Украинската национална гарда објави видео за кое велат дека ги прикажува борбите околу Киев.
„Единиците на Националната гарда на Украина продолжуваат да го бранат Киев и да ја уништуваат непријателската опрема. Гардистите од првите денови на целосната инвазија на руските трупи се активно вклучени во одбраната на Киев во сите правци. Во правец на Киев нашите артилериски единици уништија две самоодни артилериски единици, ракетни фрлачи и неколку десетици непријателски оклопни и други возила“, велат тие.