Русија: Досега убивме повеќе од 23.000 украински војници и платеници

Од:

Руските сили досега убиле 23.367 војници во Украина, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков.

Конашенков вели дека неодамнешните изјави на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека меѓу 2.500 и 3.000 војници ги загубиле животите се лага.

„Министерството за одбрана на Руската Федерација има сигурни податоци за реалните загуби на украинската армија, Националната гарда и странските платеници, што Зеленски се плаши да им ги каже на граѓаните на Украина. Загуби изнесуваат 23.367 луѓе“, рече Конашенков. .

Тој исто така вели дека руските сили денеска извршиле воздушни напади врз 15 непријателски цели, а во нападите биле убиени и ранети повеќе од 320 украински војници.

Конашенков не сакаше да ги открие податоците за руските загуби.

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски