Село во Шпанија го смени името во Украина во знак на солидарност

Од:

Шпанското село Фуентес да Андалузија го промени своето име во Украина во знак на солидарност со народот на оваа источноевропска земја, која води одбранбена војна на повеќе од 4.000 километри.

Како што е наведено, некои од улиците во мирното населено место, источно од Севиља, со нешто повеќе од 7.000 жители, се преименувани во „Киев“, „Одеса“ и „Мариупол“. На влезот од селото има табла со боите на украинското национално знаме.

„Главната цел е да се подигне свеста за конфликтот во Украина, но и за земјите кои се во војна во моментов“, рече градоначалникот Франциско Мартинез. Тој додаде дека жителите собрале 3.500 евра за изградба на центар за бегалци.

Селото сака да прими до 25 бегалци или семејства во центарот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо