Кириленко: Руските сили користеле касетна муниција во Краматорск

Од:

Гувернерот на Доњецката област, Павло Кириленко, денеска ги обвини руските сили за употреба на касетна муниција при нападот на железничката станица во градот Краматорск, во кој загинаа најмалку 39 лица.

Тој на интернет објави фотографија на која се гледаат неколку тела на земја покрај куп куфери и друг багаж, но не наведе со какви докази располага за видот на оружјето што е употребено во нападот.

– Ако на почетокот гаѓаа исклучиво железнички пруги, сега тоа не се само пруги, туку се истрелуваат проектили кои содржат касетна муниција наменета за луѓе. Тоа е апсолутна потврда дека овој напад беше наменет против цивили, истакна Кириленко на онлајн брифинг.

Русија демантира дека мета на нејзините напади се цивили.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека ракетите кои наводно ја погодиле станицата ги користи само украинската армија, а руските вооружени сили денеска не планирале да гаѓаат какви било цели во Краматорск.

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски