Лавров: Нашата цел е да ставиме крај на целосната доминација на САД

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва нема да ги прекине, како што ги нарекува, воените операции до следната рунда мировни преговори со Украина.

Но, во интервју за новинскиот канал „Русија-24“, тој рече дека не гледа причина разговорите да не продолжат.

– Претседателот (Владимир Путин) постојано нагласува дека претпочитаме преговори, рече тој, пренесува од ТАСС.

Бранејќи ја руската инвазија, Лавров вели дека таа има пошироки импликации надвор од самата Украина, пренесува Би-Би-Си. „Нашата специјална воена операција е дизајнирана да стави крај на непромисленото проширување на целта на САД за целосна доминација… на меѓународната арена“, изјави Лавров.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) После серија моќни торнада, 50 луѓе затрупани во урнатините во Мичиген

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради