И Трамп руската инвазија во Украина ја нарече „геноцид“

Од:

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп ја нарече руската инвазија во Украина „геноцид“, исто како што претходно тоа го стори актуелниот претседател, Џозеф Бајден.

Трамп во изјава за Фокс њуз го критикуваше Бајден поради неговата политика, за која оцени дека довела до рекордно ниво висока инфлација.

– А, сега додадете го тоа што се случува во Украина. Тоа е геноцид, истакнал Трамп, јави „Д Хил“.

Неговиот став следува откако Бајден го обвини рускиот претседател Владимир Путин за геноцид.

САД одбија да испратат војници во Украина, како и да воведат зона на забранети летови над земјата, но ја зголемуваат воената помош за Киев.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски