Италија протера 30 руски дипломати

Од:

Италија од безбедносни причини протера 30 руски дипломати, соопшти денеска министерот за надворешни работи, Луиџи ди Мајо.

Владите на повеќе западни држави презедоа слични чекори по руската инвазија на Украина.

Данска одлучи да протера 15 руски дипломати откако беше известено за откриени масовни гробници и убиства на цивили во украинскиот град Буча, изјави денеска данскиот министер за надворешни работи, Јепе Кофод.

Тој посочи дека протераните руски дипломати се занимавале со разузнавачки активности и потврди дека мора да ја напуштат земјата во рок од 14 дена.

Француското Министерство за надворешни работи синоќа соопшти дека има намера да протера неколку руски дипломати. Според информациите објавени на телевизијата „БФМ“, планирано е протерување 35 руски дипломати од Франција.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он