Украинец го следи движењето на руски војници преку украдени слушалки

Од:

Украинец успеал да го следи движењето на руски војници преку слушалки на „Епл“ што Русите ги украле од неговиот дом, објави „Тајмс“.

Слушалките на Виталиј Семенец биле безжични, а биле украдени од неговиот дом во Гостомел, близу Киев, на почетокот на инвазијата, кога руските сили се обидувале да го заземат главниот град. Тој ја користел функцијата „Find my“, достапна во производите на „Епл“, за да го следи движењето на неговите украдени слушалки преку технологијата „Блутут“.

Слушалките така, „покажаа“ дека кога руските војници се повлекле од Киев, тие ја напуштиле Украина и се задржале во Белорусија, близу градот Гомел. Минатата недела, крадецот на слушалки бил во Белгород, Русија, каде што на руските сили им е наредено да се мобилизираат за напад на Донбас.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски