(ВИДЕО) Азов: Жени, деца се кријат во челичарницата…заробени се, немаат храна, лекови, ниту вода

Од:

Свјатослав Паламар, командант на Азов и еден од последните бранители на Мариупол, во вчерашното интервју за Би-Би-Си изјави дека продолжуваат да ги одбиваат руските напади, но дека Русите од бродови ја бомбардираат фабриката за челик и дека сите згради се практично уништени.

Русите, додава тој, користат бомби специјално дизајнирани за бомбардирање на бункери.

„Практично сите згради во областа Азовстал се уништени. Фрлаат тешки бомби, бомби за да разбиваат бункери кои предизвикуваат огромни разурнувања. Имаме ранети и мртви во бункерите. Некои цивили се заробени под урнатите згради“, рече Паламар.

Азовскиот баталјон пред неколку дена објави снимка од жени и деца кои наводно се кријат во подрумот на челичарницата Азовстал. Видеото подоцна беше споделено од украинското Министерство за надворешни работи. Се чини дека прикажува десетици деца и семејства кои се кријат во подрумот на фабриката со недели.

„Тука сум со моето семејство. Еве ги моите родители“, рекла млада Украинка со бебе во рацете.

„Овде сум со три деца. Условите не се најдобри. Нема училиште, нема доволно храна. Полека им се расипуваат забите. Им недостига витамин Д, не се на сонце“, рекол друга Украинка.

Градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко, вчера изјави дека околу 200 луѓе се уште чекаат евакуација, но дека автобуси не пристигнале. Тој рече дека е невозможно да се потврди точно колку цивили имало во фабриката за челик Азовстал, но се проценува дека ги има меѓу 300 и 1.000.

Украински маринец од опколената челичарница Азовстал пред два дена изјави дека условите во челичарницата се ужасни.

„На повеќе од 500 борци им е потребна медицинска помош, што е невозможно да се стигне овде. Тоа е подземно засолниште, па луѓето гнијат. Но, ние сè уште функционираме и продолжуваме да ги штитиме луѓето“, рече маринецот.

Запрашан за цивилите кои се кријат од руските напади во фабриката за челик Азовстал, маринецот рече: „Многу цивили се кријат во нашето засолниште. Меѓу нив има жени со деца и бебиња. И им треба помош. Тие се заробени, бомби и гранати постојано паѓаат“.

Двајца украински функционери пред неколку дена на социјалните мрежи споделија видео од малата Алиса како се крие во бункери под фабриката Азовстал. Арсен Аваков, поранешниот украински министер за внатрешни работи изјави дека во тунелите под челичарницата има многу жени, деца и стари лица и дека се без лекови, храна и вода, пишува Дејли мејл.

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски