Додик отпатува за Русија

Од:

Претседателот на Република Српска Милорад Додик отпатува за Санкт Петербург, каде што ќе присуствува на Меѓународниот безбедносен форум. Со Додик во Русија отпатува и министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Ненад Нешиќ, со кој на социјалните мрежи сподели фотографија од авионот.

Како што пишува Klix.ba, на форумот ќе се разговара за клучните глобални безбедносни прашања.

Додик и Нешиќ се придружувани од Жељко Будимир, министер за високо образование во владата на РС. Медиумите јавуваат дека им се придружил и поранешниот директор на српската БИА, Александар Вулин, кој е на американската црна листа.

Во програмата на форумот беше објавено и обраќањето на рускиот претседател Владимир Путин преку видео врска.

Би можело да ве интересира

Целите се означени: Украина е подготвена да нападне

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Русија ги нападна Киев и другите украински градови со беспилотни летала

Русија е против идејата на Ердоган кој вели Крим да е под контрола на Украина

Горан Наумовски

Русија: Шест британски дипломати обвинети за шпионажа

Руските сили започнаа контранапад во областа Курск