ВИДЕО: САД објавија нови детали за запленувањето на суперјахтата на рускиот олигарх во Шпанија

Од:

Американските власти се огласија по повод запленувањето на суперјахтата на Виктор Векселберг, додавајќи дека тој е сојузник на рускиот претседател Владимир Путин.

Според нив, олигархот роден во Украина ги прекршил санкциите што му ги воведоа САД во 2018 година. Повторно беше санкциониран минатиот месец, откако започна руската инвазија.

Луксузен 78-метарски брод наречен Танго и проценет на 90 милиони долари беше запленет во рација на шпанската полиција на медитеранскиот остров Мајорка, по барање на САД.

Акцијата е првиот потфат на новосоздадената иницијатива на американското Министерство за правда наречена Task Force KleptoCapture, која беше создадена за да ги казни руските олигарси за кршење на американските санкции.

Официјални лица велат дека Векселберг продолжил да плаќа преку американските банки за поддршка и одржување на бродот.

„Денеска нашата работна група ја изврши првата заплена на имот што му припаѓа на санкционирано лице со блиски врски со рускиот режим. Тоа нема да биде последно“, рече американскиот државен обвинител Мерик Гарланд.

Би можело да ве интересира

Брнс се врати во Каиро за да преговара за прекин на огнот во Појасот Газа

(ВИДЕО) После серија моќни торнада, 50 луѓе затрупани во урнатините во Мичиген

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски