Архамија: Украина не ги менува ставовите

Од:

Шефот на украинската преговарачка делегација Давид Арахамија изјави дека Киев во преговорите со Руската Федерација се придржува до Истанбулското коминике и не ги промени ставовите.

– Украинската страна се придржува до Истанбулското коминике и не ги промени своите позиции и покрај изјавите на рускиот министер за надворешни работи (Сергеј Лавров). Единствената разлика е во тоа што не ги земаме предвид сите дополнителни прашања, што не беа вклучени во Истанбулското коминике. Најверојатно тоа предизвика погрешно толкување на моменталната состојба во преговарачкиот процес, објави Арахамија на Телеграм.

Тој додаде дека преговорите за договор за безбедносни гаранции за Украина продолжиле преку интернет.

Претходно, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека преговорите со Украина се во застој и оти „украинската страна се повлекла од Истанбулскиот договор“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски