Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум системи за противвоздушна одбрана „Патриот“

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ и ги повика украинските партнери да не губат време за да испратат „одлучен сигнал“ до Русија.

„Се разбира, им благодарам на сите партнери кои веќе ни помогнаа со испраќање системи за противвоздушна одбрана, од кои секој е неопходен за заштита на човечки животи. Важно е сите нови договори со партнерите за зајакнување на нашата противвоздушна одбрана, која веќе постои, да функционира. На Украина и се потребни седум системи за воздушна одбрана, тоа е минимумот“, рече Зеленски, пренесува „Украинска Правда“.

„Не смееме да губиме време, треба да испратиме одлучувачки сигнал“, рече Зеленски и посочи дека за време на денешниот масивен руски ракетен напад со 34 проектили, „непријателот таргетирал различни објекти на енергетската инфраструктура – објекти за транзит на гас и објекти од електроенергетскиот систем”.

Тој додаде дека, меѓу другото, безбедноста на снабдувањето на Европската Унија зависи од овие транзитни капацитети на гас.

Би можело да ве интересира

Зеленски и ја честита победата на Сиљановска-Давкова

Зеленски до Собранието достави предлог закон за продолжување на мобилизацијата

Русија: Америка активно бара замена за Зеленски

Ритер: Режимот на Зеленски ќе исчезне

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Цел на рускиот напад беа гасни објекти важни за снабдување на ЕУ