(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Од:

Лидија Ломиковска (98), која побегна од територијата окупирана од Русија во Украина, со бастун, речиси 10 километри во влечки, повторно е со нејзиното семејство неколку дена откако беа разделени додека побегнаа на безбедно.

Лидија и нејзиното семејство одлучија да го напуштат градот Очеретин, во источниот регион Доњецк, откако руските трупи влегоа во него минатата недела и борбите се интензивираа.

Русите напредуваа во областа, напаѓајќи ги украински сили со артилерија, беспилотни летала и бомби.

– Се разбудив опкружена со пукотници, беше толку страшно – изјави Ломиковска во видео интервјуто што го објави полицијата во Доњецк.

Во хаосот на заминувањето, Ломиковска беше одвоена од синот и двете снаи, меѓу кои и едната која неколку дена претходно беше повредена од шрапнели. Помладите членови на семејството тргнале по споредните патишта, но Лидија сакала да остане на главниот пат.

Со стап во едната рака и парче дрво во другата, Ломиковска цел ден пешачеше без храна и вода за да стигне до украинските линии.

Ломиковска рече дека паднала двапати и морала да застане за да се одмори, а во еден момент дури и дремела пред да го продолжи патувањето.

– Еднаш изгубив рамнотежа и паднав во тревата. Заспав… малку и продолжив да чекорам. И тогаш, по вторпат, пак, паднав. Но, тогаш станав и си помислив, морам да одам, малку по малку – рече Ломиковска.

Павло Дјаченко, портпарол на полицијата, изјави дека украинските војници ја забележале Ломиковски како оди по патот во вечерните часови. Тие ја предале на Белите ангели, полициска група која ги евакуира граѓаните кои живеат на линијата на фронтот, кои ја однеле во засолниште за евакуирани лица и контактирале со нејзините роднини.

Ломиковска рече дека ја преживеала Втората светска војна.

-Ја преживеав Втората светска воја, но оваа е полоша. Тога не беше запалена ниту една куќа во селотот, сега се е уништено– рече таа.

Извршниот директор на една од најголемите украински банки во вторникот на својот канал Телеграм објави дека банката ќе купи куќа за Ломиковска.

– Монобанк ќе и купи куќа на Лидија и таа сигурно ќе живее во неа до моментот кога оваа гнаса не исчезне од нашата земја – изјави Олех Хороховски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Германец осуден на смрт се појави на белоруската телевизија, во солзи го моли Шолц за помош

Предраг Петровиќ

Украина губи 2.000 војници дневно

Предраг Петровиќ

Приближно 32 отсто од Украинците се подготвени на територијални отстапки кон Русија за да се стави крај на војната

Руските сили ја презедоа контролата

Ако победи Трамп, финансискиот товар за помош на Украина ќе се промени на штета на ЕУ тврди Орбан

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се шири снимка: „Украинец во цивилна облека истрела крстаречка ракета кон Русите од рамо“