Русија: Во Мариупол опколивме 400 платеници, нив не ги штити меѓународното право

Од:

Руското Министерство за одбрана тврди дека руските сили во Мариупол опколиле до 400 странски платеници кои се борат на украинската страна, пренесува руската агенција РИА Новости.

„Севкупно, според информациите што ги добивме од украинските војници кои се предале, до 400 странски платеници сега се опколени на територијата на фабриката Азовстал“, изјави Игор Конашенков, портпаролот на Министерството за одбрана.

Повеќето од нив се државјани на европските земји и на Канада, рече тој, додавајќи дека платениците немаат заштитен статус според меѓународното хуманитарно право.

„Сега, во најдобар случај, ќе се соочат со долги затворски казни. Претходно објавивме дека разговорите меѓу милитантите во Мариупол се водат на шест странски јазици. Во случај на понатамошен отпор, сите ќе бидат уништени“, рече Конашенков.

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски