Пентагон: Илјадници дополнителни руски војници во близина на Харков, борбите би можеле да бидат крвави

Од:

Илјадници руски војници се распоредени во близина на украинскиот град Харков, изјави вчера висок американски воен претставник.

Бројот на тактички единици во близина на рускиот пограничен град Белгород се зголеми од 30 на 40, изјави официјалниот претставник. Тој не го прецизираше точниот број на дополнителни војници, но рече дека тие типови единици обично се состојат од 600 до 1.000 војници.

Руската армија ги распоредува своите сили таму за да ги концентрира своите единици за окупирање на источноукраинската област Донбас, истакна воениот претставник.

Харков се наоѓа во североисточниот дел на Украина, во близина на руската граница.

Тој нагласи дека постојат индикации дека Русија се надева оти ќе мобилизира повеќе од 60.000 војници.

Бидејќи конфигурацијата на Донбас и е позната и на украинската и на руската армија по долгогодишниот конфликт, тој предупреди дека борбите ќе бидат интензивни.

– Тоа ќе биде како борба со нож. Може да биде многу крваво и многу грдо, објасни американскиот функционер.

Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби претходно изјави дека постојат извештаи оти десетици илјади резервисти се мобилизирани за да ги зајакнат руските единици на границата со Донбас по загубите во северниот дел на Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски