Словачка ќе дејствува со Европската унија против барањата на Русија за плаќање гас во рубљи

Од:

Словачка ќе дејствува со Европската унија против барањата на Русија за плаќање гас во рубљи, изјави премиерот Едуард Хегер откако еден министер ја подигна опцијата за плаќање во рубљи доколку е потребно за да се задржи протокот на гас.

Словачка увезува 85 отсто гас за своите потреби од Русија која бара плаќање во рубљи. Сепак, Европската комисија во петокот соопшти дека европските компании чии договори за снабдување предвидуваат плаќање во евра или долари, не треба да ја исполнат оваа побарувачка.

„Во оваа ситуација, единството е клучно и ние инсистираме на почитување на договорните услови и плаќањата во евра“, објави Хегер на Фејсбук.

Неговите коментари уследија откако министерот за економија Ричард Сулик рече дека земјата ќе работи заедно со Европа, но дека Словачка не може да биде отсечена од протокот на рускиот гас и ако треба да плати во рубљи, тоа ќе го направи.

„Гасот (протокот) не смее да се прекине… Ако има услов да се плати во рубљи, тогаш плаќаме во рубљи“, изјави Сулик во вчерашна дебатна емисија на јавниот радиодифузен сервис РТВС.

Словачката гасна компанија SPP ја изврши последната исплата на гас во евра. Сулик рече дека следната исплата ќе дојде на 20 мај, со што според него, има време за решение.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски