На Бајден не му е во план да ја посети Украина и покрај апелот на Зеленски

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден моментално не планира да ја посети Украина и покрај апелот од украинскиот колега Володимир Зеленски. Но, Бајден планира да одржи состанок со сојузниците, во врска со украинската криза, соопшти Белата куќа во текот на вчерашниот ден.

– Нема такви планови, одговори портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.

Владата на САД се концентрира на испраќање воена опрема во Украина.

Доколку американски член на Владата отпатува за Украина, тоа ќе биде објавено откако ќе се врати, поради безбедносни причини.

Зеленски го повика Бајден да ја посети Украина, со цел самиот да добие идеја за тоа каква е ситуацијата таму, речиси два месеца, по почетокот на конфликтот.

– Мислам дека тој е водач на САД и затоа би требало да дојде тука и да види, изјави Зеленски во неделата во интверју за Си-Ен-Ен.

Наводно, Вашингтон ја разгледувал можноста за испраќање на министерот за одбрана Лојд Остин или американскиот државен секретар Ентони Блинкен, во Украина. Медиуми коментираат дека во ваков случај, малку е веројатно самиот Бајден да отпатува во земјата во блиска иднина.

Сепак, претседателот на САД планира денеска да одржи разговор со сојузниците околу украинската криза.

Во соопштението на Белата куќа се наведува дека Бајден, преку видео повик, со сојузници и партнери ќе разговара за континуирана поддршка за Украина, како и за напорите Русија да се прогласи за одговорна.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бајден: САД ќе престанат да му доставуваат оружје на Израел

Бајден ја прекина испораката на оружје за Израел

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ