Бојченко: Во село близу Мариупол пронајдени масовни гробници

Од:

Масовни гробници се пронајдени во село во близина на Мариупол, изјави градоначалникот Вадим Бојченко.

Тој ги потврди информациите дека се откриени „ровови“ во селото Мануш во областа Доњецк и тврди дека руските сили ги собрале телата во камиони и ги фрлиле таму.

Говорејќи преку видео врска од непозната локација, тој рече дека „руските војници ги бришат своите злосторства“.

– Ова е втора недела по ред како се е целосно затворено. Никој не смее да влезе. Тие вршат расчистување. Тие ги прикриваат злосторствата извршени од Руската Федерација во Мариупол, рече тој.

– Според нашите проценки, повеќе од 20.000 цивили беа убиени во непријателските артилериски и ракетни напади на улиците на нашиот град, додаде тој.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

Украина: Четири деца се повредени во руски воздушен напад врз Харков

Украина ќе може да повикува затвореници во војска

Горан Наумовски

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Загина познатиот украински кревач на тегови Александар Пелешенко