ВИДЕО: Независен руски портал направи реконструкција на случувањата во Буча, убиствата се случиле кога Русите биле во градот

Од:

Независниот руски портал Медуза го реконструираше масакрот во Буча. Медуза дошла до снимката од дрон за која вели дека е направена во периодто меѓу 23 и 30 март, во време кога руските војници биле во градот.

Овој портал тврди дека видеото е доказ дека злосторствата и убиствата се извршени во време кога руските војници биле во Буча.

Снимките од дрон покажуваат уништени улици и тела на патот. Новинарите на Медуза ја споредија снимката од дрон со фотографиите направени на лице место.

„На овие снимки можете да ги видите телата на убиените како лежат на улицата Јаблонска, како и на неколку соседни улици. Ги лоциравме локациите на телата и тие целосно се совпаѓаат со локациите на телата преземени од украинската полиција и новинарите на 1 и 2 април откако Русите се повлекоа“, пишува Медуза.

„Важно е да се напомене дека сите мртви снимени од воздух лежат не само на исто место, туку и во иста положба како на сликите направени од земја“, нагласува Медуза.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ