Грифитс: Хуманитарен прекин на огнот во Украина не е на повидок

Од:

Хуманитарниот прекин на огнот меѓу украинските и руските сили во Украина во моментов не е на повидок, но тоа може да биде можно за неколку недели, изјави денеска потсекретарот на ОН за хуманитарни прашања Мартин Грифитс.

Говорејќи пред новинарите во седиштето на ОН во Њујорк, Грифитс рече дека руските власти сè уште не го вклучиле локалното примирје на врвот на нивната агенда.

Тој рече дека службениците за помош на ОН планираат да испратат хуманитарен конвој во источниот регион Доњецк во следните неколку дена и оттаму да испратат помош во Луганск.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Осуммина повредени во украинскиот напад на Белгород

Наришкин: Испраќање воени контингенти во Украина може да се сметаат за ескалација

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

Украина: Четири деца се повредени во руски воздушен напад врз Харков

Украина ќе може да повикува затвореници во војска

Горан Наумовски

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина