Телата на околу 1.500 руски војници пронајдени во градот Днипро, тврдат локалните украински власти

Од:

Телата на повеќе од 1.500 руски војници се пронајдени во украинскиот град Днипро, во југоисточна Украина, соопштија украинските власти.

„Телата се пренесени во четири различни мртовечници“, изјави заменик-градоначалникот на индустрискиот град, Михајло Лисенко.

Тој ги повика мајките на руските војници да дојдат и да ги земат нивните мртви синови.

„Не сакаме да ги закопуваме во масовни гробници. Не сакаме да ги кремираме. Ние не сме ѕверови“, рече Лисенко.

Информациите за изнесените тврдења не се потврдени од независни извори.

Украинската армија тврди дека од почетокот на руската инвазија што почна пред седум недели, во борбите се убиени околу дваесет илјади руски војници.

Москва наведува значително помали загуби неодамна потврдувајќи ја смртта на 1.351 војник од редовите на руската армија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он