ЕУ ќе ја забрза нострификацијата на украинските дипломи и сертификати

Од:

Европската Комисија издаде препорака за побрзо признавање на еквивалентноста на украинските академски и професионални сертификати и дипломи за бегалците од оваа земја, јави дописничката на МИА од Брисел.

Со ова Европската Комисија сака процедура да се олесни, забрза и да биде пофлексибилна во сите земји членки на ЕУ.

Комисијата смета дека ова е од суштинско значење за интеграцијата и благосостојбата на Украинците кои се наоѓаат сега во земји на ЕУ по почетокот на војната, и ќе им се овозможи побрзо да најдат работа во ЕУ.

-Ова ќе им помогне на оние што бегаат од војната да најдат пат кон значајно работно место, истовремено олеснувајќи ја нивната интеграција. Едноставен и похармонизиран пристап на признавањето на квалификациите ќе овозможи да се извлече бенефит од моќта на солидарноста на заедничкиот пазар и да им се дадат можности во цела на ЕУ на оние на кои им е потребно, изјави Тјери Бретон, еврокомесар за внатрешниот пазар.

Препораката за побрза нострификација се однесува на работни места како медицински сестри, лекари или учители и други просветни работници.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Осуммина повредени во украинскиот напад на Белгород

Наришкин: Испраќање воени контингенти во Украина може да се сметаат за ескалација

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

Украина: Четири деца се повредени во руски воздушен напад врз Харков

Украина ќе може да повикува затвореници во војска

Горан Наумовски

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина