуваат делумно ископана масовна гробница пред црквата во Буча, во близина на украинскиот главен град Киев.

11:03 – Украина објави нови проценки за руските загуби

Украина објави нови проценки за руските загуби. Тие тврдат дека убиле над 18.300 руски војници.

11:01 – Одеса минатата ноќ била цела на руски напади

Пристанишниот град Одеса на југот на Украина беше цел на руски воздушни напади во текот на ноќта, изјави утринава претставникот на оперативниот штаб на Регионалната воена управа на Одеса, Сергеј Брачук.

10:59 – Молдавија го прогласи четврти април за ден на жалост

Претседателката на Молдавија, Маја Санду потпиша декрет со што четврти април е прогласен за ден на жалост за жртвите од руската инвазија врз Украина што почна на 24 февруари.

10:58 – Моравјецки повика на меѓународна истрага за „геноцид“ во Украина

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска повика на меѓународна истрага за, како што го нарече „геноцидот“ извршен од руските војници во Украина.

09:57 – Макрон бара нови санкции за Русија

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека треба да се воведат дополнителни санкции спрема Русија, откако Украина ги обвини руските сили за убивање цивили во украинскиот град Буча.

09:53 – Словачка ќе дејствува со Европската унија против барањата на Русија за плаќање гас во рубљи

Словачка ќе дејствува со Европската унија против барањата на Русија за плаќање гас во рубљи, изјави премиерот Едуард Хегер откако еден министер ја подигна опцијата за плаќање во рубљи доколку е потребно за да се задржи протокот на гас.

09:53 – Фајненшл Тајмс: ЕУ в среда ќе разговара за уште еден пакет санкции против Русија

Европската унија размислува за дополнителни санкции против Русија и релевантните предлози ќе бидат разгледани в среда, објави Фајненшл тајмс.

09:03 – Захарова: Снимките од Буча се „нарачка“ од САД и НАТО за да се обвини Русија

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека снимките од загинатите цивили во Буча биле „нарачани“ од САД како дел од заговорот да се обвини Русија, јавува Скај Њуз.

09:03 – Реакција на западните медиуми и лидери на злосторствата во Буча

Русија, која е обвинета за воени злосторства извршени во украинскиот град Буча, го негира сето тоа и побара дебата во Советот за безбедност на ОН, пишува францускиот весник „Монд“.

08:40 – Хјуман рајтс воч соопшти дека документиралe „очигледни воени злосторства“ во Украина

Групата за заштита на човековите права Хјуман рајтс воч (ХРВ) синоќа соопшти дека документирала „очигледни воени злосторства“ извршени од руските сили врз цивилите во Украина, пренесува Скај њуз.

08:11 – Британско МО: Русија продолжува да се фокусира на офанзивата во Донбас

Британското Министерство за одбрана утрово на Твитер објави ажурирани најнови разузнавачки информации за движењата на руската војска во Украина, пренесува Би-Би-Си.

08:10 – Украински државен обвинител: Пронајдени 410 тела во рамки на истрагата за воени злосторства

Вкупно 410 тела се пронајдени во градовите во близина на Киев, како дел од истрагата за можни воени злосторства извршени од страна на Русија, изјави државниот обвинител на Украина.

08:09 – Јапонија ги осуди нападите врз украинските цивили

Најостра осуда за пријавените напади врз цивили во украинските населби на периферијата на Киев, изрази јапонскиот премиер Фумио Кишида, опишувајќи ги како „кршење на меѓународното право“.

07:51 – Зеленска апелира да бидат запрени руските „воени злосторства“ по пронајдените масовни гробници во Буча

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео обраќање побара да бидат запрени руските „воени злосторства“, јави Би-Би-Си. Москва негира дека руската војска стои зад убиствата на цивилите во Буча.

07:30 – Киев: Русија мобилизира уште 60.000 војници

Украинската војска го објави својот оперативен извештај за 6 часот утринава, тврдејќи дека Русија започнала „скриена мобилизација“ од околу 60.000 војници за да ги надополни единиците по загинатите војници во Украина.

07:27 – Анкета: Повеќето Американци го одобруваат одговорот на Бајден на војната во Украина

Мнозинство од Американците ги одобруваат постапките na претседателот на САД, Џо Бајден околу војната во Украина, покажа анкета на радиото Ен-пи-ар и Ипсос, јави синоќа Ем-ес-ен-би-си.

07:24 – Албанија бара независна истрага за воени злосторства во Буча и најави тужба во СБ на ОН

Официјална Тирана доцна синоќа реагираше во врска со „ѕверските убиства на цивили во украинскиот град Буча“, барајќи независна истрага за руските воени злосторства и најави тужба во Советот за безбедност на ОН

Хронологија на руско-украинскиот конфликт од 28 март до 3 април.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков