Од минута во минута: Жестоки осуди за случувањата во Буча, Русија отфрла одговорност

Од:

Кризата во Украина од минута во минута.

23:39 – Едно лице загина, а 14 се повредени во ракетниот напад на Миколаев

Едно лице загина, а четиринаесет се повредени во руски ракетен напад врз Миколаев, на југот на Украина, изјави гувернерот на регионот, Виталиј Ким.

22:12 – Шолц: Западните земји ќе договорат нови санкции против Русија

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави денеска дека западните земји наредните денови ќе се договорат да воведат повеќе санкции кон Русија, откако Украина ги обвини руските војници за воени злосторства во близина на Киев.

21:21 – Петков: Сторителите на воените злосторства во Буча да сносат одговорност

Премиерот на Бугарија Кирил Петков во објава на Фејсбук напиша дека се ужасни податоците за цивилите Украинци убиени од руската армија и фотографиите од крвопролевањето во Буча.

19:18 – Блинкен: Оние кои ги извршија убиствата во Буча ќе одговараат за воени злосторства

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека фотографиите од големиот број Украинци убиени во Буча се ужасни и дека оние што ги извршиле тие убиства ќе одговараат за воени злосторства.

18:56 – Зеленски: Ова е геноцид, сакаат да не истребат

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека извршила „геноцид“ во Украина со цел да ја истреби „целата нација“, еден ден по откривањето на голем број тела на улиците на градот во близина на Киев по повлекувањето на руските сили.

18:55 – ВИДЕО: Голем протест за поддршка на Русија во Берлин

Околу 5.000 возила учествуваа денеска на авто-митингот за поддршка на Русија во германската престолнина.

17:37 – Русија се огласи за убиените во Буча, видеата ги нарече „лажни“

Руското Министерство за одбрана ги отфрли тврдењата на Украина дека стотици цивили биле убиени од руските војници во Буча.

17:24 – Столтенберг: Смртта на цивили во Буча е бруталност каква што не сме виделе во Европа со децении

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја нарече неприфатлива смртта на цивили во градот Буча.

17:21 – Макрон: Сликите од Буча се неподносливи

Макрон им изрази сочувство на Украинците и на семејствата на жртвите, додавајќи: „Руските власти ќе мора да одговараат за овие злосторства“.

16:57 – Песков: Не можете комплетно да ја изолирате Русија

„Не може да има целосен вакуум или изолација на Русија, тоа е технолошки невозможно во современиот свет. Светот е многу поголем од Европа. Порано или подоцна ќе треба да изградиме дијалог, без разлика дали некои го сакаат или не“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за руската државна телевизија.

15:20 – Трас: Нападите врз цивили во Украина треба да се истражат како воени злосторства

Наводите за напади врз цивили за време на руската инвазија на Украина треба да се истражат како воени злосторства, изјави британската министерка за надворешни работи Лиз Трас, додавајќи дека Обединетото Кралство целосно ќе го поддржи секој таков потег на Меѓународниот кривичен суд.

14:39 – Папата Франциск повторно ја осуди војната во Украина

Папата Франциск денеска за време на посетата на Малта повторно ја осуди „сакрилегиозната војна“ во „маченичката“ Украина, набргу откако беше објавено дека во градот Буча се пронајдени тела на цивили.

14:11 – Кулеба: Русија е полоша од ИСИС

Украинскиот министер за надворешни работи рече дека руските војници егзекутирале цивили додека се повлекувале од окупираните региони „од бес и само затоа што сакале да убијат“.

13:47 – Русија продолжува да испорачува гас преку Украина

Руската државна енергетска компанија Газпром објави дека продолжува со големите испораки на гас преку Украина до западните земји.

12:38 – Литвански режисер убиен во Мариупол

Литванскиот филмски режисер Мантас Кведаравичиус е убиен вчера во Мариупол, град чија судбина ја документира долги години, соопшти украинското Министерство за одбрана.

12:11 – Мишел најави нови санкции кон Русија

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел ги осуди „злосторствата“ извршени од руските сили во предградијата на Киев и вети дека ќе има нови санкции кон Русија.

11:17 – Кремљ: Ќе дојде време кога Европејците да се отрезнат од американскиот бурбон

– Кога Европејците ќе се отрезнат од американскиот бурбон и ќе сфатат дека тие се одговорни за судбината на нивниот континент, ќе дојде време да се преиспитаат односите со Русија и дијалогот, рече Песков.

11:02 – Нов обид за евакуација на цивилите од Мариупол

Портпаролот на организацијата вели дека тимот е „на пат“, но и дека „ситуацијата на терен е нестабилна и подложна на брзи промени“.

10:37 – Министерот за надворешни работи на Грција е на пат кон Одеса

Министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас е на пат кон Одеса, каде што ќе пренесе хуманитарна помош и ќе се сретне со претставници на грчката дијаспора.

10:25 – ВИДЕО: Русите го потврдија нападот на Одеса, уништени се рафинерија и складишта

Министерство за одбрана на Русија потврди дека руските сили уништиле рафинерија за нафта и три складишта за гориво со високопрецизни морски и воздушни ракети во областа Одеса, пренесува Интерфакс.

09:39 – Се огласи Русија: Рано е за средба Путин-Зеленски

Главниот руски преговарач Владимир Медински рече дека позицијата на Русија за Крим и Донбас останува непроменета и дека мировните преговори не напредувале доволно за средба меѓу Зеленски и Путин.

07:54 – ВИДЕО: Зеленски предупредува дека целта на Русија е да ги освои истокот и југот на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските сили имаат за цел да го окупираат истокот и југот на земјата и се пожали дека западните земји не му дале на Киев доволно противракетни системи.

07:54 – ВИДЕО: Силни експлозии во Одеса

Повеќе експлозии утрово се слушнале во Одеса, пристанишен град на југот на Украина, а градската управа на својата веб-страница објави дека станува збор за ракетни напади.

07:45 – Во Буча откриена масовна гробница

Градоначалникот на Буча, Анатолиј Федорук изјави дека во градот е откриена масовна гробница, каде се закопани 280 луѓе.

03.04.2022

22:04 – Путин и Зеленски наскоро би можеле да се сретнат во Турција

Украинскиот и рускиот претседател Володимир Зеленски и Владимир Путин најверојатно мировните преговори ќе ги водат во Турција.

21:31 – Литванија е прва земја-членка на ЕУ што прекина да увезува руски гас

Претседателот на Литванија Гитанас Наузеда изјави дека неговата земја од овој месец нема да увезува руски гас.

21:03 – Украинските сили презедоа контрола над целата Киевска област

Украинските сили повторно презедоа контрола врз целата територија на регионот Киев, изјави денеска заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Малијар.

19:57 – Путин му испрати писмо на Лукашенко: Притисокот од Западот ги зајакнува врските меѓу Москва и Минск

Во писмото Путин истакнува дека Русија и Белорусија се соочуваат со невиден надворешен притисок и посочи дека најдобар одговор на, како што наведе, „непријателските дејствија“ треба да биде зајакнување на интеграцијата.

19:10 – ВИДЕО: Вознемирувачки снимки од град во близина на Киев, тела по улиците

Снимки објавени на социјалните мрежи прикажуваат повеќе тела на улиците на градот Буча во близина на Киев.

18:06 – ВИДЕО: Русите со шок бомби ги растераа демонстрантите во окупиран украински град

Снимки од окупираниот украински град Енерходар покажуваат експлозии и облаци од бел чад на плоштадот за време на протестот на Украинците против руските сили кои го окупираа градот.

17:54 – Украина обвинува дека руските сили „користат цивили како жив штит“

Украинското Министерство за одбрана денеска ги обвини руските сили дека киднапираат цивили и ги користат како „жив штит“.

17:16 – Мирни антивоени протести ширум Русија, уапсени повеќе од 170 демонстранти

Повеќе од 170 луѓе се уапсени ширум Русија откако протестираа поради руската инвазија врз Украина, соопшти невладината организација специјализирана за следење апсења во земјата ОВД-Инфо.

15:22 – Украина: Ја вративме контролата над 30 населени места во близина на Киев

Украинските власти тврдат дека повеќе од 30 населби во околината на Киев, што беа под контрола на руските сили, се вратени под украинска контрола.

14:58 – Карла дел Понте бара апсење на Путин

Поранешната главна обвинителка на Хашкиот трибунал, Карла дел Понте го повика Меѓународниот кривичен суд да издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин.

14:06 – Подолјак: Руските сили брзо се повлекуваат од северна Украина за да се зајакнат на исток и на југ

Руските сили брзо се повлекуваат од регионите на Киев и Чернихив во северна Украина со цел да се зајакнат на истокот и југот на земјата и цврсто да ги диктираат своите услови, изјави денеска Михаил Подолјак, советник на украинскиот претседател.

12:49 – Русите се повлекоа од аеродромот Хостомел потврдуваат сателтиските снимки

Руските сили се повлекоа од аеродромот Антонов, попознат како Хостомел, кој се наоѓа во близина на Киев, потврдија сателитски снимки.

12:46 – На црната листа странски агенти Русија стави и позната новинарка

Русија додаде уште осум лица на својата црна листа, обвинувајќи ги дека се „странски агенти“. Меѓу нив е и Eлизавета Осетинскаја, поранешна уредничка на неколку руски весници кои објавуваа извештаи за комерцијалните интереси на луѓе блиски до рускиот претседател Владимир Путин.

12:44 – ВИДЕО: Во Миколаев уште се трага по тела, од општинската зграда досега извадени 33 жртви

Украинските власти соопштија дека се знае за 33 лица загинати во ракетниот напад во вторникот врз зградата на градската управа во Миколаев на Црното Море. Повредени се 34 лица.

11:49 – ВИДЕО: Снимка од остатоците од руската воена опрема по повлекувањето од Киев

Објавено е видео кое покажува што останало од руските тенкови, оружје и возила по повлекувањето кај Киев.

11:25 – Во Украина убиени 1.276 цивили

Од почетокот на рускиот напад врз Украина до 31 март загинаа 1.276 цивили, соопшти канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права во Женева.

10:36 – Убиен сопругот на потпреседателката на украинската влада

Сопругот на вицепремиерката на Украина за европски и евроатлантски интеграции Олха Стефанишина загина во руското гранатирање објави на социјалните мрежи украинската пратеничка Лесија Василенко.

09:52 – САД воведуваат нови извозни ограничувања за повеќе руски и белоруски компании

Владата на САД најави нова рунда извозни ограничувања што ги погодуваат Русија и Белорусија.

09:42 – Молдавија нема да воведе санкции на Русија

Владата во Молдавија ќе го задржи неутралниот став и нема да се приклучи на санкциите на Западот против Русија поради конфликтот во Украина, изјави претседателката Маја Санду.

09:40 – Намален е бројот на луѓе кои бегаат кон Полска, дел од Украинците се враќаат дома

2.437.000 луѓе влегле од Украина во Полска од почетокот на војната, соопшти денеска полската гранична полиција.

09:23 – Конвојот на Црвениот крст повторно се упатува кон Мариупол за евакуација на цивилите

Конвојот на Црвениот крст кој се упатува кон Мариупол денеска ќе се обиде да евакуира цивили од опколениот украински град.

08:44 – Русите гранатираа два града во централа Украина соопштуваат локалните власти

Руски проектили погодија два града во централна Украина, оштетувајќи ја инфраструктурата и станбените згради, изјави гувернерот на Полтава, Дмитриј Лунин.

08:00 – Украинците тврдат дека и натаму го контролираат воздушниот простор

Украинската војска и натаму го контролира својот воздушен простор, објави командантот на воздухопловните сили Микола Олешчук.

08:58 – Кина: Не ги саботираме намерно санкциите кон Русија

Висок кинески дипломат ги отфрли толкувањата дека неговата земја намерно ги саботира санкциите кон Русија, еден ден откако лидерите на ЕУ ја предупредија Кина да не го прави тоа.

08:56 – (ВИДЕО) Зеленски: Русите при повлекувањето минираат се – куќи, опрема дури и телата на мртвите

Во ноќнo видео обраќање, украинскиот претседател Зеленски ги предупреди Украинците дека руските сили кои се повлекуваат оставаат мини во целата област, ​​вклучувајќи ги и областите околу домовите и телата што останале.

07:50 – САД нарачуваат оружје за Украина во вредност од 300 милиони долари

Американското Министерство за одбрана ќе и даде на Украина оружје во вредност од 300 милиони долари, соопшти Пентагон.

02/04/2022

22:15 – Три ракети погодиле област во близина на Одеса

Три ракети погодиле станбена област во близина на пристанишниот град Одеса во јужна Украина, изјави локалниот гувернер Максим Марченко во видео објавено на интернет.

22:00 – Блинкен ги пофали украинските заложби за дипломатија во војната со Русија

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска разговараше со министерот за надворешни работи на Украина, Димитро Кулеба, да се запознае со новонастанатата ситуација по нивната средба во Варшава, Полска, соопштија од Стејт департментот.

21:12 – УНЕСКО предупредува на шверц со украински културни добра

Организацијата на ОН за образование, култура и наука (УНЕСКО) со седиште во Париз алармираше на ризикот од недозволена трговија со украински културни добра.

19:36 – Претседателката на Европскиот парламент во посета на Киев

Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола денеска во Киев изјави дека Европејците се со Украина и ќе помогнат во обновата на градовите по завршувањето на војната со Русија.

19:16 – Црвениот крст не успеал да стигне до Мариупол

Црвениот крст соопшти дека тимот што го испратил за да ја олесни евакуацијата на илјадници цивили од Мариупол денеска бил принуден да се врати во Запорожје затоа што било невозможно да се продолжи со операцијата.

18:24 – Телефонски разговор Ердоган-Путин: Турција сака да биде домаќин на состанокот на лидерите на Русија и Украина

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин, јави агенцијата Анадолија.

18:19 – Украина и Русија разменија заробени војници

Украина денеска размени 86 војници со Русија, изјави висок претставник на официјален Киев

18:15 – Чешка ги повика руските дипломати во земјата да поднесат оставка

Во необичен потег чешкото Министерство за надворешни работи ги повика руските дипломати во земјата да поднесат оставки во знак на протест поради војната во Украина.

17:42 – Украински официјални лица: Руски војници изложени на радијација во Чернобил

Според украинските власти, руски војници биле изложени на радијација за време на нивната операција во поранешната нуклеарна централа во Чернобил.

15:12 – Шолц: Путин не е добро информиран за војната, неговите служби кријат многу

Германскиот канцелар Олаф Шолц изрази сомнеж дека претседателските советници целосно го информираат претседателот Владимир Путин за ситуацијата во Украина.

14:48 – ЕК им предлага на членките на Унијата да им дозволат на украинските бегалци да разменуваат гривни

Европската комисија денеска предложи земјите на ЕУ да им дозволат на милиони бегалци од Украина да менуваат банкноти од гривни во валутите на земјите во кои се наоѓаат.

14:43 – УНЕСКО: Поради војната во Украина, загрозено светското наследство

Десетици вредни цркви, историски локалитети и музеи се оштетени во војната во Украина, а особено загрижувачка е ситуацијата во северниот град Чернихив, соопшти УНЕСКО.

14:43 – Германија го проучува декретот на Кремљ за плаќања за рускиот гас во рубљи

Германската влада соопшти денеска дека го „испитува“ декретот на Кремљ дека плаќањата за рускиот гас сега мора да се вршат во рубљи, што ги зголеми стравувањата дека испораките ќе бидат прекинати.

14:22 – Европол испрати тимови во земјите кои граничат со Украина

Европол денеска објави дека испратила тимови во земјите што граничат со Украина во обид да ги заштити бегалците и да спречи влез на криминалци и терористи во Унијата.

14:04 – Украина: Русија загуби 17.700 војници во инвазијата

Украина ги објави најновите информации за бројот на загуби што Русија ги претрпела од почетокот на војната. Се тврди дека загинале 17.700 руски војници, а уништени се 1.751 оклопно возило.

14:00 – Руските сили се повлекуваат од Чернихив

Руските сили се повлекуваат од украинскиот северен регион Чернихив, изјави гувернерот Виачеслав Чаус.

13:38 – Украина: Бројот на загинатите во рускиот напад врз Миколаев се искачи на 28

Градоначалникот на Миколаев, Виталиј Ким изјави дека е потврдено дека во рускиот напад врз зградата на регионалната управа во тој град на југот на Украина загинале 28 лица.

13:31 – ВИДЕО: Снимка од руско складиште за гориво по нападот

Два украински воени хеликоптери утринава погодија складиште за гориво во рускиот град Белгород, откако ја минаа границата на мала надморска височина, изјави регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков.

13:29 – (ВИДЕО) Русија објави снимка: „Го уништивме украинскиот систем за противвоздушна одбрана“

Руското Министерство за одбрана објави ново видео. Тие тврдат дека го уништиле украинскиот систем за воздушна одбрана С-300.

13:23 – Кремљ: Нападите не создаваат добри услови за продолжување на мировните преговори

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека „напад врз складиште за гориво не создава добри услови за продолжување на мировните преговори“.

13:11 – Подољак: Почна нова рунда преговори со Русија

Украинскиот преговарач Михаило Подољак изјави дека почна новата рунда „онлајн“ украинско-руски преговори.

13:09 – Кобрињец: НАТО си игра со оган

Директорот на Одделението за паневропска соработка во руското Министерство за надворешни работи Николај Кобрињец изјави дека земјите-членки на НАТО доставувајќи и оружје на Украина си играат со оган.

12:58 – Кремљ најави телефонски разговор Путин – Ердоган

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков најави дека денеска телефонски ќе разговараат рускиот и турскиот претседател Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган.

12:14 – Анонимуси им се заканија на западните компании во Русија

Хакерите од Анонимус им се заканија на западните компании што продолжуваат со работа во Русија, а дел од нив уверуваат дека веќе се повлекле од земјата, дури и пред хакерската закана.

12:10 – Киев: Запрено напредувањето на руските сили

Украински владини претставници денеска изјавија дека е запрено напредувањето на руските сили во североисточните предградија на Киев и во јужниот регион Херсон.

12:04 – Лавров благодарен за објективниот став на Индија по однос кризата во Украина

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров се заблагодари на Индија за објективниот став што државата го зазела по однос кризата во Украина.

11:47 – Анкета: Мнозинството Бугари се за неутралност во однос на војната во Украина

Мнозинството бугарски граѓани сметаат дека земјата мора да ја задржи неутралноста во однос на војната меѓу Русија и Украина

10:57 – Жао: Кина го задржува независниот став за украинската криза

Кина го задржува независниот став за украинската криза, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџијан.

10:43 – Јаременко: Немаме јасна слика колку е тешка хуманитарната состојба во Украина

Украинскиот заменик министер за здравство Олексеј Јаременко денеска изјави дека ситуацијата во Украина е многу тешка и оти руските сили продолжуваат да гранатираат станбени региони и болници.

10:22 – ВИДЕО: Се појавија нови снимки од нападот на магацин во Русија, се гледаат хеликоптери

Се појавија нови снимки кои наводно покажуваат напад на складиште за нафта утрово во Белгород, Русија.

08:45 – Медведев: Русија планира да ја прошири листата на забранети производи од „непријателските“ земји

Русија размислува да не купува ништо од „непријателските“ земји и би можела да ја прошири листата на забранети производи, изјави заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев.

08:44 – Си-Ен-Ен: Како западното разузнавање води психолошка војна против Путин

Западните разузнавачки служби по руската инвазија врз Украина почнаа психолошка војна против рускиот претседател и поранешен разузнувач, Владимир Путин.

08:26 – Украина: Руските војници ограбуваа пред да се повлечат од предградијата на Киев

Продолжува делумното повлекување на руските сили од северниот дел на Киев и тие се движат кон границата со Белорусија, соопштија украинските власти.

08:12 – Руски гувернер ја обвини Украина за напад врз складиште за нафта

Регионалниот гувернер на рускиот град Белгород, Вјачеслав Гладков тврди дека со украински воени хеликоптери е извршен напад врз складиште за нафта во градот.

07:57 – МААЕ соопшти дека руските војници го напуштиле Чернобил

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека украинските власти јавуваат за повлекување на руските трупи од нуклеарната централа Чернобил.

07:37 – Морисон: Австралија ќе испрати оклопни возила во Украина

Австралија ќе испрати локално произведени оклопни возила во Украина, по барање на украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави денеска австралискиот премиер Скот Морисон.

07:35 – Трудо: Русија не може да биде конструктивен партнер во Г-20

Премиерот на Канада, Џастин Трудо синоќа изјави дека поради инвазијата на Русија врз Украина, таа земја не може да биде конструктивен партнер во Г-20.

07:34 – Повторно ќе се воспостави коридор од Мариупол до Запорожје

Руските сили соопштија дека денеска повторно ќе биде отворен коридор за евакуација на населението од опколениот град Мариупол до Запорожје.

01:05 – Британските разузнавачи тврдат дека Русија прераспоредува војници од Грузија

Британското Министерство за одбрана објави нови податоци за ситуацијата во Украина според кои Русија префрла свои сили од Грузија со цел да го зголеми интензитетот на инвазијата врз Украина.

01:02 – Телефонски разговор Драги-Шолц за санкциите против Русија

Италијанскиот премиер Марио Драги и германскиот канцелар Олаф Шолц во телефонски разговор се согласиле за важноста од задржување на санкциите против Русија, кои „се покажаа како многу ефикасни“

01:00 – Ле Дриан: Макрон планира да одржува дијалог со Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон планира да одржува дијалог со рускиот лидер Владимир Путин за да помогне во решавањето на украинската криза

00:58 – Нехамер и Шолц нагласија дека санкциите против Русија нема да се ублажат

Германскиот и австрискиот канцелар Олаф Шолц и Карл Нехамер се изјаснија против целосно ембарго за увоз на гас и нафта од Русија, но рекоа дека нема да има олеснување на санкциите.

00:56 – Путин потпиша указ за регрутирање на 134.500 млади мажи

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за пролетно регрутирање, во кое се вклучени 134.500 млади мажи, нови регрути, пренесе Бета.

00:54 – Пентагон: Првите пратки оружје и друга американска помош пристигнаа во Украина

Пентагон соопшти дека првите неколку пратки оружје и друга безбедносна помош пристигнале во Украина како дел од пакетот помош од 800 милиони американски долари одобрен од претседателот Џозеф Бајден на 16 март.

00:53 – Бела куќа: Руската инвазија е стратешка катастрофа за Русија

Директорката за комуникации на Белата куќа, Кејт Бедингфилд, рече дека САД имаат докази дека руската инвазија на Украина е „стратешка катастрофа“ за Русија.

00:41 – Зеленски: Се зголемуваат руските сили во близина на Мариупол

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва изјави дека ситуацијата на југ и во регионот на Донбас и понатаму е исклучително тешка.

00:40 – Пентагон не е сигурен дали рускиот конвој кај Киев „сè уште постои“

Пентагон денеска соопшти дека не знае дали рускиот конвој со воени возила што се приближува кон Киев, кој се протегаше на околу 65 километри, „сè уште постои во овој момент“.

00:37 – Црвен крст: Десетици илјади животи зависат од конвојот што се движи кон Мариупол

Десетици илјади цивили би можеле да бидат спасени од Мариупол доколку бидат успешно евакуирани со конвој автобуси кои се движат кон опколениот град.

01/04/2022

22:03 – Ердоган: Одлучен сум во намерата за состанок со Путин и Зеленски

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска рече дека е решен да разговара со украинскиот и рускиот лидер и да ги седне на иста маса за да се стави крај на крвопролевањето, јави агенцијата Анадолија.

21:50 – ОБСЕ изрази жалење поради руското вето за продолжување на мисијата во Украина

Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) денеска изрази жалење поради одлуката на Русија да стави вето на продолжувањето на набљудувачката мисија на ОБСЕ во Украина.

20:40 – Бајден: Путин можеби е изолиран

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин можеби е „изолиран“ и можно е дека ставил некои од неговите советници во „домашен притвор“.

19:04 – Сојузничките земји ќе испратат повеќе оружје во Украина

Велика Британија и нејзините сојузници се согласија да испратат повеќе смртоносно оружје во Украина за да и помогнат да се одбрани од рускиот напад, изјави денеска британскиот министер за одбрана Бен Волас.

17:47 – Руското МНР проширува листа на забрани за влез за лица од ЕУ

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека ќе ја прошири својата листа на личности од ЕУ на кои им е забранет влез во државата, како одговор на санкциите воведени кон Москва поради нејзините воени дејствија во Украина.

17:23 – Украинска нуклеарна агенција: Руските трупи почнаа да го напуштаат Чернобил

Руските војници кои ја зазедоа нуклеарната централа во Чернобил на 24 февруари денеска почнаа да го напуштаат комплексот и другите исклучени зони, соопшти украинската државна нуклеарна компанија Енергоатом.

16:42 – Франција повика на продолжен прекин на огнот за Мариупол

Францускиот претседател Емануел Макрон повика на продолжен прекин на огнот во украинскиот град Мариупол за да се овозможи хуманитарна помош да стигне до жителите кои имаат потреба. Рускиот повеќечасовен прекин на огнот денеска не беше доволно време да им се дозволи на заробените жители да излезат и да дојде помошта, соопшти неговиот кабинет.

16:08 – Путин потпиша одлука за регрутирање нови 134.000 војници

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска потпиша одлука според која напролет во руската армија ќе бидат регрутирани нови 134.000 војници.

15:35 – Зеленски од Белгија побара затворање на небото, Белгија одби

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, попладнево се обрати пред белгискиот федерален парламент со истото барање: НАТО да обезбеди затворање на небото над Украина, јави дописничката на МИА од Брисел.

14:36 – Столтенберг: Нема руско повлекување од Украина, НАТО очекува нови офанзивни акции

НАТО не верува во најавите на Русија дека ќе ги намали воените операции околу Киев и има информации дека не станува збор за повлекување, туку за прегрупирање, изјави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.

14:29 – Зеленски побара од холандскиот парламент да ја прекине целата трговија со Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во своето видео обраќање пред холандскиот парламент денеска побара оружје, помош за обновување и прекин на трговијата со Русија како одговор на инвазијата на неговата земја.

14:26 – Велика Британија ги прошири санкциите против Русија

Велика Британија најави нови санкции против „руските пропагандисти и државни медиуми“ против сопствениците на две телевизиски станици финансирани од Кремљ и еден истакнат водител поради инвазијата на Украина.

13:11 – Украина: Убивме 17.500 руски војници, уништивме 614 тенкови, 135 авиони…

Украина го објави најновото ажурирање на бројот на загубите што Русија ги претрпе од почетокот на војната.

13:04 – (ВИДЕО) Русија објави снимки: Уништивме цистерни, бази за гориво, убивме 60 националисти…

Руското Министерство за одбрана одржа брифинг за напредувањето на руските сили во Украина.

13:00 – Сепаратистите тврдат дека контролираат голем дел од Донбас, Кадиров: Мариупол е наш

Проруските сепаратисти во Донбас потврдија дека ја контролираат речиси целата област на Луганск и половина од Доњецк, а заземањето на таа територија во источна Украина Москва ја наведе како приоритет на својата воена операција.

12:30 – Лукашенко: Западот не успеа да го оттргне Минск од Русија

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко денеска изјави дека Западот не успеал да го оттргне Минск од Русија и дека сега „оди и чкрта со забите“.

12:28 – Украински преговарач за улогата на Роман Абрамович во преговорите

Дејвид Арахамија, шефот на украинската делегација во преговорите со Русија, позитивно ја оценува улогата на рускиот олигарх Роман Абрамович во преговорите, во прво време како „неофицијален канал за комуникација“.

12:22 – ВИДЕО: Се појавија снимки од разурнатиот Мариупол

На интернет се појавија снимки, каде може да се види обемот на уништувањето во опколениот украински град Мариупол.

11:13 – Кремљ: Русија нема да одбие средба Лавров – Кулеба

Нема да одбиеме средба на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров со неговиот украински колега Дмитро Кулеба, но разговорите помеѓу нив би требало да бидат „суштински“, соопшти Кремљ.

11:10 – ВИДЕО: Украинската армија го објави најновиот извештај за руските напади

Генералштабот на украинската армија ја објави најновата проценка за ситуацијата во Украина.

11:02 – Гугл: Руски хакери се обиделе да продрат во мрежата на НАТО

Во најновиот извештај на групата „Трет анализис“ (Threat Analysis) на Гугл (Google) се наведува дека руските хакери неодамна се обиделе да продрат во мрежата на НАТО и на армијата во некои источноевропски земји.

11:00 – Австралија ги зголемува царините за сите увозни производи од Русија и од Белорусија

Австралија ги зголемува царините за 35 отсто за сите увозни производи од Русија и од Белорусија, соопшти денеска Одделот за надворешни работи и трговија.

10:26 – Зеленски од Австралија побара нови санкции за Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на дополнителни санкции за Русија, за време на денешното виртуелно обраќање до австралиските пратеници.

09:17 – ВИДЕО: Русите објавија снимка од хеликоптери како уништуваат украински оклопни возила

Руското Министерство за одбрана објави снимка од нивните хеликоптери Ка-52 како уништуваат украински оклопни возила.

09:13 – Русите продолжуваат да го гранатираат Чернихив, автобуси на пат кон Мариупол

Русите продолжуваат да го гранатираат Чернихив и покрај најавите на Москва дека ќе ги намали воените дејствија во областа, соопшти британското разузнавање, а украинската влада објави дека автобуси се упатуваат кон опколениот Мариупол за да ги евакуираат цивилите.

09:10 – Кличко: Зеленски отпатува во Германија

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на Твитер објави дека претседателот Володимир Зеленски отпатувал во Германија на средба.

09:08 – (ВИДЕО) Украина објави снимка: Го браниме Киев и уништуваме непријателски возила

Украинската национална гарда објави видео за кое велат дека ги прикажува борбите околу Киев.

09:00 – Лондон: Најверојатно следуваат тешки борби за Киев

Најверојатно следуваат тешки борби во предградијата на украинската престолнина Киев, додека руските трупи ги задржуваат позициите источно и западно од градот, иако ограничен број единици се повлечени

08:14 – Кирби: САД ги повлече воените бродови од Црно Море

Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби изјави дека САД ги повлекле воените бродови од Црно Море.

08:11 – САД и сојузниците: Кина да се воздржи од поддршка за Москва, Русија да се држи изолирана

Заменичката државен секретар Венди Шерман синоќа разговараше со генералните секретари во министерствата за надворешни работи на Франција и на Италија Франсоа Делатре и Еторе Секуи, како и Тјорвен Белман, политички директор на МНР на Германија и Џејмс Клеверли, британски министер за Европа и Северна Америка.

08:07 – Зеленски: Руските сили подготвуваат голема офанзива во Донбас

Украинските сили се подготвуваат за нови напади во источниот дел на земјата, каде Русите го зајакнуваат военото присуство, откако претрпеа неуспеси во близина на Киев, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

08:07 – Украинско-руските преговори ќе продолжат од петок

Мировните преговори меѓу Киев и Москва ќе продолжат онлајн од петок, изјави украински преговарач, пренесува Скај њуз.

08:04 – УНХЦР не може да стапи во контакт со свои вработени во Мариупол

Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР) не е во можност да комуницира со некои од своите вработени во украинскиот пристанишен град Мариупол, изјави високиот комесар на организацијата Филипо Гранди.

08:03 – Москва за денеска најави прекин на огнот со цел да се евакуираат цивили од Мариупол

Руското Министерство за одбрана најави локален прекин на огнот од 9 часот по средноевропско време во Мариупол за да се евакуираат цивилите од градот.

08:02 – САД: Русите се многу блиску до центарот на Мариупол

Според портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, руските сили се „многу, многу блиску“ до центарот на Мариупол.

08:00 – Украинците ги обвинуваат Русите за употреба на гранати забранети со Женевската конвенција

Украинските власти ги обвинија руските сили дека истрелале фосфорни гранати врз градот Маринка во источна Украина.

31/03/2022

14:08 – Кога ќе има соодветни услови, Дендиас ќе ја предводи хуманитарната помош за Мариупол

Предлогот на шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас да ја предводи хуманитарната помош од Грција за Мариупол сè уште е на маса, меѓутоа ќе се реализира кога ќе постојат соодветни услови, а никој не во позиција да каже кога ќе биде тоа, истакна портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција Александрос Папајоану на денешниот редовен брифинг со новинарите.

14:04 – Јадранскиот нафтовод ЈАНАФ најави прекин на испораките на нафта за НИС, реакција од Србија

Јадранскиот нафтовод (ЈАНАФ) најави дека во санкциите воведени кон Русија е вклучен и договорот за транспорт на сурова нафта склучен со Нафтената индустрија на Србија, со што најави прекин на испораките на нафта за Нафтената индустрија на Србија.

13:28 – Повеќе од 10 милиони Украинци ги напуштилe домовите од почетокот на војната

Повеќе од 10 милиони Украинци ги напуштија своите домови од почетокот на војната, вклучително и повеќе од половина од детската популација во Украина, објави ОН. Од нив, 6,5 милиони луѓе се раселени во Украина, а 3,9 милиони се во соседните земји, изјави заменик-координаторот на ОН за хуманитарни прашања Џојс Мсуја.

13:27 – За Русија во преговорите со Украина нема значителен напредок

Русија не забележала ништо што би можело да влее надеж дека наскоро ќе се најде конечно решение на конфликтот во Украина, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, осврнувајќи се на вчерашните преговори во Истанбул.

13:12 – ВИДЕО: Снимка од разрушениот Мариупол направена од воздух

Украинскиот претседател вчера изјави дека руската опсада на пристанишниот град Мариупол е злосторство против човештвото. Во своето обраќање пред данскиот парламент, тој нагласи дека тоа „се случува во реално време, пред очите на целиот свет“.

13:07 – ВИДЕО: Русите објавија снимка од уништениот украински противракетен систем

Руското Министерство за одбрана објави снимка од уништениот украински ракетен систем S-300. Станува збор за противракетен систем способен да уништува воздушни цели во домет од 400 километри.

13:01 – Украина тврди дека Русите се преместуваат на исток во обид да ги заобиколат украинските сили

Олексеј Арестович, советникот на украинскиот претседател изјави дека руската армија прераспоредува дел од силите на истокот на земјата, но дека тоа е обид да се опколи украинската армија.

11:15 – Војната ќе трае додека Путин не биде мртов или уапсен вели украински пратеник

Дмитрo Наталука, пратеник во украинската Врховна Рада кој сега е дел од одбраната на Киев, изјави дека војната во Украина ќе трае се додека рускиот претседател Владимир Путин е жив или барем додека не биде уапсен.

11:02 – Видео самит Европска унија – Кина в петок

Дваесет и третиот самит ЕУ-Кина ќе се одржи в петок на 1 април 2022 година преку видео-конференција.

10:31 – На Сиријци им се нудат 5.000 фунти месечно за да се борат за Русија

На сириски борци им се нудат 5.000 фунти месечно, за да се борат на линијата на фронтот од руска страна, во војната против Украина, дознава Би-Би-Си.

10:07 – Верешчук: Постои опасност од експлозија на муниција во Чернобил

Украинските вооружени сили соопштија дека постои опасност од експлозија на муниција во нуклеарната централа во Чернобил и дека руските сили кои ја окупираа електраната мора да се повлечат од таа област, изјави денеска украинската вицепремиерка Ирина Верешчук.

09:49 – Лавров пристигна во Кина, прво се сретна со министерот за надворешни

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, утрово допатува во Кина, во прва посета откако Москва пред еден месец започна инвазија врз Украина.

09:38 – Експлозии во близина на Киев

Експлозии повторно одекнаа утринава во близина на Киев, објави британскиот јавен сервис Би Би Си.

08:44 – ВИДЕО: Потресна снимка од Ирпин, тела по улиците на градот

Украинската невладина организација „Ukrainian Witness Project“ сними видео од уништувањето во Ирпин, кое од понеделникот е под украинска контрола, и го достави до Си-Ен-Ен.

08:32 – Украина бара исполнување на пет услови ако се согласи на неутралност

Украинците веќе некое време не негираат дека се подготвени да се согласат на неутралност. Објавија што сакаат за возврат, односно какви гаранции бараат од Западот.

08:26 – Трамп го повика Путин да ги објави сите штетни информации за семејството на Бајден

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во новото интервју објавено вчера го повика рускиот претседател Владимир Путин да ги објави сите штетни информации што ги има за семејството Бајден.

08:09 – Напад на Лисичанск, регионалните власт велат има луѓе заглавени под урнатините

Градот на истокот на Украина Лисичанск бил гранатиран, а наводно биле погодени станбени блокови во тој град.

08:06 – ВИДЕО: Зеленски скептичен кон ветувањата на Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека е скептичен во врска со ветувањето на Русија за намалување на воените активности во близина на Киев и Чернихив.

08:01 – Украина: Русите не се повлекуваат туку се прегрупираат

Генералштабот на украинските вооружени сили утрово изнесе дополнителни информации за тврдењата дека Русија само ротира поединечни единици, а не ги повлекува војниците како што вети.

07:55 – САД: Москва може да апси Американци во Русија

Москва може да приведува американски граѓани во Русија, соопшти Стејт департментот, предупредувајќи ги Американците да не патуваат во таа земја.

30/03/2022

22:45 – Зеленски: Ќе верувам само во конкретни резултати од преговорите

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва ги коментираше денешните мировни преговори со Русија во Истанбул.

21:19 – Бајден: Останува да се види дали Русија ќе ги исполни ветувањата

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека останува да се види дали Русија ќе преземе некаква акција за намалување на воените операции во Украина, додавајќи дека Вашингтон и неговите сојузници ќе продолжат со силни санкции и помош за Украина.

19:38 – Телефонски разговор Макрон-Путин

Условите за спроведување хуманитарна операција што Франција ја бара за да им се помогне на граѓаните во опколеното украинско пристаниште Мариупол „во оваа фаза не се исполнети“, соопшти кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон откако тој денеска телефонски разговараше со неговиот руски колега Владимир Путин.

17:48 – Лондон инсистира на целосно повлекување на руските сили од Украина

Британската влада се огласи денеска со реакција, откако по мировните преговори во Турција, Русија соопшти дека има намера да ги намали борбените активности околу два украински града.

17:14 – Русија повлекува дел од силите околу Киев, за разузнавачите од САД тоа „голема“ промена на стратегијата

Русија почнува да повлекува дел од силите од областа околу главниот град на Украина – Киев, и за САД тоа е „голема“ промена на стратегијата од страна на Москва, изјавија за Си-Ен-Ен двајца високи американски претставници.

15:13 – Бајден денеска телефонски ќе разговара со западноевропски лидери за ситуацијата во Украина

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе оствари телефонски разговори со клучните западноевропски сојузници, со кои ќе разговара за руската инвазија врз Украина, соопшти Белата куќа.

15:03 – Преговарачите од Киев бараат „меѓународен договор“ за гарантирање на украинската безбедност

Украинските преговарачи на разговорите со Русија во Турција денеска изјавија дека бараат меѓународен договор според кој другите земји ќе служат како гаранти за безбедноста на Украина.

14:51 – Москва: Русија „радикално“ ќе ја намали воената активност во близина на главниот град на Украина

Русија денеска соопшти дека ќе ги намали воените операции во Киев и Чернигов со цел да се зголеми меѓусебната доверба и да се создадат неопходни услови за понатамошни преговори.

14:14 – ВИДЕО: Снимен моментот кога проектил ја погоди зградата на градската управа во Миколаев

Гувернерот на Миколаив Виталиј Ким објави фотографија на која се гледа огромна дупка во зградата на градската управа која утрово била погодена од проектил.

13:44 – Во Истанбул завршија преговорите меѓу делегациите на Украина и на Русија

Руските и украинските преговарачи ги одржаа првите директни разговори за ситуацијата во Украина по повеќе од две недели во Истанбул, со ненадејно присуство на рускиот милијардер Роман Абрамович

13:42 – Најмалку тројца загинати при гранатирањето во Миколаев

Најмалку три лица загинаа, а 22 се повредени кога ракета ја погоди зградата на регионалната администрација во Миколаев.

13:24 – Русија: Кибер агресијата на Западот ќе има последици

Кибер агресијата, што Западот ја започна против Русија, ќе има последици и ќе бидат утврдени нејзините извори, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

13:04 – Гроси пристина во Украина

Генералниот директор на Меѓународна агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси пристигна во Украина, каде ќе разговара за „безбедноста и сигурноста на нуклеарните постројки во земјата“, соопшти (МААЕ).

12:46 – Макрон денеска телефонски ќе разговара со Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин, соопшти Елисејската палата.

12:45 – Кремљ: Наводното труење на Абрамович е дел од „информативната војна“

Наводното труење на рускиот милијардер Роман Абрамович за време на средбите во Киев со украински мировни преговарачи претходно овој месец, нема никаква врска со реалноста, тврди Кремљ.

12:16 – Шојгу: Русија соодветно ќе одговори ако НАТО и достави авиони на Украина

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска изјави дека Москва соодветно ќе одговори ако НАТО и достави на Украина воени авиони и системи за противвоздушна одбрана.

11:37 – Русија протерува дипломати од балтичките земји

Руското Министерство за надворешни работи ги повикало денеска амбасадорите на Летонија, Естонија и Литванија во Москва за да им најави протерување на некои нивни дипломати како реципрочна мерка, објавија руските медиуми.

11:13 – ВИДЕО: Украинците тврдат дека погодиле руски тенк во Мариупол

Копнените сили на Украина тврдат дека погодиле руски тенк во Мариупол.

10:34 – Погодена управната зграда во Миколаев

Главната владина зграда во Миколаев утринава била погодена и оштетена од ракетен напад, се наведува во соопштението на Телеграм на регионалниот гувернер Виталиј Ким.

10:29 – Роман Абрамович на преговорите меѓу Русија и Украина во Истанбул

Рускиот бизнисмен и милијардер Роман Абрамович, кој беше санкциониран од Западот поради инвазијата на Москва врз Украина, присуствува на мировните преговори меѓу руската и украинската делегација во Истанбул, објави Би Би Си.

10:15 – Трас го обвини Путин за „одвратни“ киднапирања

Британската министерка за надворешни работи, Лиз Трас го обвини рускиот претседател, Владимир Путин, за користење на „одвратна тактика“ за киднапирање украински цивили.

09:51 – Воен експерт: Мариупол веројатно наскоро ќе падне

Воениот експерт Џек Ватлинг, научен соработник за копнена војна во лондонскиот одбрамбен тинк-тенк Royal United Services Institute, ја коментираше за Би-Би-Си војната во Украина.

09:46 – Украина очекува отворање три хуманитарни коридори

Украина се надева дека денеска ќе бидат отворени три хуманитарни коридори за евакуација на цивилите од опколените градови, изјави вицепремиерката на Украина, Ирина Верешчук.

09:42 – ВИДЕО: Украинците влегоа во Ирпин

Украинското Министерство за одбрана на социјалните мрежи објави снимки од влегувањето на украинската војска во Ирпин.

09:37 – ВИДЕО: Русите објавија снимка од уништување на украински оклопни возила

Руското министерство за одбрана на својот канал на Телеграм објави снимка од уништување на украински оклопни возила.

09:33 – (ВИДЕО) Ердоган им се обрати на руските и украинските преговарачи: Турција ги гледа и Путин и Зеленски како вредни пријатели

Пред почетокот на преговорите, на руските и на украинските преговарачи им се обрати турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

09:29 – Британија: Руската закана за напад на Киев останува значајна

Русија претставува значајна закана за Киев поради нејзината способност да изврши напад, иако украинските сили продолжуваат со ограничени контранапади во северозападниот дел на градот, објави денеска британската воено разузнавачка служба.

08:51 – Јапонија забранува извоз на луксузна роба во Русија и не сака да плаќа во рубљи

Јапонија најави забрана за извоз на луксузна роба во Русија од 5 април, соопшти Министерството за економија, трговија и индустрија.

08:47 – Кулеба до преговарачите: Не јадете, не пијте и ништо не допирајте

Шефот на украинската дипломатија Дмитриј Кулеба им порача на преговарачите да не јадат и да не пијат додека преговараат со Русија.

08:43 – Ракетирано место кај Харков: Има загинати, куќите се срамнети со земја

Руските вооружени сили вчера извршија ракетен напад врз североисточниот град Љуботин во областа на Харков, при што беа срушени неколку куќи, соопштија украинските власти.

08:31 – Украина: Убиени 144 деца

Вкупно 144 деца досега се убиени, а повеќе од 220 се повредени како резултат на руската инвазија, соопшти главното државно обвинителство на Украина

08:28 – Објавен нацрт-договор: „Русите се откажуваат од денацификацијата, Украина може да влезе во ЕУ“

Русија повеќе не бара Украина да биде „денацифицирана“ и е подготвена да му дозволи на Киев да се приклучи на ЕУ доколку остане воено неутрална, велат за „Фајненшл тајмс“ четири лица запознаени со преговорите меѓу Украина и Русија.

08:05 – Советот за безбедност на ОН денеска ќе расправа за хуманитарната ситуација во Украина

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе одржи состанок посветен на хуманитарната криза во Украина.

08:05 – Киев: Руската војска намерно напаѓа складишта за гориво

Руските сили продолжуваат со ракетни напади врз станбени населби низ целата земја, намерно насочени кон складишта за гориво во обид да ја „отежнат логистиката“ и „да создадат услови за хуманитарна криза“, предупреди Генералштабот на вооружените сили на Украина

08:03 – Зеленски бара од Европа да воведе нафтено ембарго за Русија

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во синоќешното обраќање до нацијата ги повика западните држави итно да ги заострат санкциите кон Русија и да воведат ембарго на нафта.

07:54 – Песков: Русија нема да употреби нуклеарно оружје поради Украина

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков во интервју за американската телевизија Пи-Би-Ес (ПБС) изјави дека Русија ќе посегне по кон нуклеарно оружје само ако нејзиното постоење е загрозено, а не поради исходот од конфликтот со Украина.

07:53 – Нов круг мировни преговори меѓу Русија и Украина во Истанбул

Истанбул денеска ќе биде домаќин на нова рунда мировни преговори меѓу Русија и Украина.

02:13 – Украинска пратеничка: Песимисти сме околу преговорите со Русија

Украинската пратеничка Ина Совсун изјави дека Украинците се песимисти за мировните преговори што треба да се одржат денеска во Истанбул.

02:13 – Портпаролот на Ердоган тврди дека барањата на Русија во однос на Крим и Донбас не се реални

Портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин изјави за Си-Ен-Ен дека барањата на Русија да ја признае нејзината анексија на Крим и независноста на регионот Донбас се „многу максималистички“ и „не се реални“.

02:12 – Членовите на украинската делегација пристигнаа во Истанбул

Членовите на украинската делегација вечерва пристигнаа во Истанбул за да учествуваат на претстојните разговори со Русија, јавиja турските медиуми.

02:12 – (ВИДЕО) Зеленски: Ирпин е ослободен, ја заземаме областа околу Киев

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинските војници повторно ја заземаат територијата околу главниот град и ја потиснуваат руската армија.

02:11 – Кличко: Од почетокот на руската инвазија во Киев загинаа повеќе од 100 цивили

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека повеќе од 100 луѓе загинале во главниот град на Украина откако Русија ја нападна Украина.

02:09 – Британските разузнавачи тврдат дека Русите испраќаат 1.000 платеници во Украина

Британската разузнавачка служба соопшти дека се очекува Русија да испрати повеќе од 1.000 платеници во источна Украина поради големите загуби.

02:05 – Ердоган ќе се сретне со делегациите на Украина и Русија пред преговорите

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган информира дека накратко ќе се сретне со украинската и руската делегација пред нивните разговори.

29/03/2022

22:59 – Руски хакери го нападнале државниот телеком на Украина

Украинската државна служба за специјални комуникации (СССЦИП Украина) соопшти дека руските сили извршиле кибер-напад врз државниот телеком Укртелеком.

21:33 – Руски медиуми тврдат дека Рамзан Кадиров е во Мариупол

Руските медиуми пренесуваат дека чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, кој е близок до Владимир Путин, пристигнал во Мариупол за да го подигне борбениот дух на неговите борци кои учествуваат во нападот на тој голем пристаништен град во југоисточна Украина.

19:59 – Лиз Трас: Украина не смее да биде продадена во преговорите со Русија

Украина не смее да биде продадена во мировните преговори со Русија, изјави денеска министерката за надворешни работи на Велика Британија, Лиз Трас.

18:53 – Мариупол е во рацете на окупаторот, соопшти градоначалникот

Градоначалникот на Мариупол Вадим Бојченко денеска изјави дека неговиот град е во рацете на руските сили по неколкунеделната опсада.

17:33 – Бајден предложи 6,9 милијарди долари за помош на Украина против Русија и зајакнување на НАТО

САД ќе потрошат 6,9 милијарди долари за да и помогнат на Украина да се одбрани од руската инвазија и да ги поддржи земјите-членки на НАТО според предлог-буџетот што администрацијата на претседателот Џо Бајден го објави денеска.

16:35 – Руската делегација пристигна во Истанбул

Руската делегација пристигна во Истанбул, каде утре со делегацијата на Украина треба да ја одржат четвртата рунда преговори.

15:26 – Истанбул домаќин на следната рунда мировни преговори за Украина

Истанбул ќе биде домаќин на следната рунда мировни преговори меѓу руските и украинските преговарачи, кои би можеле да започнат утре, изјави денеска украинскиот пратеник и преговарач Дејвид Арахамиа.

15:19 – Користењето на буквата „Z“ во контекст на руската агресија ќе се казнува во Германија

Поединци кои ја прикажуваат буквата „Z“ во Германија за да ја симболизираат поддршката за руската војна во Украина би можеле да бидат обвинети, изјави денеска портпаролот на Министерството за внатрешни работи.

15:12 – Рускиот независен весник Новаја Газета ќе престане да излегува до крајот на војната во Украина

Најтиражниот руски независен весник Новаја Газета, чиј главен уредник Дмитри Муратов минатата година беше награден со Нобеловата награда за мир, денеска објави дека го суспендира објавувањето до крајот на „воената акција“ на Москва во Украина.

15:10 – Земјите од Г7 ги отфрлаат руските барања за плаќање на гасот во рубљи

Водечките светски економии ги отфрлаат руските барања за плаќање во рубљи за увоз на гас, изјави германскиот министер за економија Роберт Хабек. Говорејќи по онлајн состанокот со министрите за енергетика на Г7, со кој тој претседаваше, Хабек рече дека министрите се согласиле дека барањата за плаќање во рубли се „еднострано и јасно прекршување на постоечките договори“.

15:05 – Лавров: Директна средба меѓу Путин и Зеленски би била контрапродуктивна

Директните разговори меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот Володимир Зеленски би биле „контрапродуктивни“, оцени рускиот министер за надворешни работи, додека делегациите се подготвуваа за разговори, чиј домаќин ќе биде Турција.

14:39 – Русија протера тројца словачки дипломати

Москва протера тројца словачки дипломати, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи, како чекор откако Братислава протера тројца руски дипломати поради шпионажа претходно овој месец.

14:38 – Европската комисија ги повлекува државјанствата на руските и белоруските државјани

Европската комисија ги повика земјите-членки веднаш да ги укинат сите постоечки шеми за добивање „златни пасоши“ и да размислат за укинување на државјанствата што им се доделуваат на руските и белоруските државјани кои се на листата на ЕУ санкционирани поради војната во Украина.

14:37 – ВИДЕО: Украинската војска објави цртан филм во кој ги исмева Русите

На Јутјуб профилот на Копнените сили на Украина е објавено анимирано видео во кое се исмејува руската армија.

14>31 – ВИДЕО: Украинците тврдат дека собoриле руски авион, објавија снимка
14:07 – Од Полска заминаа 45 руски дипломати

Протераните руски дипломати денеска ја напуштија Полска, изјави рускиот амбасадор во Варшава, Сергеј Андреев.

14:01 – Русија го додава Дојче веле на листата на странски агенти

Руското Министерство за правда ја стави германската радиодифузна компанија Дојче веле на листата на странски агенти, објавено е денеска на веб-страницата на Министерството.

13:59 – Украинците тврдат дека пропаднал уште еден обид за атентат на Зеленски

Украинскиот весник „Киев пост“ објави дека пропаднал новиот обид за атентат на претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

13:38 – Зеленски на 7 април ќе се обрати пред грчкиот Парламент

Следната недела на 7 април претседателот на Украина Володимир Зеленски, ќе се обрати пред грчкиот Парламент преку видеоконференциска врска, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

12:54 – Лавров: Русија и Украина би можеле да одржат преговори и во Белград

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска дека преговорите со Украина би можеле да се одржат во Белград и дека покрај Истанбул, каде веќе е договорена средба, тие се подготвени да разгледаат и други локации за разговори, вклучително и Белград.

12:11 – Украина: Околу 17.000 руски војници загинаа од почетокот на инвазијата

Русија загуби околу 17.000 војници од почетокот на инвазијата врз Украина, соопшти денеска Генералштабот на украинските вооружени сили.

11:26 – „Хајнекен“ заминува од Русија поради војната во Украина

Холандската компанија за пиво „Хајнекен“ денеска соопшти дека се повлекува од Русија, со што станува уште една западна компанија што ја напушта земјата поради инвазијата на Москва врз Украина.

11:25 – Околу 160.000 лица заглавени во Мариупол без греење, градоначалникот повика на целосна евакуација

Околу 160.000 лица останаа во опколениот Мариупол без греење, информираше градоначалникот Вадим Бојченко.

11:25 – Во Украина нема да се отворат хуманитарни коридори поради можни „руски провокации“

Украина денеска нема да отвори ниту еден хуманитарен коридор откако разузнавачките информации укажуваат на можни руски „провокации“ долж рутите за евакуација.

10:46 – Зеленски: Макрон се плаши од Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за списанието Економист ги коментираше земјите кои помагаат и оние за кои смета дека не и помагаат на Украина во борбата против Русија.

10:39 – Киев: Турција може да биде меѓу гарантите на нашата безбедност

Турција е меѓу земјите кои би можеле да му дадат безбедносни гаранции на Киев во рамките на каков било договор со Русија со цел да се стави крај на војната во Украина, изјави денеска заменик-шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Ихор Жовкa.

09:46 – Црвениот крст се уште нема пристап до Мариупол

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган во вчерашниот телефонски разговор со рускиот колега Владимир Путин, побара прекин на огнот и подобри хуманитарни услови за цивилите по руската инвазија врз Украина.

09:41 – Црвениот крст се уште нема пристап до Мариупол

Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) соопшти дека сè уште не е во можност да достави каква било помош во опколениот Мариупол, истовремено барајќи од Русија и Украина да гарантираат безбеден коридор до градот.

09:32 – Мицотакис на телемаратонот за Украина: Грција е на ваша страна, заедно можеме да ја запреме оваа војна

Грција е на ваша страна, заедно можеме да ја запреме оваа војна, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговата порака на меѓународниот телемаратон за поддршка на Украина.

09:33 – ВИДЕО: Русите објавија снимка од влегувањето на нивните трупи во киевскиот регион

Русија објави видео на кое се гледа како што тврди влегувањето на нејзините трупи во регионот на Киев.

09:07 – Украина бара итна истрага поради наводно злоставување на заробеници

Советникот на украинскиот претседател Алексиј Арестович вети итна истрага по појавувањето на видео на кое се гледа како украински војници пукаат во колената на мажи, кои очигледно се руски заробеници.

09:05 – Абас со критика на „двојните стандарди“ на западните земји кон Украина и Палестина

Палестинскиот претседател Махмуд Абас предупреди на „двојните стандарди“ на западните земји, кои, повикувајќи се на меѓународното право, брзо воведоа санкции кон Русија поради инвазијата на Украина, но не и кон Израел за „злосторствата“ на палестинските територии.

08:54 – Во Турција ќе се одржи нова рунда руско-украински преговори

Делегациите на Русија и на Украина ќе одржат нова рунда разговори во Турција од денеска до среда, најави еден од украинските преговарачи Давид Арахамија.

07:58 – Руските сили се повлекле од околината на Киев и од Славутуч

Украинската армија во најновиот извештај објави дека „по претрпените значителни загуби“ руските сили се повлекле од околината на Киев.

07:56 – Киев бара од ОН да ја преземат контролата врз нуклеарната централа „Чернобил“

Украина упати повик до Советот за безбедност на ОН да прогласи нукларната централа „Чернобил“ за специјална безбедносна зона.

07:53 – Зеленски: Борис Џонсон „помага повеќе од другите лидери“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги пофали британскиот премиер Борис Џонсон и Велика Британија за нивниот одговор на руската инвазија.

07:52 – Киев тврди дека Русија распоредува ракетни системи „Искандер“ во Белорусија

Руската армија подготвува нови ракетни напади врз Украина и тоа од мобилни лансирни рампи во Белорусија, тврди Генералштабот на украинската армија.

07:51 – ВИДЕО: Зеленски во преговорите нема да отстапи од два приоритети

Претставниците на Русија и на Украина ќе се сретнат во нова рунда разговори. Доаќин на преговорите ќе биде Турција.

Хронологија на руско-украинскиот конфликт од 21 до 27 март.

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски