Офанзивата на Русија во Донбас почна, изјави висок украински функционер

Од:

Најновата руска офанзива во Донбас веќе започна, изјави утрово висок украински функционер, додавајќи дека Русија продолжува да трупа сили во источниот регион на Украина.

„Од моја гледна точка, големата офанзива (во источна Украина) веќе започна“, изјави на јавната телевизија Вадим Денисенко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи.

„Мора да разбереме дека ова нема да биде повторување на 24 февруари, кога почнаа првите воздушни напади и експлозии и кога рековме ‘војната започна’. Големата офанзива де факто веќе започна“, рече тој.

Украински и западни официјални лица велат дека значајни маневри на руските сили кон Донбас се забележани во последните денови, откако Русија не успеа да го освои Киев.

„Русите трупаат сили и опрема во Доњецк и Луганск. Сè уште нема големи борби за кои толку многу се зборуваше последните денови, но генерално кажано, можеме да речеме дека офанзивата веќе започна“, рече Денисенко.

Советникот на украинскиот министер изјави дека синоќа одекнале експлозии во областа Дњепропетровск и додаде дека продолжува гранатирањето на Харков, вториот по големина украински град.

Сергеј Гајдаи, шеф на воената администрација во Луганск, рече дека украинските власти организираат „забрзана евакуација“ од Донбас, додавајќи дека за денеска се закажани повеќе возови за евакуација од Луганск и Доњецк.

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски