Украина издаде антируски поштенски марки

Од:

Украинскиот отпор кон руската инвазија доби поддршка и во форма на нови поштенски марки.

Украинската пошта издаде нова серија поштенски марки. Помалку од седум недели по почетокот на руската инвазија, новите поштенски марки покажуваат како украински војник му го покажува средниот прст на руски воен брод.

Поштата, исто така, почна да користи печат со специјално мастило што дава впечаток на контурите на Змискиот остров, островот во Црното Море што руските сили го окупираа на почетокот на војната.

Украинскиот офицер Роман Хирбов (32) на островот им кажал на руските сили кои барале да се предадат: „Руски бродови, е…се!“.

Тој со оваа порака стана национален херој, а неговата изрека е исцртана на ѕидовите низ земјата и на сувенирите.

Марките ќе имаат домашна и меѓународна верзија. Првите писма испратени со новите поштенски марки ги потпишаа Хирбов и директорот на поштата Игор Смељански.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски