Макрон најави нови разговори со Путин и Зеленски

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска најави дека планира во наредните денови да оствари нови телефонски разговори со рускиот и украинскиот претседател Владимир Путин и Владимир Зеленски.

-Во следните денови повторно телефонски ќе разговарам со украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот руски колега Владимир Путин, изјави Макрон за ТВ Франс 2.

Тој на 7 февруари ја посети Москва, кога разговараше со Путин, а следниот ден францускиот лидер беше и во Киев, каде имаше средба со Зеленски.

По дијалогот во Москва, Макрон и Путин имаа редовни телефонски разговори, а во последните неколку недели имаше вкупно девет, јави Тасс.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Макрон: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот и Киев не повика, Франција ќе размисли за испраќање војници

Предраг Петровиќ

Макрон: Француското нуклеарно оружје е можна тема во дебатата за одбранбениот систем на ЕУ

Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум системи за противвоздушна одбрана „Патриот“

Горан Наумовски

Зеленски: Цел на рускиот напад беа гасни објекти важни за снабдување на ЕУ

Зеленски најави кога очекува голема руска офанзива

Путин: Рускиот БДП би можел да порасне за повеќе од три отсто до крајот на годината