Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

Од:

Шефот на украинската воена разузнавачка служба Кирило Буданов очекува Русија да започне офанзива и во регионот на Сумската област.

Буданов оцени дека ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина.

– Немаме повеќе резерви. Нашите војници сега се или тука или во Часиво Јар. Немаме никој во резерва – изјави Буданов за Њујорк Тајмс.

Буданов, сепак, смета дека во следните неколку дена вооружените сили на Украина ќе успеат да го стабилизираат фронтот кај Харков, но дека после тоа руската армија може да започне офанзива во регионот Сумската област. Тој се согласува со оценките дека Русија со новата офанзива на Харков ги растегнува веќе исцрпените единици на вооружените сили на Украина.

Во своето учество на Телетонот на државната телевизија, Буданов прецизираше дека очекуваната офанзива ќе се развие од рускиот град Суја кон регионалниот центар.

– Русите од почетокот ја планираа операцијата во регионот Сума. Засега во пограничната зона држат мали групи сили. Состојбата сè уште не им дозволи да преземат активна акција и да почнат да го спроведуваат својот план – рече Буданов.

Русите со денови интензивно ги гранатираат позициите на украинските сили во регионот Сума, додека населението главно се евакуира.

Министерството за одбрана на Русија, да потсетиме, објави дека руските сили во неделата во близина на Харков уништиле четири повеќецевни ракетни системи (MLRS) на украинската армија. Меѓу нив наводно е и еден РАК-СА-12 МЛРС од хрватско производство.

Би можело да ве интересира

Русија го нападна Киев со беспилотни летала

Ирина Фарион не го преживеа атентатот

Горан Наумовски

Украина и Русија денеска разменија 95 воени заробеници

Украина и Чешка се договорија за изградба на фабрика за муниција во Украина

Аларм во Полска: Сојузничките земји по втор пат подигнаа авиони во последните 24 часа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Огромен руски напад, 20 мртви во неколку градови, погодена детска болница во Киев

Горан Наумовски