Кулеба: Ситуацијата во Мариупол е многу полоша од масакрот во Буча

Од:

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави денеска дека „хоророт што го видовме во Буча е само врв на ледениот брег на сите злосторства извршени од руската војска“ од почетокот на војната досега.

Кулеба тоа го изјави на прес-конференција во Варшава. Тој додаде дека „ужасите од Буча, Мариупол и другите градови бараат сериозни санкции од Г7 и од Европската унија“.

Обраќајќи се на прес-конференција со британската колешка Лиз Трас, Кулеба повика на воведување „најостри санкции“ против Русија, додавајќи дека таа земја треба да биде исфрлена од Советот за човекови права на ОН.

– Западот продолжува да ја финансира руската воена машина, плаќајќи за фосилни горива. Трговијата меѓу Русија и Западот продолжува, а финансиските трансакции одат преку руски банки кои не се исклучени од системот СВИФТ, нагласи Кулеба.

Шефот на украинската дипломатија, исто така, испрати порака до министрите за надворешни работи кои оваа недела ќе присуствуваат на состаноците на НАТО, ЕУ и Г7.

– Ако имате какви било сомнежи или аргументи за потребата да продолжите да соработувате со Русија, прво посетете ја Буча, а потоа контактирајте ме, додаде Кулеба.

Тој рече дека Украина „победила во битката за Киев“, но сега се подготвува за „нова, голема руска офанзива на истокот од земјата“.

– Можам да ви кажам без претерување и со голема тага дека ситуацијата во Мариупол е многу полоша во споредба со она што го видовме во Буча и другите градови и села околу Киев, изјави Кулеба.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Осуммина повредени во украинскиот напад на Белгород

Наришкин: Испраќање воени контингенти во Украина може да се сметаат за ескалација

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

Украина: Четири деца се повредени во руски воздушен напад врз Харков

Украина ќе може да повикува затвореници во војска

Горан Наумовски

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина