ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Од:

Телевизиска кула, висока 240 метри, во украинскиот град Харков вчера се преполови и се урна на земја по рускиот ракетен напад врз телевизиската инфраструктура, соопштија локалните власти,.

Во прекин е емитувањето на ТВ сигналот во вториот по големина украински град, што во последните неколку недели беше цел на серија руски напади со ракети и беспилотни летала.

-Во моментов има прекин во дигиталниот телевизиски сигнал, изјави регионалниот гувернер Олех Синијехубов. Тој додаде дека нема жртви бидејќи работниците биле во засолниште.

На снимката од местото на настанот се гледа како главниот столб на кулата се крши и паѓа додека облак чад се крева на небото.

Од снимката не е јасно што ја погодило кулата, но властите во Харков рекоа дека Русија најверојатно во нападот користела крстосувачка ракета „Кх-59“.

Русија првпат ја нападна телевизиската кула во Харков на почетокот на март 2022 година, непосредно по почетокот на инвазијата врз Украина. Сигналот и тогаш беше во прекин.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Германец осуден на смрт се појави на белоруската телевизија, во солзи го моли Шолц за помош

Предраг Петровиќ

Украина губи 2.000 војници дневно

Предраг Петровиќ

Приближно 32 отсто од Украинците се подготвени на територијални отстапки кон Русија за да се стави крај на војната

Руските сили ја презедоа контролата

Ако победи Трамп, финансискиот товар за помош на Украина ќе се промени на штета на ЕУ тврди Орбан

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се шири снимка: „Украинец во цивилна облека истрела крстаречка ракета кон Русите од рамо“