Украина: Значително трупање руски војници и воена опрема во Луганск

Од:

Серхиј Хајдаи, шеф на регионалната воена администрација во Луганск, рече дека во регионот е забележано „значително трупање руски војници и воена опрема“, како очигледна подготовка за напад.

„Да, можам да потврдам дека има значителна акумулација на војници и воена опрема што се подготвува за голем пробив“, рече тој на националната телевизија.

„Имаше обид за пробивање минатата вечер, нашите бранители го одбија нападот. Се држиме, но гледаме дека има голема акумулација на војници“, рече тој.

Лидерите на сепаратистичките Народни републики Доњецк и Луганск, кои се поддржани од Русија, претходно најавија „целосна мобилизација“ на териториите под нивна контрола.

Хајдаи рече дека мобилизацијата е во тек, но додаде дека новомобилизираните регрути се неискусни и дека се „користени како топовско месо“.

Руската војска соопшти дека ги повлекува своите сили од околината на Киев и северниот украински град Чернихив за да ги концентрира напорите во регионот Донбас во источна Украина.

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски