Европска комисија: Плаќањето за гас во рубљи ги прекршува санкциите на ЕУ

Од:

Со плаќањето на рускиот гас во рубљи, некои земји-членки на ЕУ би го прекршиле европскиот режим на санкции против Москва, се вели во интерната нота на Европската комисија што ја пренесува Хина.

Во документот, кој е технички и прелиминарен и се заснова на неофицијален превод на рускиот претседателски декрет од 31 март, се вели дека законот додава неколку нови слоеви на обврски на купувачите на гас од ЕУ и практично го одзема финализирањето на купувањето од нивните раце.

– Овој механизам ќе доведе до прекршување на постоечките европски рестриктивни мерки воведени против Русија, нејзината влада, централната банка и соработниците, како и на општата забрана за заобиколување на европските рестриктивни мерки, се вели во нотата.

Рускиот претседател Владимир Путин на крајот на март издаде декрет со кој се бара од европските функционери да отворат најмалку две посебни сметки во Гаспромбанк – едната за евра и долари, а другата за рубљи. Сите плаќања за гас мора да одат преку таа банка.

Според шемата, ЕУ ќе продолжи да плаќа на Гаспромбанк во договорената валута, евра или долари, но работата ќе биде завршена само кога руската банка ќе ја претвори валутата во рубљи во договор со централната банка и ќе ги уплати на другата сметка, се вели во документот на ЕК.

– Резултатот е дека исплатата при уплатата на конечната сметка се довршува во валута што не е наведена во договорот, се вели во белешката.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски