Украински власти: Преговорите со Русија се исклучително тешки

Од:

Преговорите со Москва за руско-украинскиот мировен договор се „исклучително тешки“, изјави денеска советникот на украинското претседателство Михаил Подољак, откако рускиот претседател Владимир Путин го осуди „недостигот на кохерентност“ на Украинците кој „создава тешкотии“.

– Преговорите се исклучително тешки, рече Подољак и изрази жалење „што руската страна останува на својата традиционална тактика на јавен притисок врз преговарачкиот процес, особено преку одредени изјави“.

Путин денеска го обвини Киев дека отстапил од договорите постигнати во Истанбул, наведувајќи дека Русија ќе ја продолжи „воената операција“ во Украина додека не ги реализира поставените задачи.

– Во Истанбул постигнавме одредено ниво на договор, кој се состоеше во тоа безбедносните гаранции за Украина – а украинската страна наметнува многу строги безбедносни гаранции за себе – да не се прошират на територијата на Крим, Севастопол и Донбас. Видовме, следеа наши активности за создавање услови за продолжување на договорот – преговарачкиот процес. Наместо тоа, се соочивме со провокација во Буча и што е најважно, украинската страна се повлече од договорите во Истанбул, рече Путин.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Осуммина повредени во украинскиот напад на Белгород

Наришкин: Испраќање воени контингенти во Украина може да се сметаат за ескалација

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

Украина: Четири деца се повредени во руски воздушен напад врз Харков

Украина ќе може да повикува затвореници во војска

Горан Наумовски

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина