(ВИДЕО) Зеленски одржа прес-конференција: Ако Русија го стори тоа, ќе ги прекинеме преговорите

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски одржа прес-конференција во Киев – првпат од почетокот на војната во Украина, јави Би-Би-Си.

Зеленски го држеше пресот во подземјето во Киев и во еден момент мораше да застане за да помине возот.

Украинскиот претседател одговараше на новинарски прашања

– Војната можат да ја спречат само тие што ја започнаа, рече на почетокот Зеленски. Запрашан дали сè уште инсистира на средба со рускиот претседател Владимир Путин и дали смета дека разговорите со него ќе стават крај на војната, Зеленски рече дека војната може да ја запре само тој што ја започнал.

Тој инсистира на завршување на војната и потенцираше дека секој „здрав човек попрво би го избрал дипломатскиот пат“ за да ги реши прашањата отколку со воено решение..

Украинскиот претседател додаде дека не се плаши за својот живот, но дека неговото семејство е многу загрижено за него.

Зеленски рече и дека Украина ќе ги прекине преговорите со Москва доколку Русија „го уништи народот во Мариупол и одржи псевдореферендуми за создавање псевдорепублики во областите под руска окупација“.

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски