Хјуман рајтс воч соопшти дека документиралe „очигледни воени злосторства“ во Украина

Од:

Групата за заштита на човековите права Хјуман рајтс воч (ХРВ) синоќа соопшти дека документирала „очигледни воени злосторства“ извршени од руските сили врз цивилите во Украина, пренесува Скај њуз.

ХРВ соопшти дека открила „неколку случаи“ на воени прекршувања во Чернихив, Харков и Киев.

– Случаите што ги документиравме претставуваат неискажлива, намерна суровост и насилство врз украинските цивили, рече Хју Вилијамсон, директор на ХРВ за Европа и Централна Азија.

– Силувањето, убиствата и другите насилни дејствија врз луѓето кои руските сили ги држат во притвор, треба да се истражат како воени злосторства, потенцира Вилијамсон.

Меѓу овие е вклучен и еден случај на повеќекратно силување; два случаи на егзекуција по брза постапка (егзекуција во која едно лице е обвинето за кривично дело и веднаш убиено без право на целосно и правично судење) – еден од шестмина мажи – и други случаи на незаконско насилство и закани врз цивили, извршени помеѓу 27 февруари и 14 март.

„Војниците исто така беа вмешани во грабеж на цивилен имот, вклучително храна, облека и огревно дрво. Оние кои ги извршија овие злоупотреби се одговорни за воени злосторства“, се додава во извештајот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

ВИДЕО: Русите го напднаа Харков, четоврица повредени

Катерина Ѓуровски

Макрон: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот и Киев не повика, Франција ќе размисли за испраќање војници

Предраг Петровиќ

Русите објавија дека ослободиле уште едно село

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски