(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Од:

Шпанската полиција соопшти дека уапсила членови на криминална група предводена од еден од најбараните криминалци во Србија, по кого е распишана меѓународна потерница уште во 2021 година. Според извештаите, во Малага, Мадрид и Барселона биле уапсени вкупно 11 осомничени, од кои повеќето се државјани на Србија.

„Уапсените се осомничени за трговија со дрога, киднапирања, разбојништва, нелегално поседување оружје, фалсификување документи. Инспекторите почнаа да собираат докази во јануари минатата година. Водачот на криминална група, по кого Србија распиша меѓународна потерница и кој е се сметаше за „мета“, е уапсен“. Тој избега од Србија во 2021 година и беше еден од најбараните бегалци во претходните три години“, пренесуваат шпанските медиуми.

Националната полиција на Шпанија, сепак, не го откри идентитетот на уапсениот.

„Истрагата започна во јануари минатата година, кога полицијата дозна дека петмина српски државјани се примени во болница во Малага поради тешки прострелни рани. Тешко повредените одбиле да соработуваат со полицијата, но во куќата била пронајдена многу крв како и други предмети со кои биле мачени“, велат оттаму.

Шпанската полиција, како што се наведува, во текот на истрагата открила дека конфликтот се случил меѓу два ривалски клан од Србија. На местото на злосторството биле пронајдени и пиштоли со избришани сериски броеви.

Утврдено е дека осомничените кои беа уапсени во оваа полициска акција отпатувале за Малага, на Коста дел Сол, за да нападнат ривалски клан. Тие, исто така, ги набљудувале своите ривали со дронови. Изнајмиле и три куќи во Малага и неколку автомобили.

„Апсењето е извршено веднаш штом шпанската полиција дознала дека членовите на кланот повторно се преселиле во Малага, наведува Елеспанол.

Во акцијата во која беа уапсени српскиот бегалец и неговиот најблизок соработник по кој исто така се трага, претресени се седум куќи. Од нив, пет во Малага, и по една во Мадрид и во Барселона. По тој повод одземени се два пиштола со избришани сериски броеви, повеќе од 100 куршуми, седум лажни лични документи, дрон и 16.000 евра во готовина.

Би можело да ве интересира

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

Шпански министер: Мојот израелски колега објави скандалозно и страшно видео

Најмалку четири лица загинаа, а 16 се повредени во уривањето на зграда на Мајорка

ВИДЕО: И Шпанија и Ирска објавија признавање на независна палестинска држава

Катерина Ѓуровски

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина