Во војната во Украина досега загинаа 18 новинари

Од:

Осумнаесет новинари се убиени во Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари. Ова го соопшти украинското Министерство за култура и информации, пренесува Би-Би-Си.

„Секоја смрт и други злосторства врз претставници на медиумите ќе бидат истражени“, се вели во соопштението на Министерството.

Уште 13 новинари се повредени, осуммина се киднапирани или заробени, а тројца новинари се водат како исчезнати.

Министерството има информации дека се извршени злосторства против новинари од 11 земји, вклучително и Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украинска армија: Нема да објавиме почеток на контраофанзивата

Ана Ололовска

Зеленски: Од почетокот на војната загинаа најмалку 500 деца

Ана Ололовска

Две ракети погодија воен аеродром во централна Украина

Ана Ололовска

Девет беспилотни летала лансирани на Крим

Ана Ололовска

Системите за противвоздушна одбрана вклучени во одбивањето воздушни напади во Киев

Ана Ололовска

Експлозија кај Днепар, има повредени, меѓу нив и деца

Ана Ололовска