Зеленски: На Украина и се потребни седум милијарди долари месечно

Од:

На Украина и се потребни седум милијарди долари месечно за да функционира и да ги компензира економските загуби, нанесени од Русија, изјави денеска претседателот Володимир Зеленски.

Ова е зголемување во споредба со претходната проценка на Киев од пет милијарди долари месечно.

Во разговорот со челниците на ММФ и Светската банка преку видео врска, Зеленски рече дека „руското оружје е насочено кон уништување на сите локации во Украина кои можат да послужат како економска основа за живот и развој. Ова ги вклучува железничките станици, магацините за храна, рафинериите за нафта и фабриките“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Осуммина повредени во украинскиот напад на Белгород

Наришкин: Испраќање воени контингенти во Украина може да се сметаат за ескалација

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

Украина: Четири деца се повредени во руски воздушен напад врз Харков

Украина ќе може да повикува затвореници во војска

Горан Наумовски

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина