Алтун: Турција не може да биде присилена да избира меѓу Русија и Украина

Од:

Турција не може да биде принудена да направи избор меѓу Русија и Украина, изјави денеска шефот на Одделот за комуникации во администрацијата на турскиот претседател, Фахретин Алтун.

-Турција останува важен фактор за стабилизација во регионот на Црното Море, а разговорите во Истанбул се важна основа врз која конфликтните страни можат да постигнат договор за прекин на огнот и мир во Украина, рече Алтун, пренесен од Анадолија.

Алтун потсети дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган постојано комуницира со рускиот претседател Владимир Путин и со украинскиот претседател Владимир Зеленски и дека шефовите на дипломатиите на двете земји, организирани од Турција, се сретнале на Дипломатскиот форум во Анталија, а нивни делегации во Истанбул, наведуваат руските медиуми.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Осуммина повредени во украинскиот напад на Белгород

Наришкин: Испраќање воени контингенти во Украина може да се сметаат за ескалација

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

Украина: Четири деца се повредени во руски воздушен напад врз Харков

Украина ќе може да повикува затвореници во војска

Горан Наумовски

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина