Папата Франциск повторно повика на велигденско примирје

Од:

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, денеска го повтори повикот за велигденско примирје додека православните христијани го слават Велигден.

Папата Франциск, без конкретно да спомене ниту една земја, ги повика агресорите да го прекинат нападот за да не создаваат повеќе страдања за исцрпените луѓе.

Франциск пред собраните на плоштадот Свети Петар истакна дека поминале два месеци од почетокот на руската инвазија на Украина и дека војната наместо да заврши се влошила.

– Тажно е што во овие денови, кои се најсвети и најсвечени за сите христијани, смртоносната бучава на оружјето е погласна од звукот на камбаните кои го најавуваат Воскресението, рече тој.

Би можело да ве интересира

Папата Франциск: Не ја користете пченицата како воено оружје

Ана Ололовска

Папата ја предводеше светската молитва за мир во Украина и другите со војна погодени држави

Ана Ололовска

Папата Франциск користеше инвалидска количка

Ана Ололовска

Папата: Орбан ми кажа дека Путин планира да ја заврши војната на 9 мај

Ана Ололовска

Папата Франциск бара средба со Путин, Москва засега без одговор

Ана Ололовска

Папата повика на велигденско примирје во Украина

Ана Ололовска