Верешчук: Петнаесет автобуси за евакуација тргнаа од Запорожје кон Мариупол

Од:

Хуманитарен коридор од опколениот југоисточен украински град Мариупол, денеска ќе биде во функција и покрај доцнењата и тешкотиите да се задржи рутата отворена за евакуација.

– Рутата ќе биде за приватен превоз. Петнаесет автобуси за евакуација веќе заминаа од Запорожје за Мариупол, изјави Ирина Верешчук, украинската вицепремиерка и министерка за реинтеграција на привремено окупирани територии.

Таа додаде дека ќе се продолжи и со евакуацијата на луѓето од Северодонецк, Попасна, Лисичанск, Рубижне и селото Нижни во регионот на Луганск, мислејќи на заедниците на истокот на Украина, кои беа под интензивни борби и под силно гранатирање.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски