Кремљ призна: Имаме значителни загуби во Украина, тоа е огромна трагедија за нас

Од:

Портпаролот на Владимир Путин, Дмитриј Песков, призна дека загубите на Русија во Украина се „значајни“.

Во интервју за „Скај њуз“, тој призна дека војната е „огромна трагедија“ за Русија и дека „загубите се значителни“.

Тој рече дека историјата на Украина се променила во 2014 година за време на, како што го нарече „нелегалниот пуч“.

„Украина стана антируска, сè што потоа се случи во Украина беше насочено против нашата земја“, рече Песков, додавајќи дека Русија „со децении е загрижена за сопствената безбедност“.

Запрашан од новинарите дали војната се покажа како понижување за Русија со оглед на бројот на загинати војници, тој рече „Не, тоа е погрешна слика за тоа што се случува“.

Но, тој веднаш призна: „Имаме значителна загуба на војници. Тоа е огромна трагедија за нас“.

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

Загина познатиот украински кревач на тегови Александар Пелешенко

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Во напад на украински дронови тешко повредени се шест лица