Австралија воведе нови санкции и забрани за патувања за високи руски функционери

Од:

Австралија денеска објави воведување нови санкции за 67 руски функционери, така што вкупниот број „поединци и субјекти” на австралиската листа санкционирани достигна речиси 600.

Австралиското МНР соопшти дека најновите санкции се насочени кон истакнати руски бизнисмени, како и високи воени и владини функционери, вклучително и вицепремиерот Дмитриј Григоренко, министерот за економија, Максим Решетников и политичарот, Александар Бабаков.

На листата се додадени и генерал-полковникот Михаил Мизинцев, посочен како одговорен за нападите врз „невини цивили“, како и за „бомбардирањето на театарот” во Мариупол.

Последната рунда санкции следува по појавата докази за воени злосторства извршени од Русија во Буча и другите градови околу Киев, се вели во соопштението.

„Австралија на најсилен можен начин ги осудива таквите ѕверства. Ужасот е речиси неискажлив и го гледаме секој ден. Но, мислам дека Австралијците можат да бидат горди на напорите што нашата земја ги прави за поддршка на Украина“, изјави министерката за надворешни работи, Марис Пејн за локалната радио станица „2 Џи-Би“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници