Њујорк Тајмс: Објавена е снимка која покажува како Украинци убиваат руски заробеници

Од:

Снимката објавена во понеделникот чија автентичност ја потврдил Њујорк тајмс, прикажува група украински војници кои убиваат заробени руски војници во село западно од Киев.

„Уште е жив. Сними ги окупаторите. Гледај, уште е жив. Едвај дише“, зборува маж додека на снимката се гледа руски војник со јакна навлечена преку главата. Русинот, по сè изгледа, е ранет, но сè уште дише.

Покрај жртвата може да се видат уште тројца руски војници, од кои едниот има рана на главата, а рацете му се врзани зад грбот. Сите носат униформи, а тројцата имаат бела трака на ракавот која по правило ја носат руските сили во Украина. Околу нив има расфрлана опрема, а на главата на руските војници се гледаат дамки од крв.

Мажите лежат на пат во близина на оклопен транспортер БМД-2, какви што користат руските десантни сили. Подолу по патот може да се видат други уништени возила.

Снимката е направена на пат северно од селото Димитровка, десетина километри југозападно од Буча.

Снимката, пишува Њујорк тајмс, веројатно е направена на или околу 30 март, кога Украинците од заседа нападнаа руски конвој додека русите се повлекуваа од помалите градови западно од Киев. Таму во последните недели се водеа жестоки борби на Украинците и Русите. Оз Катерји, слободен новинар, на Твитер на 2 април објави снимки и фотографии од уништена колона возила и напиша дека украински војници му кажале дека ги нападнале Русите од заседа пред 48 часа.

И украинското министерство за одбрана објави твит за уништување руски конвој. Нападот го нарекоа „прецизно дејство“ на украинската војска.

„Тие воопшто не се луѓе“, зборува украинскиот војник на снимката додека оди меѓу уништените возила и додава дека заробиле двајца руски поручници.

Украинските војници носат сини ленти на ракавите и на снимката во повеќе наврати кажуваат „Слава на Украина“. Не е јасно за која единица станува збор, но на снимката која го прикажува убиството на заробениците еден од војниците зборува за другите како за „момците од Белгравија“, веројатно мислејќи на местото оддалечено неколку стотици метри од инцидентот.

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски