Осуммина повредени во украинскиот напад на Белгород

Од:

Во украинскиот воздушен напад врз руската област Белгород во текот на ноќта осум лица се повредени, а оштетени се многу станбени згради и автомобили, соопшти денеска гувернерот на тој регион Вјачеслав Гладков.

Тој на платформата Телеграм изјави дека меѓу повредените има и 11-годишно девојче, кое е хоспитализирано и додаде дека се оштетени повеќе од 30 станови во 19 станбени згради.

Агенцијата ТАСС јави дека руските сили за воздушна одбрана собориле 15 ракети и едно беспилотно летало во регионот на Белгород, две беспилотни летала во областа Брјанск, како и три беспилотни летала во областа Курск.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Европа мора да учествува во одлуките за завршување на војната

Сибиха: Средбата меѓу Зеленски и Путин е неопходна за да се разговара за најчувствителните прашања

Меркурис: Зеленски сака замрзнување на конфликтот, а не преговори

Ушаков: Путин му ја гарантира безбедноста на Зеленски доколку дојде во Москва

Зеленски прифаќа замрзнување на војната, но не и признавање на окупираните територии за руски

Трамп се закани: Подготвува „удар“ врз Русија и Украина