Наришкин: Испраќање воени контингенти во Украина може да се сметаат за ескалација

Од:

Изјавите на западните политичари за можноста за испраќање воени контингенти во Украина се крајно неодговорни и може да се сметаат за ескалација на конфликтот, изјави директорот на Надворешната разузнавачка служба на Русија, Сергеј Наришкин.

„Ова се крајно неодговорни изјави на западните политичари. Дури и самите изјави може да се сметаат за ескалација на конфликтот од нивна страна“, рече Наришкин, коментирајќи ги се почестите изјави на Запад за можноста за испраќање војска во Украина.

Претходно, во напис за порталот „Unherd“, консултантот на американскиот Стејт департмент Едвард Лутвак изјави дека Британија, Франција и земјите од Северна Европа веќе тајно се подготвуваат да ја испратат војската во Украина.

Францускиот претседател Емануел Макрон претходно во интервју за „Економист“ изјави дека не ја исклучува можноста за испраќање војници во Украина, на барање на Киев, доколку Русија ја пробие линијата на фронтот. Според него, „многу земји од ЕУ“ се согласиле со мислењето на Париз за ова прашање.

Ставот на Кремљ е дека реториката на западните земји во врска со можноста за испраќање војници во Украина е опасна.

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје