Шпански министер: Мојот израелски колега објави скандалозно и страшно видео

Од:

Шпанскиот министер за надворешни работи го осуди како „скандалозно и ужасно“ видеото објавено од неговиот израелски колега во кое се сугерира дека Хамас ќе и биде благодарен на Шпанија за нејзиното најавено признавање на Палестина, во услови на растечки расправии меѓу Шпанија и Израел за војната во Газа.

Шпанија минатата недела најави дека ќе ја признае Палестина како држава, а последните денови двајца министри во шпанската влада го споменаа геноцидот во Газа. Краткото видео објавено денеска од израелскиот министер за надворешни работи, Исраел Кац, на платформата на социјалната мрежа Х ја истакнува пораката „Хамас: Грасијас Еспања“ („Хамас: благодарам Шпанија“).

На видеото се гледа шпанско знаме, а потоа двојка која танцува на фламенко музика, прошарани со снимки на кои се гледаат борци на Хамас и луѓе кои бегаат за време на нападот на Хамас на 7 октомври врз јужен Израел, кој ја започна воената кампања на Израел во Газа.

„Нема да паднеме на провокации. Видеото е скандалозно и страшно“, изјави шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес на прес-конференција во Брисел.

„Тоа е скандалозно бидејќи целиот свет знае, вклучително и мојот колега во Израел, дека Шпанија уште од првиот момент ги осуди акциите на Хамас“. „И згрозена е од употребата на еден од симболите на шпанската култура“, додаде тој.

Шпанската министерка за одбрана Маргарита Роблес во саботата рече дека конфликтот во Газа е „вистински геноцид“, повторувајќи ги коментарите на шпанската вицепремиерка Јоланда Дијаз, која минатата недела исто така го опиша конфликтот како геноцид.

Израел силно ги отфрли обвинувањата на Јужна Африка против него пред Меѓународниот суд на правдата дека извршил геноцид врз Палестинците, велејќи дека дејствувал за да се брани и да се бори против Хамас. Шпанија, заедно со Ирска и Норвешка, објавија оваа недела дека ќе ја признаат палестинската држава на 28 мај.

Израел рече дека тоа е „награда за тероризмот“ и ги отповика своите амбасадори од трите престолнини. Во нејзините изјави во вчерашното телевизиско интервју, Роблес рече дека признавањето на Палестина објавено од Мадрид не е потег против Израел, туку има за цел да помогне да се стави крај на насилството во Газа.

Би можело да ве интересира

Руско-израелски новинар доби забрана за влез во Србија: „Ми дадоа документ дека сум безбедносен ризик“

A1on

Германската влада крие информации за оружје и воени злосторства во Газа

Бени Ганц, член на воениот кабинет на Нетанјаху, најави оставка

A1on

Во Израел се одржаа демонстрации за ослободување на заложниците, уапсени 33 лица во Тел Авив

Америка до Израел: Ако е вистина дека се убиени 14 деца, тие не се терористи

Орце Костов

ВИДЕО: Израел нападна училиште на ОН во Газа, 27 мртви