80 посто од територијата на Луганск е по руска контрола објави регионалниот гувернер

Од:

Руските воени единици сега контролираат 80 отсто од областа Луганск во источна Украина, објави во Телеграм регионалниот гувернер Сергеј Гајдаи. Тој рече дека Рубижне и Попасна во Луганск биле „делумно“ под руска контрола по неколкунеделни жестоки борби за областите.

Гранатирањето е засилено во таа област, додаде Гајдаи.

На почетокот на војната на 24 февруари, сепаратистите на самопрогласената „Луганска Народна Република“ контролираа околу 30 отсто од регионот. Околу 70.000 луѓе останаа во областа. Доколку дојде до прекин на огнот за православниот Велигден, Гајдаи рече дека властите сакаат да го искористат колку што е можно повеќе за евакуација и за испорака на помош.

Би можело да ве интересира

Клучен разговор меѓу Трамп и Путин денеска

Макрон: Не ни треба руска дозвола за испраќање војници во Украина

Трамп утре ќе разговара со Путин за завршување на војната: „Веќе договараме за поделба на ресурси“

Катерина Ѓуровски

Москва предупредува: Времето истекува

На Москва не и се допаѓа специјалниот пратеник на Трамп за Украина и Русија

ВИДЕО: Украинците повторно нападаа рафинерија во Русија