Руско Министерство за одбрана: Пожарот на московскиот крстосувач е локализиран

Од:

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека пожарот на крстосувачот „Москва“, главниот брод на Црноморската флота, е локализиран и дека се преземаат мерки за одвлекување на бродот назад до пристаништето.

Министерството, кое претходно објави дека избил пожар по експлозија на муниција на палубата, соопшти дека главното оружје на бродот не е оштетено и дека екипажот бил евакуиран на други бродови во Црното Море.

„Изворот на пожарот на крстосувачот ‘Москва’ е локализиран“, соопшти руското Министерство, додавајќи дека бродот не потонал.

„Експлозиите на муниција се запрени“, се вели во соопштението и се додава дека се истражува причината за инцидентот.

Руското Министерство претходно објави дека крстосувачот е значително оштетен во пожарот, што е последен во серијата воени напади што Русија ги доживеа од почетокот на инвазијата на Украина на 24 февруари.

Максим Марченко, гувернер на регионот околу Одеса, изјави дека бродот „Москва“ бил погоден од две противбродски ракети „Нептун“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски